Следете не

Спорт

Медведев без пораз до полуфиналето на АТП финалето

Објавено пред

на

Рускиот тенисер Данил Медведев вечерва го победи Италијанецот Јаник Синер со 6:0, 6:7, 7:6 во последниот натпревар од Црвената група на завршниот турнир во Торино.

Бранителот на трофејот натпреварувањето во Црвената група го заврши без пораз, додека Синер забележа победа и пораз, откако го замени повредениот Матео Беретини.

Заедно со Медведев, од оваа група во полуфиналето се пласираше и Германецот Александар Зверев, кој претходно денеска го совлада Полјакот Хуберт Хуркач.

Медведев во полуфиналето ќе игра против Андреј Рубљев или Каспрер Руд, додека Зверев за противник ќе му биде најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.

ФОТО: IGfotojonas

Спорт

Левандовски: Се надевав дека Лео Меси ќе биде искрен, но..

Објавено пред

на

Роберт Левандовски, голгетерот на тимот на Баерн, призна дека е разочаран што не ја добил Златната топка, која Франс Фудбал и годинава му ја додели на Аргентинецот Лионел Меси.
Овој потег разочара многу фанови бидејќи сметаа дека Левандовски треба да ја понесе титулата најдобар.

Репрезентативецот на Полска го слушнал Меси како вели дека Роберт требало да ја добие наградата, но признава дека сето тоа му било тешко.

Се чувствувам тажно. Не можам да го сокријам. Не можам да кажам дека сум среќен, напротив. Сè уште го имам тоа чувство на тага. Да се ​​биде толку блиску, да се натпреварувам со Меси… Секако дека го почитувам како игра и што постигнал. Едноставниот факт дека можев да се натпреварувам со него ми покажува до кое ниво успеав да стигнам. Не сум ентузијаст кога е во прашање освојувањето на наградата за 2020 година – вели Левандовски.

Во врска со изјавата на Меси, тој рече дека се надева дека ќе биде искрен.

Би сакал таа изјава на Лео да беше искрена и од срце, да ја посочи кон друг голем играч, дека не се само празни зборови – заврши Левандовски.

Меси по седми пат го доби признанието, оддалечувајќи се за две титули во однос на Кристијано Роналдо, на вечната листа на лауреати.

Од друга страна, Левандовски мораше да се утеши со наградата за најдобар напаѓач на годината.

Извор: vesti-online.com
Фото: printscreen/video youtube

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Селекторот Милевски упати моќна порака во кампањата на УЕФА

Објавено пред

на

Здравјето и благосостојбата се од фундаментално значење за спортот. Во својата нова кампања, УЕФА заедно со националните асоцијации ги промовира придобивките и важноста од активниот и здрав начин на живот.

Селекторите на репрезентациите ширум Европа ги повикуваат младите да ги следат најдобрите тактики за здрав живот: Да практикуваат повеќе спорт, да јадат здрава храна, да го ограничат или избегнуваат алкохолот, да не пушат и да одржуваат рамнотежа помеѓу работата и животот.

Благоја Милевски, селекторот на македонската А репрезентација прати своја порака во кампањата на УЕФА.

„Да избереме активности кои ја стимулираат нашата физичка и ментална сила!”

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Поим за фер плеј, им дозволија на противникот да постигнат гол

Објавено пред

на

И тоа се случува во фудбалот. Во третолигашки меч домашната екипа постигна гол на среќа во истиот момент кога фудбалерот за врска дава сигнал за повреда, така што гостите речиси и да застанаа со игра.

За фер плеј и момент за почит, домаќините ги пуштија гостите да го вратат голот.

Целата ситуација видете ја во прилогот на Спорт Клуб.

Фото: printscreen/video

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 3 часа

На денешен ден: 9 декември

1594.- Роден е шведскиот крал Густаф Адолф, голем војсководец, воен и државен реформатор. Тој успешно ги заврши војните со Данска,...

ХороскопПред 6 часа

Дневен Хороскоп (9 декември) – четврток

ОВЕН Водете сметка да не бидете сам себеси најголем непријател. Лесно може да се впуштите во кредити или позајмици. Партнерот...

МагазинПред 17 часа

Мал пад на цените на криптовалутите од утрово

Пазарот на криптовалути изгуби 0,2 отсто од вредноста во последните 24 часа, па според податоците на веб-страницата Коингеко, капитализацијата денес...

СветПред 17 часа

Кина има најмногу новинари во притвор во светот

Кина е земјата со најмногу новинари во притвор во светот, според новиот извештај на Репортери без граници. Најмалку 127 новинари...

СветПред 17 часа

Инвестициите во европските технолошки стартапи на рекордно ниво

Новиот извештај покажува дека стартапите во европскиот технолошки сектор се повеќе привлекуваат инвеститори со рекордно ниво на инвестиции оваа година,...

ЗанимливостиПред 17 часа

Јапонскиот милијардер стана првиот руски турист во вселената

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава денеска полета до Меѓународната вселенска станица (ISS) во својот прв вселенски лет. Руското вселенско летало Сојуз,...

СветПред 17 часа

ОМИКРОН ВО 57 ЗЕМЈИ Супермутантот се шири низ светот, предупредува СЗО: „Се очекува хоспитализацијата да се зголеми“

Сојот на корона вирусот омикрон е пријавен во 57 земји ширум светот, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во неделен извештај...

Временска прогнозаПред 18 часа

Најнови метео вести, викендов дестабилизација на времето..

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и...

КултураПред 22 часа

Денеска го празнуваме Свети Климент Охридски, наш најголем просветител и учител.

Денеска го празнуваме Свети Климент Охридски, наш најголем просветител и учител. Свети Климент Охридски македонски светец и еден од учениците...

На денешен денПред 1 ден

На денешен ден: 8 декември

1542.- Родена е Мери Стјуарт, шкотската кралица, која подготвила заговор против англиската кралица Елизабета I. 1626.- Родена е шведската кралица...

НАЈЧИТАНИ