Спорт
Македонската репрезентација до 21 година поразена од БиХ на контролниот меч во Коњиц
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/06/20240606102800.webp)
Младата репрезентација на Македонија до 21 година загуби со 2:1 од соодветната селекција на Босна и Херцеговина во контролен натпревар одигран Коњиц. Противникот во 10. минута преку Јагањац дојде до предност. Во 72. минута Бистриќ зголеми на 2:0. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски во 90. минута преку Адеми го намалија водството на противникот.
Нашите млади фудбалери во овој јунски циклус одиграа и контролен дуел против силната Полска на кој успеаа да остварат триумф со 2:1, информираат од ФФМ.
Спорт
(ВИДЕО) „Азурите“ во 98-мата минута ја клекнаа на колена Хрватска, само теоретски шанси ќе бидат спас за „коцкестите“
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/06/croatia-2.png)
„Азурите“ до бод стигнаа во осмата минута од судиското надополнување, со голот на Матија Закањи. Се чинеше дека голот на Лука Модриќ во 54. минута ќе биде доволен за победа, но тоа е фудбалот сепак актуелните европски шампиони не мислеа така.
Шпанија продолжува како прва со девет бодови, Италија е втора со четири, Хрватска е трета со два, додека Албанија е последна со еден бод. Избраниците на Златко Далиќ ја имаа контролата на почетокот на натпреварот, а првиот обид сосема коректен го имаше Лука Сучиќ веќе во петтата минута.
Малку по малку Италијанците влегоа во противничката половина, а на Доминик Ливаковиќ најпрво му се закани Матео Ретега, кој го прескокна Јошко Гвардиола и шутираше широко. Набрзо, Николо Барела како на чинија го искористи Алесандро Бастони, кој шутираше само со глава, но Ливаковиќ направи фантастичен, рефлексен одбран.
Уште на стартот на вториот дел Хрватска поведе, а стрелец беше Лука Модриќ со што стана најстариот стрелец во историјата на ЕУРО. Се започна со досудениот пенал за Хрватите по играњето со рака на Давиде Фратези по ударот на Андреј Крамариќ.
Модриќ ја презеде одговорноста, но истата ја прочита Џанлуиџи Донарума, на радост на „азурите“. Тоа не траеше долго, бидејќи само четириесет секунди подоцна Модриќ ја затресе мрежата на Донарума по отфрлање и удар на Анто Будимир.
Од тој момент Италија почна да го опсадува голот на Хрватска, а првата во низата прилики и полуприлики ја имаше Бастони, кој повторно не упати доволно добро со глава, овојпат по корнер. „Ватрените“ добро се бранеа, но Закањи ги растажи „Коцките“ во осмата минута од судиското надополнување.
Според работите, само теоретски се шансите хрватите да останат во игра.
Спорт
Женската A репрезентација на тренинг камп во Бугарија
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/06/20240624220840.jpeg)
Женската фудбалска репрезентација на Македонија ќе одржи тренинг камп во Банско, Бугарија во периодот од 26. Јуни до 3. Јули 2024.
Тренинг кампот е подготовка за престојните квалификациски натпревари со Летонија на 12. септември во Скопје и со Словенија четири дена подоцна на гостински терен.
Список на повикани фудбалерки од селекторот Александар Андов:
Голмани:
Берна Каначки – Карсон, УСА
Викторија Пачурува – ЖФК Тиверија
Кристина Павловска – ЖФК Шкенфија
Миа Петровска – ЖФК Бохум Германија
Одбрана:
Ане Бошевска – ЖФК Тиверија
Павлинка Николовска – ЖФК Луботен
Викторија Надева – ЖФК Тиверија
Галабовска Теона – ЖФК Тиверија
Кристина Мојсоска – ЖФК АСС Унитед
Елена Панеска – ЖФК Каменица Саса
Ихмите Лимани – ЖФК СВ Веинберг 67, Германија
Среден ред:
Катерина Петкова – ЖФК Истатов
Радица Велкова – ЖФК Каменица САСА
Хава Мустафа – ЖФК Шкендија
Александра Марковска – ЖФК Љуботен
Симона Мајер – Макаби, Израел
Ленче Андрееска
Елена Петревска – ЖФК Љуботен
Наташа Андонова – ЖФК Леванте, Шпанија
Напад:
Илза Максути – ЖФК АСС Јунајтед
Бојана Петкова – ЖФК Љуботен
Лора Сулејмани – GPSO 92, Франција
Веса Села – ЖФК АС Јунајтед
Спорт
ФФМ категорично го осудува однесувањето на албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2023/01/ffm-kukja-na-fudbalot.jpg)
Ја изразуваме нашата длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлинд Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската држава по завршување на вчерашниот натпревар Хрватска – Албанија од Европското првенство.
Однесувањето е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух и меѓусебното почитување што ги промовира фудбалот.
Спортот, особено фудбалот е основа за здржување на луѓето од различна национална припадност и средина за соработка и почит.
Националистичката реторика, сепак, ги поткопува овие принципи, поттикнувајќи поделба и непријателство меѓу навивачите и општествата.
Принципите на политичка неутралност се вградени во регулативите на меѓународните асоцијации како што се ФИФА и УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија за ваквото скандалозно однесување ќе прати официјален допис до УЕФА.
Го повикуваме фудбалерот на Албанија, Мирлинд Даку јавно да се извини за своето однесување, препознавајќи ја штетата што ја предизвика.
Исто така, ги повикуваме релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти.
Нашата посветеност за промовирање единство, почит и фер игра во спортот останува на прво место, истакна во интегрален текст за јавноста, Фудбалската федерација на Македонија
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (27 јуни)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за петок (28 јуни)
-
Кичево20 часа
„Турнир во мал фудбал“ с.Вранештица – Кичево, традиција, спорт, дружење и одличен амбиент. Од денес официјално започнува пријавувањето на екипите, биди дел!
-
Кичево17 часа
(ФОТО+ВИДЕО) Предмалку ТППЕ Кичево изгаси пожар кон кичевско Раштани, опожарена беше сува трева
-
Временска прогноза11 часа
Од утре по свежо, пред нас стабилен викенд без врнежи од дожд со температури до 30 степени, ова се метео вестите..
-
Скопје2 дена
Ја уценувал девојката доколку не му даде пари ќе објави компромитирачки видеа
-
Lifestyle21 час
Зошто сонот е суштински за вашето здравје: науката зад спиењето
-
Магазин2 дена
SpaceX започнува со продажба на Mini Starlink