Спорт
Македонската репрезентација до 17 години поразена од Србија, додека повозрасните одиграа нерешено со Унгарија
Репрезентацијата на Македонија до 18 години и на вториот контролен натпревар против Унгарија во Ѓер одигра нерешено 2:2.
Двете селекции отворено го започнаа натпреварот, тоа резултираше со брз гол на домашните фудбалери уште во шестата минута од средбата. Стрелец на погодокот беше Даниел Наџи Колозвари.
Македонија успеа да погоди за израмнување во 33. минута со голот што го постигна Бесар Гуџуфи. Две минути подоцна нов погодок за нашата млада селекција. Никола Павлевски погоди за пресврт и предност од 2:1. Одигравме одлично прво полувреме, бевме подобар противник и заслужено имавме предност.
Во продолжението, унгарците одиграа многу подобро, нашата репрезентација се повлече, но не успеа да го одбрани водството. Репрезентацијата на Унгарија со погодок во 80. минута успеа да го изедначи резултатот преку Бенце Фабиан и да ги постави конечните 2:2.
Најдобрата можност за нас во вториот дел ја имаше Бесар Гуџуфи, но за жал не беше прецизен.
Унгарија до 18 години – Македонија до 18 години 2:2 (1:2)
Македонија: Васко Василев, Никола Павлески, Марко Ристов (Христијан Поп – Антовски 65’), Борјан Попоски (Давид Љусев 73’), Енис Буќи, Матеј Ангелов (к), Матеј Ѓорѓиев (Давид Дебрешиловски 53’), Бесар Гуџуфи, Игор Јаневски (Марко Тренески 65’), Максим Милошевски, Атдхе Кадриу (Ерион Шуку 53’);
Резерви: Ерион Шуку, Марко Тренески, Марко Софијаноски, Наум Ангелов (Г), Христијан Поп – Антоски, Хамза Меметриза, Арбнор Мурати, Давид Љусев, Давид Дебрешлиовски;
Првиот меч заврши со резултат 1:1.
Што се однесува до репрезентацијата до 17 години, таа загуби со 5:0 од селекцијата на Србија во рамки на последниот натпревар од турнирот што се ораганизираше во Скопје за фудбалери до 17 години.
Високиот пораз е нереален и не ја отсликува вистинската слика за играта на двата тима.
Промашивме пенал, досуден пенал за противникот од сомнителна ситуација при 0:0, погодивме пречка и статива, а не реализиравме уште неколку добри шанси.
Србија поведе со 1:0 во 24. минута преку Мирко Николашевиќ. Нашиот голман Стојановиќ го одбрани досудениот пенал, но одбиената топка Николашевиќ ја смести во мрежата. Истиот фудбалер стрелаше прецизно и во 60. минута за зголемување на предноста на 2:0.
Најдобрата шанса ја имавме кога Богдановски ја погоди пречката по центаршут на Јаневски, а во 68. минута статива на Ѓоргиевски по удар од 20-на метри. Во 70. минута, Ѓорѓиевски не успеа да реализира пенал.
Две минути подоцна Матеа Бубањ зголеми на 3:0. Во 84. минута пенал за Србија, Александар Станковиќ беше сигурен од белата точка и зголеми на 4:0. Конечните 5:0 ги постави Стефан Џоџиќ во последната минута од средбата.
Македонија до 17 години: Давид Стојановиќ, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Матеј Јаневски, Мартин Ѓорѓиевски (к), Адриан Зенделовски, Никола Манојлов, Кире Стојанов, Мухамед Елмас , Зани Назифи;
Резервни фудбалери: Самоил Талевски, Бехар Серани, Симеон Здравковски, Анес Мелиќи, Хадис Таири, Давид Саботковски, Амир Нухија, Азис Јамини, Александар Богдановски, Енес Фидани; Селектор: Тони Јакимовски
Македонија на првиот натпревар од подготвителниот турнир триумфираше со 2-1 против Кипар.
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
Спорт
Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември
Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор на Национални репрезентации, Николче Новески раководител на скаутинг-службата на ФФМ, Агим Ибраими член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски потпретседател на ФФМ (присутен online), денеска одржа работен состанок.
На средбата разгледана била актуелната состојба во националниот тим, потребите за претстојниот квалификациски циклус и профилот на тренер кој е неопходен за унапредување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска селекција.
Членовите на Комисијата според ФФМ дебатираа на конструктивна дискусија заснована врз стручни параметри, систем на работа, долгорочна стратегија, модел на развој на играчите и стремеж кон резултатска стабилност. Во процесот на избор посебен акцент бил истакнат на потребата од тренер кој добро ги познава домашните фудбалски токови, го разбира потенцијалот на македонските фудбалери и може да внесе јасна тактичка визија и дисциплина во репрезентацијата.
Комисијата ќе го достави својот предлог македонски стратег кој, според направените анализи, ги исполнува утврдените критериуми. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.
Фудбалската федерација на Македонија останува посветена на професионален и транспарентен процес, со цел изборот на новиот селектор да обезбеди квалитетна и стабилна работа на македонската А-репрезентација.
Извор: ФФМ
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Кичево2 дена(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Кичево20 часаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Временска прогноза1 денВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Хороскоп10 часаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Македонија17 часаОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Спорт1 денРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија1 денОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
