Спорт
Македонската репрезентација до 17 години поразена од Србија, додека повозрасните одиграа нерешено со Унгарија
Репрезентацијата на Македонија до 18 години и на вториот контролен натпревар против Унгарија во Ѓер одигра нерешено 2:2.
Двете селекции отворено го започнаа натпреварот, тоа резултираше со брз гол на домашните фудбалери уште во шестата минута од средбата. Стрелец на погодокот беше Даниел Наџи Колозвари.
Македонија успеа да погоди за израмнување во 33. минута со голот што го постигна Бесар Гуџуфи. Две минути подоцна нов погодок за нашата млада селекција. Никола Павлевски погоди за пресврт и предност од 2:1. Одигравме одлично прво полувреме, бевме подобар противник и заслужено имавме предност.
Во продолжението, унгарците одиграа многу подобро, нашата репрезентација се повлече, но не успеа да го одбрани водството. Репрезентацијата на Унгарија со погодок во 80. минута успеа да го изедначи резултатот преку Бенце Фабиан и да ги постави конечните 2:2.
Најдобрата можност за нас во вториот дел ја имаше Бесар Гуџуфи, но за жал не беше прецизен.
Унгарија до 18 години – Македонија до 18 години 2:2 (1:2)
Македонија: Васко Василев, Никола Павлески, Марко Ристов (Христијан Поп – Антовски 65’), Борјан Попоски (Давид Љусев 73’), Енис Буќи, Матеј Ангелов (к), Матеј Ѓорѓиев (Давид Дебрешиловски 53’), Бесар Гуџуфи, Игор Јаневски (Марко Тренески 65’), Максим Милошевски, Атдхе Кадриу (Ерион Шуку 53’);
Резерви: Ерион Шуку, Марко Тренески, Марко Софијаноски, Наум Ангелов (Г), Христијан Поп – Антоски, Хамза Меметриза, Арбнор Мурати, Давид Љусев, Давид Дебрешлиовски;
Првиот меч заврши со резултат 1:1.
Што се однесува до репрезентацијата до 17 години, таа загуби со 5:0 од селекцијата на Србија во рамки на последниот натпревар од турнирот што се ораганизираше во Скопје за фудбалери до 17 години.
Високиот пораз е нереален и не ја отсликува вистинската слика за играта на двата тима.
Промашивме пенал, досуден пенал за противникот од сомнителна ситуација при 0:0, погодивме пречка и статива, а не реализиравме уште неколку добри шанси.
Србија поведе со 1:0 во 24. минута преку Мирко Николашевиќ. Нашиот голман Стојановиќ го одбрани досудениот пенал, но одбиената топка Николашевиќ ја смести во мрежата. Истиот фудбалер стрелаше прецизно и во 60. минута за зголемување на предноста на 2:0.
Најдобрата шанса ја имавме кога Богдановски ја погоди пречката по центаршут на Јаневски, а во 68. минута статива на Ѓоргиевски по удар од 20-на метри. Во 70. минута, Ѓорѓиевски не успеа да реализира пенал.
Две минути подоцна Матеа Бубањ зголеми на 3:0. Во 84. минута пенал за Србија, Александар Станковиќ беше сигурен од белата точка и зголеми на 4:0. Конечните 5:0 ги постави Стефан Џоџиќ во последната минута од средбата.
Македонија до 17 години: Давид Стојановиќ, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Матеј Јаневски, Мартин Ѓорѓиевски (к), Адриан Зенделовски, Никола Манојлов, Кире Стојанов, Мухамед Елмас , Зани Назифи;
Резервни фудбалери: Самоил Талевски, Бехар Серани, Симеон Здравковски, Анес Мелиќи, Хадис Таири, Давид Саботковски, Амир Нухија, Азис Јамини, Александар Богдановски, Енес Фидани; Селектор: Тони Јакимовски
Македонија на првиот натпревар од подготвителниот турнир триумфираше со 2-1 против Кипар.
Спорт
(ВИДЕО) Кичевчанецот Драган Силјаноски официјално го презеде кормилото на македонската фудбалска репрезентација до 21 година
Кичевчанецот Драган Силјаноски, поранешниот македонски репрезентативец и официјално е назначен за директор на репрезентацијата на Македонија до 21 година.
Во својата долгогодишна кариера настапуваше за повеќе македонски фудбалски клубови (кичевски Напредок, Победа, Слога Југомагнат и Шкендија), а како интернационалец кариерата ја мина во белгиски Антверпен, каде што остана да работи и по завршувањето на играчката кариера.
По долгогодишната фудбалска работа во Белгија, Силјаноски сега ќе биде директор на младата селекција која веќе на 21. март ја очекува нов квалификациски меч во циклусот за ЕП против селекцијата на Гибралтар.
– Навистина сум возбуден и почестен што се приклучувам на Фудбалската федерација на Македонија како нов спортски директор на репрезентацијата до 21 година.
– Оваа селекција, според мене, ја има клучната улога во обликувањето на иднината на нашиот репрезентативен фудбал. Тоа го потврдува блиското минато и се разбира сегашноста, ако го гледаме составот на најдобрата македонска репрезентација.
– И како фудбалер, но и како човек од фудбалот, секогаш сум бил посветен на зајакнување на односите меѓу сите во тимот, се со цел да се искористи потенцијалот за да се направи добар резултат. Се надевам дека со моето искуство ќе донесам некоја нова динамична енергија и во репрезентацијата до 21 година.
– Тесно ќе соработуваме со нашиот тренерски потенцијал, административниот тим и клучните луѓе во федерацијата за да се осигура дека фудбалерите ќе ја добијат поддршката и се што им е потребно за да напредуваат на теренот и надвор од него, за медиумите истакна Силјаноски
Спорт
(ФОТО) Фудбалски викенд за „ФК Кичево“, многу надигрувања и возбудливи моменти
Во рамките на детската лига се одиграа два натпревари против екипата на „Ускана“ од Кичево. Во генерацијата 2012 „ФК Кичево“ беше поразен со резултат 4:2, додека генерација 2014 одиграа без победник, резултат 2:2.
Во генерацијата 2012 стрелци на головите за нашата екипа беа Китаноски Љубиша и Јовановски Кирил, исто така двата погодоци за генерација 2014 ги постигнаа Павел Петрески и Давид Мицески
Исто така овој ден беше искористен и за еден пријателски натпревар кај најмладите помеѓу „ФК Кичево“ и „ФК Ускана“ кој заврши со резултат 2:2. Таму стрелци на головите беа Јаков Данилоски и Мартин Билбиловски
Предмалку заврши и последниот првенствен натпревар во регионалната лига во генерација 2009 каде се сретнаа екипите на „ФК Кичево“ и „ФК Ускана“, истиот заврши со резултат од 1:1. Стрелец за нашата екипа беше Стефан Војчески од белата точка.
– Игор Николаевски – тренер на „ФК Кичево“: Одличен фудбалски ден за нашите момчиња, одигравме неколку натпревари со нашите пријатели од „ФК Ускана“, честитки за сите фудбалерчиња кои покажаа фер плеј и престиж, несомнено во иднина ќе бидат големи фудбалски имиња.
Спорт
Фудбалската репрезентација на Македонија до 15 години загуби минимално од Хрватска, додека Македонија до 18 години се сели на „Анталија Куп 2024“
Репрезентацијата на Македонија до 15 години загуби со минимални 1:0 од соодтветната селекција на Хрватска во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.
Хрватите единствениот погодок на денешниот меч го постигнаа во 18. минута. Македонија најдобрата прилика ја имаше преку Стојковски на почетокот на второто полувреме, но неговиот удар со фантастична одбрана го скроти домашниот голман. Исламовиќ беше најзапазен и најопасен наш играч кој неколку пати успеа сериозно да се закани по голот на Хрватска.
Првиот контролен натпревар помеѓу овие селекции заврши со победа на Хрватска од 4:0.
Македонија: Антонио Атанасов, Бленди Љачка, Мартин Џангаровски, Матеја Масев, Фадиљ Исламовиќ, Јаков Стојковски, Андреј Цветковски, Матеј петков, Ердин Мамути, Сонер Ракипи, Лука Грчевски
Додека пак младата репрезентација на Македонија до 18 години во периодот од 18 до 27 март ќе биде учесник на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″, кој ќе се одржи во Анталија, Турција.
На силниот меѓународен турнир, покрај нашата селекција учество ќе земат и младите репрезентации на Молдавија, Естонија и домаќинот Турција. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ во склоп на јакиот турнир ќе одиграат три натпревари на кои ќе се темпира нашата форма.
Сите натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот во склоп на хотелот „Bellis Deluxe”. Првиот меч го играме со Молдавија , на 20 март со почеток во 16. часот. Во вториот натпревар се среќаваме со селекцијата на Естонија, на 23 март во 18. часот. Три дена подоцна, на програмата е третиот дуел против домаќинот Турција. Мечот е закажан за 18. часот.
Селекторот Вујадин Станојковиќ за претстојните предизвици се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Славе Вргов А.П. Брера
Амар Хаџибулиќ Работнички
Спаско Ахтаров Беласица
ОДБРАНА:
Нуман Ајетовиќ Новаци
Габриел Крстевски Пелистер
Бојан Ивчески Победа
Андреј Љубевски Работнички
Адриан Незир Арминија Билефелд, Германија
СРЕДЕН РЕД:
Никола Манојлов Работнички
Матеј Гаштаров Црвена Звезда, Србија
Давид Ристовски А.П. Брера
Милот Синани Арау, Швајцарија
Максимилиан Димитријевски Борусија Минхенгладбах, Германија
НАПАД:
Веби Ислами Шкендија
Давид Матески Силекс
Кристијан Ѓорѓиевски Македонија Ѓ.П.
Јован Постолов А.П. Брера
Стефан Младеновски Црвена Звезда, Србија
Андреј Силјаноски Пелистер
Тарик Демишкоски Македонија Ѓ.П.
Давор Лефковски Вардар
Алтин Алији Македонија Ѓ.П.
На списокот ги нема Анес Мелиќи, Андреј Велков и Мухамед Елмас. Сите тројца се повикани во репрезентација на Македонија до 19 години која ќе биде домаќин на мини турнирот во рамките на Елитната рунда квалификации за пласман на Европско првенство.
Исто така и младата репрезентација на Македонија до 16 години во следниот период ја очекуваат два контролни натпревари против соодветната селекција на Австрија.
Контролните средби ќе бидат одиграни на 20 и 23 март во Бад Тацмансдорф, Австрија.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 16 години, Раде Каранфилоски за овие дуели се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Антониј Трајковски Работнички
Александар Трајков А.П. Брера
ОДБРАНА:
Мартин Талевски Олимпија
Мартин Џангаровски А.П. Брера
Ристе Стоилов А.П. Брера
Матео Кесиќ А.п. Брера
Лука Варошаноски А.П. Брера
Дени Османовски Малме, Шведска
Оливер Марковски Хелсинборг, Шведска
Бленди Ганиу, Шкупи
СРЕДЕН РЕД:
Лорен Џаку Воска
Давид Ангелевски Пелистер
Блерон Бајрами Вардар
Александар Грашески Њу Старс
Душан Бојовиќ Заев Вардар
Габриел Талески А.П. Брера
Ненад Дамјановски Домжале, Словенија
НАПАД:
Флорент Османи Шкендија
Дамјан Буцевски Вардар
Стефан Бранковски Марибор, Словенија
Матеј Сејменов А.П. Брера
Петар Крстевски Виенер Спорт, Австрија
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (18 март)
-
Спорт15 часа
(ВИДЕО) Кичевчанецот Драган Силјаноски официјално го презеде кормилото на македонската фудбалска репрезентација до 21 година
-
Магазин2 дена
Следните три хороскопски знаци го немаат зборот „извини“
-
Кичево4 часа
(ГАЛЕРИЈА) По повод светскиот ден на „Рециклирањето“ вечерва најмилите од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево со голема радост реализираа „Модна ревија“
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за вторник (19 март)
-
Македонија2 дена
На подрачјето од СВР Охрид ноќеска биле извршени засилени сообраќајни контроли за алкохол, изречени се низа санкции
-
Автомобили2 дена
Кинеска автомобилска компанија бележи продажен пораст на возила во февруари
-
Магазин14 часа
Италија инвестира 1 милијарда евра во вештачка интелигенција