Спорт
(ФОТО) Македонија до 16 години загуби во вториот контролен меч против репрезентацијата на Словенија, но нивната игра ветува многу во иднина на чело со селекторот Начевски

Денес во рамки на вториот контролен натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и соодветната селекција на Словенија мечот заврши со 0:4 за гостинската екипа. Селекторот на Македонија У16 – Драган Начевски проба со различна формација, односно променет тим, со цел согледувајќи ја играта на новите играчи од клупата, кои искрено не беа лоши, доколку и среќата беше на нивна страна. Во првиот состав Начевски даде „деби“ шанса и на момчето, кое доаѓа од нашето поднебје, Стефан Војчески (18), за кого нацијата допрва ќе гледа, убедени сме.
Натпреварот го водеше Бардил Ибраими, му помагаа одличната двојка, Осман Зеќири и Имран Абази, додека четврт судија беше искусниот Иле Никодиноски. По првите 45 минути, сведоци бевме на многу неискористени шанси, па гостите тоа го искористија и погодија брзи 2 голови, додека не искористивме и пенал. Првиот голман на Словенија ја прочита намерата на Андреј Цветковски (10) и го одбрани ударот од белата точка, каде требаше да ја отвориме играта, така што во вториот дел од натпреварот гостите ги искористија речиси сите шанси, а запаметен ќе биде и ударот од корнер каде атрактивно во 51-та минута гостите ја искористија мешаницата пред голот и постигнаа погодок за 0:3, гол кој мора да признаеме наликуваше на оној на Артим Шаќири против Англија во гости пред полни 18 години. На крај во 80-та минута Словенија по една брза акција го постигна и конечниот 4-ти погодок за финални 0:4.
За потсетување првиот контролен меч нашите момчиња го добија со 2:0, додека денешниот меч селекторот сигурно ќе го искористи за увид на позициите, тимската работа на момчињата за конечно во иднина овие надежи да заблескаат со многу подобра игра, бидејќи целта на контролните натпревари е токму тоа.
Инаку во ложата на Фудбалската федерација на Македонија ги забележавме познатите арбитри на постарите генерации, како и првиот човек на македонската „А“ репрезентација, Благоја Милевски
Во продолжение неколку фотографии преку нашиот објектив:
Натпреварот кој беше емитуван во живо, може да го проследите во продолжение на официјалниот јутјуб канал од ФФМ:
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Македонија9 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје2 дена
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за вторник (1 јули)
-
Lifestyle2 дена
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро
-
Lifestyle2 дена
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!
-
Хроника2 дена
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро