Следете не

Спорт

Манчестер Сити е првиот финалист по победата на реваншот против PSG, победникот од вечерашниот меч ќе биде противникот во големото финале

Објавено пред

на

Фудбалерите на Манчестер Сити се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, бидејќи и вчера вечер го победија PSG на реваншот. По 2:1 во Париз, тие остварија 2:0 на реваншот во Манчестер, додека стрелец беше Ријад Махрез во 11 и 63 минута.

PSG го заврши натпреварот со играч помалку, бидејќи Анхел Ди Марија беше исклучен во 69. минута. Вториот финалист ќе биде познат по денешниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Челзи.

Првиот дуел меѓу двата тима заврши нерешено 1:1.

За информација повеќе, големото финале во Лигата на шампионите ќе се игра на 29 мај во Истанбул.

ФОТО: Manchester City | Facebook

Спорт

Медведев и Качанов елиминирани во четвртфиналето на тенискиот турнир во Хертогенбош

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Рускиот тенисер Данил Медведев беше елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Хертогенбош, откако загуби од Американецот Рајли Опелка, кој е 87-ми на АТП листата. Натпреварот заврши во два тајбрејка – 6:7, 6:7 – и траеше еден час и 38 минути. И покрај борбата, ниту еден од двајцата не успеа да направи брејк.

Опелка доминираше со 24 аса, додека Медведев имаше седум поени директно од свој сервис. Во полуфиналето, Опелка ќе игра против победникот од мечот меѓу Белгиецот Зизу Бергс (63) и Естонецот Маркус Љал (195).

И другиот руски претставник, Карен Качанов, не успеа да стигне до полуфинале. Тој загуби од Канаѓанецот Габриел Дијало, кој е 55-ти на светот, со резултат 6:7, 4:6. Мечот траеше еден час и 53 минути. Качанов, 24-ти на светската листа, успеа да направи еден брејк, но Дијало возврати со два брејка и вкупно 19 аса, наспроти седумте сервис-поени на Качанов.

Дијало во полуфиналето ќе се соочи со Французинот Уго Ембер (20), кој убедливо го победи Португалецот Нуно Борхес (38) со 6:1, 6:4.

Прочитај повеќе...

Спорт

Белгискиот интернационалец Кевин Де Брујне е новото засилување на италијанскиот фудбалски клуб „Наполи“

Објавено пред

на

©porta.mk

Белгискиот фудбалер Кевин Де Брујне е ново засилување на италијанскиот клуб Наполи, кој официјално го потврди неговото доаѓање. Де Брујне, кој има 33 години, последната деценија ја мина во Манчестер Сити, каде одигра 422 натпревари, постигна 108 голови и забележа 177 асистенции.

Со Сити ја освои Лигата на шампионите во 2023 година, како и шест пати Премиер лигата. За репрезентацијата на Белгија има 111 настапи и 31 гол. Во текот на својата кариера играше и за клубовите Генк, Вердер Бремен, Челзи и Волфсбург.

Наполи неодамна стана шампион во италијанската Серија А, освојувајќи ја титулата по четврти пат во својата историја.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Аргентинецот Мастантуоно ги заврши медицинските тестови во Мадрид, наскоро се очекува официјално претставување во кралскиот клуб

Објавено пред

на

ФОТО: Vienna Reyes @ Unsplash.com

Франко Мастантуоно успешно ги заврши медицинските тестови во Мадрид, а неговиот трансфер во еден од најголемите светски клубови – Реал Мадрид – наскоро ќе стане официјален. Овој млад и перспективен аргентински фудбалер потпиша шестгодишен договор со „кралскиот клуб“, откако само една сезона блескаше во дресот на Ривер Плата.

Со своите настапи, Мастантуоно покажа дека има потенцијал за големи достигнувања – неговата игра остави силен впечаток уште на самиот почеток на кариерата.

Благодарение на неговите одлични настапи, тој веќе доби шанса да игра за аргентинската репрезентација, за која неодамна дебитираше. Реал Мадрид не се двоумеше да плати 45 милиони евра за да го донесе во својот тим.

Иако потпиша со шпанскиот гигант, Мастантуоно најпрво ќе настапи за Ривер Плата на Светското клупско првенство, по што ќе се приклучи на Реал. Договорот е валиден до 2031 година.

Погледнете за каков профил на фудбалер станува збор:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт27 минути

Медведев и Качанов елиминирани во четвртфиналето на тенискиот турнир во Хертогенбош

Рускиот тенисер Данил Медведев беше елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Хертогенбош, откако загуби од Американецот Рајли Опелка, кој е...

Свет33 минути

Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа...

Спорт5 часа

Белгискиот интернационалец Кевин Де Брујне е новото засилување на италијанскиот фудбалски клуб „Наполи“

Белгискиот фудбалер Кевин Де Брујне е ново засилување на италијанскиот клуб Наполи, кој официјално го потврди неговото доаѓање. Де Брујне,...

Хроника7 часа

Лице на 76-годишна возраст пронајдено починато во дебарско, претходно бил пријавен за исчезнат

Вчера во 18.15 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во с.Велебрдо, општина Маврово и Ростуше, на место викано...

Македонија10 часа

Возел мотор со 2,02 промили алкохол во крвта и удрил деветгодишно дете

На 12.06.2025 во 17.30 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш. Во 14.45 часот...

Хороскоп21 час

Хороскоп за петок (13 јуни)

ОВЕН Доколку се занимавате со приватен бизнис, пред вас е период кој носи мало олеснување. Може да се каже дека...

Македонија1 ден

МВР: Бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција, се преземаат...

Скопје1 ден

Пожар на депонија е причината поради што нема електрична енергија во Општина Аеродром

РЦУК – Скопје, известува дека БППЗ од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина...

Македонија1 ден

Бигорскиот Манастир преку соопштение упати срдечни честитки на новоизбраниот Митрополит и молитвени благопожелби за богоблагословено архипастирско служење

На денешната редовна седница на целосниот состав на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, за нов...

Македонија1 ден

Започнува Ипа вело викендот „На точак, Охрид и Струга да видам“ и рекреативна вело тура Охрид-Струга-Радожда

Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, утре 13 јуни, започнува Ипа вело викендот „НА ТОЧАК, ОХРИД И СТРУГА...

НАЈЧИТАНИ