Кичево
Манастир Пресвета Богородица Пречиста – Kичевска Коњаница и оваа година учествува на „Илинденски марш 2022 година“
Како и претходните години, така и оваа година „Манастир Пресвета Богородица Пречиста Кичевска Коњаница“, зема учество во Илинденскиот Марш. Коњаницата веќе 8 години го опфаќа Кичевско – Демир Хисарскиот регион и тоа: Манастирско Доленци, Србјани, Кичево, Другово, Пополжани, Видрани, Брждани, Свињишта, Козица, Прострање, Велмевци, Илинска планина, Смилево, Слепче, Демир Хисар, Журче, Острилци, Крушево.
Самиот Кичевско – Демир Хисарски реон е и еден од најреволуционерните реон во Илинденскиот период, каде се и првите никулци на Македонската Револуционерна Организација со револуционерната посветеност на Ѓакон Јосиф, од Пречистанскиот Манастир – Кичево и на даскалите во селските училишта кои ја подигале свеста кај младите за ропството кое го трпи Македонија.

Оттука е, ѝ идеата за формирање на Кичевската Коњаница во 2015 година. Претходно возобновена од Кичевската Пешадија, која членувала во манифестации за чествување на Илинден уште пред осамостојувањето на Македонија. Кичевската Коњаница годинава по осми пат учествува на Илинденскиот Марш, кој трае од 31 до 2 Август (Илинден) во Крушево.
Иако именувана како Кичевска Коњаница, во неа членуваат членови од: Демир Хисар, Охрид (Дебрца), Битола, Вевчани, Скопје, Крушево, Гостивар, Ресен и Кичево. Сето тоа укажува на амбиентот во коњаницата, односно на братската врска помеѓу членовите.
„Манастир Пресвета Богородица Пречиста Кичевска Коњаница“, својот пат братски го дели со „Мавровско-Горнореканската Коњаница“, со која од 2016 година, па така секоја наредна, заедно учествуваат во марш-рутата кон Крушево.
Двете Коњаници од 27 до 31 Јули ќе поминат приближно 200 километри јавајќи на коњи. Ќе поминат предели кои се достапни само пеш или на коњ и ќе видат недопрена природа, која чиниш, секоја година чека на нив…
АГЕНДА НA МАНАСТИР ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ПРЕЧИСТА КИЧЕВСКА КОЊАНИЦА
27 Јули (Среда)
07:00 Света Божествена Литургија во Манастир Пресвета Богородица Пречиста
09:30 Полагање на Света Заклетва во дворот на Манастир Пресвета Богородица Пречиста
14:00 Здружување со Мавровско-Горнореканската Коњаница каде двете коњаници ќе продефилираат низ Булевар „Ослободување“ во Кичево, од каде ќе се упатат кон црквата
„Св. Апостоли Петар и Павле“, за благослов од Свештениците на Кичевската Парохија.
17:30 По благословот во градскиот храм во Кичево. Коњаниците преку селата Другово, Пополжани, Видрани, Брждани, Свињишта, пристигнува во селото Козица.
20:30 Пристигнување во село Козица, каде ќе биде организиран пречек на комитите со жива музика и прекрасен амбиент.
28 Јули (Четврток)
07:00 Вториот ден од маршот. Коњаниците го започнуваат, тргнувајќи од селото Козица, преку Белички Рид, кон село Белица.
08:30 Пристигнување во село Белица, во црквата „Свети Ѓорѓија“.
10:30 Тргнување од село Белица, преку селото Прострање, комитите се упатуваат кон селото Велмевци, каде ќе се поклонат пред вечното почивалиште на јунаците: Јордан Пиперката, Кузман Тодороски, Милош Тодороски, Ѓорѓи Бошкоски.
20:00 Пристигнување на манастир „Свети Илија“, на падините на Илинска планина.
29 Јули (Петок)
07:00 Утрото на 29ти, коњаниците од манастир „Свети Илија“, на падините на Илинска планина, преку прекрасните предели на Илинска планина, се упатуваат кон село Смилево
20:00 Пристигнување во манастир „Свети Петар и Павле“ во село Смилево, каде ќе биде организиран пречек на комитите со жива музика и прекрасен амбиент.
30 Јули (Сабота)
07:00 Коњаниците утрото на 30ти, од манастирот “Свети Петар и Павле“, ќе се упатат кон селото Слепче, а оттука ќе го продолжат патот кон крајната дестинација во саботата.
10:30 Пристигнување на манастир Свети Јован Претеча во село Слепче, оттука коњаниците се упатуваат кон градот Демир Хисар, каде ќе продефилираат низ градот
13:00 Пристигнување во градот Демир Хисар и пречек во општина Демир Хисар. Оттука коњаниците својот пат ќе го продолжат кон село Журче, каде и вечерта ќе преноќат
20:30 Пристигнување во село Журче, каде ќе биде организиран пречек на комитите со жива музика и прекрасен амбиент.
31 Јули (Недела)
09:00 Последниот ден од марш-рутата е на 31 Јули, каде тргнувајќи од село Журче, коњаниците се упатуваат кон градот Крушево каде ќе се задржат до Илинден, односно до 2ри Август. Кога и завршува овогодинешниот „Илинденски Марш 2022 година“, но претходно посетувајќи го селото Острилци
11:30 Пристигнување во село Острилци
16:30 Пристигнување во градот Крушево
17:00 Приклучување на дефилето во градот Крушево, со сите коњаници кои учествуваат во
„Илинденски Марш 2022 година“.
1 и 2 Август (Илинден)
Сите коњаници учествуваат на манифестацијата „Илинденски Марш“, до 2ри Август, Илинден. Кога се упатуваат кон Мечкин Камен и каде е генералната прослава за чествување на Илинденското Востание.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ИЛИНДЕН!
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Кичево
(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
Кога станува збор за квалитет, разновидност и секогаш свежи производи, пиљара „Бамби“ е вистинскиот избор за секој дом. Фирма посветена на своите потрошувачи повеќе од 20 години во Кичево. Тука ќе пронајдете секогаш свежо и замрзнато овошје и зеленчук, внимателно одбрани апетисани, богат асортиман на прехрамбени производи, освежителни пијалоци. „Бамби“ нуди и кетеринг намирници, свежи печурки и уште многу други производи кои го прават секое купување лесно и пријатно.
Посебно внимание исто така посветуваат на млечните производи, кои се чуваат во посебен фрижидер, секогаш уредно, свежо и лесно достапно за купувачите, затоа што квалитетот и хигиената им се на прво место.
Што се однесува до овој период од годината, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, „Бамби“ подготви и празнични пакетчиња за сите дечиња, исполнети со квалитетни и внимателно одбрани продукти, идеален начин да се измамат детски насмевки и празнична радост.
Пиљара „Бамби“ се наоѓа на улица „Борис Кидрич“ бр. 17 и работи од понеделник до сабота, со работно време од 08:00 до 22:00 часот.
Посетете ја пиљара „Бамби“ уште денес и бидете дочекани со насмевка, љубезност и брза услуга, дојдете и уверете се зошто „Бамби“ е омиленото место за купување во градот, секогаш свежо овошје и зеленчук, врвен квалитет и најпристапни цени.
Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно! 🍎🥦
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Кичево
Внимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента
СВР Охрид ја информира јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, за Порта.мк соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Кичево
Среќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
На 17.12.2025 во 16:40 часот на улица „Ужичка Република“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го пронајдоа 12-годишното дете, за кое претходно неговите родители пријавија дека се оддалечило од семејниот дом.
Малолетникот е предаден на неговите родители, за јавноста предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево17 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза16 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Македонија1 денЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Култура2 денаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (18 декември)
-
Хороскоп7 часаХороскоп за петок (19 декември)
-
Македонија19 часа„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!













