Македонија
Македонски Телеком и Дојче Телеком ќе донираат парични средства за семејствата на загинатите и повредените
Во овие тешки времиња за целата нација, Македонски Телеком и Дојче Телеком ја изразуваат својата солидарност со донација од 6 милиони денари на фондот на Црвениот крст на Македонија, наменет за помош и поддршка на семејствата на загинатите и повредените.
Длабоко жалиме за младите изгубени животи во трагедијата во Кочани и сочувствуваме со нивните семејства и најблиски.
Нашите мисли се со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување, истакнаа во интегралното соопштение за јавноста, преку нивниот официјален профив на социјалните мрежи – Телеком.
Македонија
Телефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
Ивица Попоски од Охрид се бори со тешка хронична болест на бубрезите „стадиум 5“ и оди на хемодијализа од 2016 год. Поради итна операција и лекување во Турција, потребна му е финансиска помош за да може да ја извојува најважната битка за здравствена состојба.
Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство. Сега сме најважни за нашиот другар кој често доаѓаше и има своја фамилија во Кичево.
Ве молиме, доколку сте во можност, да му помогнеме на Ивица во неговата борба за живот.
Донации може да се уплатат на:
Трансакциска сметка Комерцијална Банка 300017121388653 на име „Ivica Poposki“
Девизна сметка 02-307-0699762.3
Број за донација Телеком: 143107
Број за донација А1: 143474
Извор: охриѓани (facebook)
Македонија
Пријави за навивачи на мечот помеѓу Силекс и Шкупи за пораки и скандирања со навредлива содржина
На 10.11.2025 на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс“ од Кратово и ФК „Шкупи“ од Скопје, полициски службеници од ОВР Кратово констатирале прекршоци од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.
Имено, за време и по завршување на натпреварот, констатирано е дека С.Ч.(31), С.Д.(28), Д.И. (29), М.Т.(28), С.П.(27) и Т.К.(45), сите од Кратово, недолично се однесувале и извикувале пораки и скандирања со навредлива содржина.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, известуваат од МВР.
Македонија
СВР Охрид: Зачестија лажни телефонски јавувања за изнуда на пари за наводно случени сообраќајни незгоди, апел до граѓаните да не наседнуваат на такви телефонски повици
СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори. Притоа, тие им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да не оди во затвор и да биде ослободен од кривичен прогон.
Aпелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112 или лично во најблиската полициска станица.
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување и документирање на ваквите пријавени настани, информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
-
Кичево1 денНа градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
-
Кичево2 дена(ФОТО) Д-р Александар Јовановски денеска со свеченост ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево, „За мене како што знаете поделбите не постојат, ќе продолжиме напред заедно“
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (11 ноември)
-
Македонија10 часаТелефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
-
Хороскоп9 часаХороскоп за среда (12 ноември)
-
Здравје и убавина2 денаДомашен напиток од свежи билки против болки во Бубрезите од бубрежните камења
-
Спорт2 денаАталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ
-
Временска прогноза23 часаОд утре целосна стабилизација на времето ширум Македонија, ова се деталите
