Спорт
Македонија има потенцијал кој претходно го докажала. Милевски верува дека вечер играчите ќе го дадат својот максимум!
Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе се сретне со Белгија во третото квалификациско коло за Светското првенство. Пред натпреварот што ќе се игра во Скопје, селекторот Благоја Милевски и капитенот Енис Барди се обратија на прес-конференција.
– Селекторот Милевски истакна дека е свесен за квалитетот на белгискиот тим, кој долги години е меѓу најдобрите во Европа. Сепак, според него, Македонија има потенцијал и претходно докажала дека може да се носи со силни противници. Тој верува дека ако играчите го дадат својот максимум, може да се постигне добар резултат. Милевски додаде дека јуни традиционално е тежок период за тимот, но атмосферата и пристапот на фудбалерите овојпат му влеваат оптимизам.
– Иако неколку играчи се под знак прашалник поради повреди – како Алими, Димоски и Трапановски – тој се надева дека ќе бидат подготвени да настапат. Важно е, рече, да се смени менталитетот и физичката подготвеност да биде на повисоко ниво.
Капитенот Барди, пак, изрази уверување дека тимот е подготвен да се соочи со силниот ривал. Според него, играњето на домашен терен е голема предност, и секој играч треба да ја преземе својата одговорност. Тој нагласи дека иако Белгија е фаворит, фудбалот е непредвидлив и Македонија има квалитет и искуство да изненади. Барди повика на заедништво и максимална ангажираност, бидејќи тимската игра секогаш носела резултати, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Дополнително предмалку ФФМ исто така истакна важна информација, истата гласи вака:
Важни ИНФОРМАЦИИ за сите НАВИВАЧИ на МАКЕДОНИЈА во пресрет на вечерашниот натпревар против Белгија на Националната арена „Тодор Проески“!
Ве повикуваме сите да пристигнете навреме и да ја поддржиме нашата репрезентација!
Вратите се отвораат во 18:45 часот. Дојдете порано за да избегнете метеж и навреме да си го заземете вашето место.
Лица со жолти маички ќе ги проверуваат / скенираат билетите на влезот.
Подгответе ги однапред за побрза и полесна проверка.
На билетите се наведени предметите кои не се дозволени за внесување.
Ве молиме почитувајте ги правилата за ваша и заедничка безбедност.
Понесете го вашето знаме или шал и сите заедно да ја обоиме арената во црвено-жолто и да навиваме за Македонија!
Спорт
(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години загуби на домашен терен во Струмица од своите врсници со резултат 0:2. Резултатот гостите го отворија уште во 6-тата минута, додека вториот погодот беше реализиран во второто полувреме во финишот на мечот, односно во 80-тата минута од натпреварот.
– Селекторот Влатко Колев може да биде задоволен од прикажаната игра, иако пријателскиот меч беше со негативен резултат, затоа што од она што го видовме на терен момците покажаа карактер и верба, се разбира и мотив, додека пријателските контролни мечеви се токму еден тест за големите очекувања.
Претходниот контролен меч кој се играше пред 2 дена во Турново, заврши со резултат 1:1, каде стрелец на единствениот гол од слободен удар беше охриѓанецот Давид Лиотоски
Да потсетиме, нашето момче од Кичево, Стефан Војчески кој ги брани боите на „АП Брера“ од Струмица одигра одлични 45 минути, исто така беше дел и од претходниот меч.
Спорт
(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години од 12ч го игра својот втор контролен меч против Русија.
Првиот меч заврши без победник, односно 1:1. Стрелец на голот за нашата селекција беше одличниот Давид Лиотоски, додека нашиот кичевчанец Стефан Војчески одлично се покажа. Поради тој факт, денес сме присутни и очекуваме уште подобра подготвеност.
Натпреварот во живо проследете го во продолжение:
Спорт
Дриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации
Во рамки на денешниот ден нашите момчиња од „ФК Кичево“ одиграа првенствени натпревари во детската лига. Најголемо внимание предизвика натпреварот помеѓу двете талентирани генерации од 2014 година против екипата на „ФК Влазрими“. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Дамјан Спасеноски од слободен удар, после низа пропуштени шанси.
Свој натпревар одигра и генерацијата 2016/2017 која што за прв пат со големи амбиции се натпреварува оваа година. Во овој натпревар им подадовме рака на противниците за подобрата игра, стрелец на голот за нашата екипа беше Тадеј Станковски.
* Нашите најмали надежи од 5 и 6 години исто така одиграа фудбалски натпревар за пофалба. Таму стрелецот на голот беше Јован Дојчиноски
Во прилог погоре, се поставени фотографии од генерација 2014, на „ФК Кичево“ преку нашиот објектив. Додека останатите фотографии од другите генерации ќе бидат објавувани на официјалната фан страница од ФК Кичево и нивниот инстаграм профил во текот на денешниот и утрешниот ден.
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (16 ноември)
-
Скопје1 денЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
-
Спорт2 денаДриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации
-
Спорт13 часа(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
-
Временска прогноза1 денОд вторник следува промена на времето во Македонија
-
Хороскоп2 часаХороскоп за понеделник (17 ноември)
-
Спорт6 часа(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
-
Временска прогноза1 часПопоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд











