Спорт
Македонската фудбалска репрезентација до 18 години во одличен меч оствари убедлива победа против Естонија
Младата репрезентација на Македонија до 18 години во одличен меч оствари убедлива победа со 3:0 над соодветната селекција на Естонија во рамките на второто коло од силнот меѓународен турнир во турска Анталија.
Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа еден квалитетен натпревар, сигурен, со дисциплинирана игра и голема желба за победа. Естонија беше надиграна во сите сегменти на овој натпевар.
Извонреден на овој натпревар беше Алтин Алији кој ги постигна сите три погодоци за Македонија.
Првиот гол нашиот фудбалер го постигна во 36. минута од средбата по голема иницијатива на нашата репрезентација. Алтин Алији во 58. минута, со својот втор погодок го зголеми водството за својата селекција, а третиот погодок го постигна во 74. минута од средбата.
Нашите млади фудбалери покрај трите погодоци, пропуштија уште неколку иззгледни можности за погодок.
Македонија: Спаско Ахтаров, Габриел Крстевски, Андреј Љубевски, Нуман Ајетовиќ, Адриан Незири, Давид Ристовски, Матеј Гаштаров, Никола Манојлов, Алтин Алији, Веби Ислами, Стефан Младеновски

Додека младата репрезентација на Македонија до 19 години загуби со 2:0 од соодветната селекција на Швајцарија во натпреварот од 2. коло од мини квалификацискиот турнир (Елитна фаза) за пласман на Европско првенство. Избраниците на селекторот Тони Јакимовски имаа свои шасни на овој натпревар, но реализацијата изостана. Противникот одигра тактички одличен меч, без да остават поголем простор за игра на нашите офанзивни фудбалери. Никола Величковски, Лорик Каба и Мартин Ѓоргиевски беа играчи кои најчесто се закануваа по голот на Швајцарија.
По еден гол беше постигнат во двете полувремиња. Капитенот Жуниор Луке ја донесе Швајцарија во предност од 1:0 во 12. минута, искористувајќи го невниманието на нашите фудбалери. Македонија во првиот дел се трудеше, но тешко наоѓаше простор да се закани по голот на одличниот противникот.
Во продолжението од средбата, во 80. минута Стојилевски во својот шеснаесетник направи прекршок на противнички игра, а главниот судија досуди пенал. Сигурен од белата точка беше Ромео Бенеј , кој ги постави конечните 2:0.
Мини – квалификациски турнир (Елитна фаза), тренинг центар „Петар Милошевски”;
Репрезентации до 19 години;
1. коло;
Македонија – Швајцарија 0:2 (0:1);
МАКЕДОНИЈА: Петар Јакимов, Андреј Велков, Ѓорѓе Џеков, Марко Стојилевски, Лорик Каба, Адриан Зенделовски, Мартин Ѓорѓиевски, Димитар Данев, Андреј Аризанкоски, Теодор Николовски, Никола Величковски
Резерви: Љупче Џеков, Лорик Мухтари, Даниел Марковски, Зани Назифи, Давор Серафимов, Валон Алији, Хакија Цаноски
Селектор: Тони Јакимовски
Во вториот натпревар од денешната програма, на стадионот во Ѓорче Петров, селекцијата на Украина ја забележа втората победа во овој квалификациски циклус, славејќи над Летонија со 3:0.
Во последното трето коло, Швајцарија и Украина во директен дуел ќе одлучуваат за првото место и кој ќе се пласира на Европското првенство. Македонија против Летонија ќе се обиде да ја оствари првата победа во оваа Елитна фаза квалификации.
Спорт
Ако не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?
Реал Мадрид по поразот од Селта Виго со 0:2 на домашен терен во „Примера дивизион“ минатата недела, при што беа доделени и два црвени картони, по тој пораз, Барселона остана на лидерската позиција со четири бода предност, а ситуацијата на клупата на Реал се комплицира, со најава дека тренерот Алонсо може да биде отпуштен уште оваа недела.
Според информации од Шпанија, во понеделник беше свикан итен состанок во Мадрид за да се разгледа моменталната ситуација со Алонсо и неговиот тим. Како што пренесува „Марка“, натпреварот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите ќе биде одлучувачки за иднината на тренерот.
Во случај на пораз, Алонсо ќе биде отпуштен, но ако Реал извојува победа, неговиот мандат ќе продолжи.
🚨🚨 BREAKING: If Real Madrid lose against Man City, Xabi Alonso will be FIRED.
Decision made. @marca pic.twitter.com/jJ5onRSuW3
— Madrid Zone (@theMadridZone) December 8, 2025
Реал Мадрид ќе игра против Сити на домашен терен в среда во 21 часот, а голем интерес ќе предизвика тоа како ќе реагираат играчите и дали ќе успеат да бидат мотивирани и покрај нарушената атмосфера во соблекувалната оваа сезона.
– Инаку, Алонсо го презеде тимот ова лето, а најголемо внимание привлече поради неговиот напнат однос со Винисиус Жуниор. Управувањето со Реал и контрола на соблекувалната не е лесна задача, а чини се дека тоа е најголемиот предизвик за Алонсо, кој, и покрај напорите, не успеа да постигне одлични резултати.
Во јавноста веќе се споменуваат имињата на Зинедин Зидан и Јорген Клоп како потенцијални наследници на Алонсо, но повеќе детали ќе се знаат ако се случи промена на тренерската позиција.
Спорт
Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика официјално беше назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу младинските екипи на Нант и Макаби Хаифа до 19 години. Средбата ќе се одигра на стадионот од Нант, 10 декември 2025 год во Франција и носи огромно значење бидејќи победникот обезбедува пласман во следната фаза од елитното европско натпреварување. Главен судија ќе биде Christos Vergetis.
Првиот дуел беше одигран на стадионот „Ѓирмот / Gyirmóti“ во Унгарија, истиот заврши со минимална победа на Макаби Хаифа од 1:0, што дополнително ја зголемува неизвесноста пред реваншот во Франција. Лика ќе има важна задача – да придонесе натпреварот да мине во фер и спортска атмосфера, каква што налага европската фудбалска сцена.
– „Секое меѓународно судење за мене е вистински предизвик и чест. Тоа е признание за мојата работа и мотивација постојано да се подобрувам. Особено е престижно чувството кога се носиш со арбитража на мечеви што ги следи цела фудбалска Европа“, за Порта.мк истакна Лика во пресрет на големата средба.
Назначувањето за ваков тип на натпревар уште еднаш потврдува дека македонските фудбалски судии успешно чекорат кон европскиот врв, претставувајќи достоинствено како себе, така и својата земја. Претходно Давор Цветаноски беше дел од мечот „Австрија Виена – Макаби Хаифа“, додека Зоран Јанкулоски, заедно со Лика беа дел од натпреварот помеѓу екипите на „Nordragota – Викингур“
Порта.мк со поддршка за кичевските арбитри кои високо котираат во својата професионална фудбалска кариера!
Спорт
Благоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на кој му заврши договорот како предводник на македонската селекција, преку ФФМ истакна интегрално соопштение и се заблагодари за досегашната соработка. Неговото обраќање пред јавноста гласеше вака:
– Искрено сакам да упатам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до сите нејзини претседатели Илчо Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини и Масар Омерагиќ кои од 2014 година наваму обезбедуваа стабилни услови и поддршка, што овозможија да се испишат значајни страници во историјата на македонскиот фудбал.
Посебно признание должам на актуелниот претседател Масар Омерагиќ за неговата континуирана, јасна и несебична поддршка во изминатиот период. Таквите темели се клучни за секој професионален процес да функционира сигурно и доследно во спортот, но и пошироко.
Горд сум на нашите фудбалери. Нивната трудољубивост, борбеност и силна волја ни донесоа резултати што долго ќе се паметат. Тие вистински го претставија духот на Македонија, а тоа ме исполнува со искрена гордост.
Голема благодарност упатувам и до мојот стручен штаб, како и до медицинскиот и логистичкиот тим, за нивната професионалност и беспрекорна соработка. Секој од нив си ја извршуваше задачата тивко, прецизно и посветено, како дел од тим што мора да функционира усогласено за да успее.
Навистина беше чест да ја предводам репрезентацијата и да бидам дел од овој колективен напор. И понатаму ќе останам со тимот со внимание, поддршка и почит, заврши Милевски.
Извор: ФФМ
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево1 денНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Хороскоп18 часаХороскоп за среда (10 декември)
-
Кичево1 денКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Временска прогноза1 денЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија2 денаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија1 денНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Свет2 денаТлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени
