Временска прогноза
Ништо од топло и сончево во мај, вакво време нè очекува до крајот на месецот
Под влијание на влажна и СВЕЖА воздушна маса од север, се до крајот на оваа, како и во почетокот на следната недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно СВЕЖО за овој период од годината со потпросечни температури на воздухот. Ќе има и повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет.
Од утре, па во деновите потоа ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во почетокот на следната седмица ќе има и локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наутро температурите на многу места ќе се спуштаат и под 10 степени, а максималните дневни температури на воздхот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, а во југоисточните предели истите повремено ќе се искачуваат и до 20 степени.
Во Скопје и околината исто така продолжува променливото време со повремени врнежи од дожд. Од утре ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, а температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 18 степени.
За Африканска топлина и понатаму ќе се изначекаме. Засега нема на видик таков топол бран месецов, како што доликува за овој период од годината. Постојат некои услови дека и до самиот крај на месец мај да не очекуваме никаков Африкански топлотен бран.
Пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер
Уште од самиот почеток на следната седмица судејќи според понатамошните нови излези на прогностичките модели ни следува нова голема промена на времето. Ќе бидеме под влијание на нов циклон со центар над Џенова и истиот ќе условува следната седмица да имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер.
Од она што во моментов можам да го кажам за јавноста е тоа дека ќе наврне големо количество на дожд во текот на следната седмица во Македонија. Сепак и покрај ова ќе бидеме под влијание на јужно воздушно струење и сето ова ќе услови да имаме температури над просекот за месец ноември.
Се на се, овие врнежи кои ги најавувам за следната седмица и тоа како може да создаваат проблеми и поплави во регионот, а можни поројни локални поплави се можни и во нашата држава, информира утрово Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре целосна стабилизација на времето ширум Македонија, ова се деталите
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса од утре (среда 12 ноември) па се до крајот на оваа недела во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко а наутро ќе биде и значително поладно поради разведрувањето со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до околу или за неколку степени под нулата па така на повеќе места во нашата Македонија очекувам појава на утрински мраз и на слана.
Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени. Во Скопје и околината ќе имаме слично време во погоре споменатиот период. Наутро ќе биде значително поладно со температура која ќе се спушта близу 0 степени а преку ден максималната температура ќе се искачува до околу 15/16 степени.
Да напомнеам дека во ноќните и во претпладневните часови по котлините и по речлните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност која ќе условува и намалена видливост, односно локално маглата ќе биде и доста густа. Токму поради ова апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, токму поради очекуваната густа магла по котлините и по речните долини, известува Славчо Попоски, најпознатиот метеороголот од Македонија.
Временска прогноза
Од денес до вторник нашиот регион ќе биде застапен со повремени локални врнежи
Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денес па се до вторник (11 ноември) во Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец (до околу 60 км/час).
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и со услови за појава на грмежи. Ќе дува повремено засилен до силен ветер од југоисточен правец (до околу 60 км/час).
За време на оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен).
Што се однесува до температурите, тие нема да бидат многу ниски и ќе бидат околу или малку над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, информира Славчо Попоски
-
Кичево1 денОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (12 ноември)
-
Македонија2 денаТелефони во рака, да му помогнеме на нашиот другар Ивица Попоски од Охрид, треба да оди итно на операција во Турција
-
Хороскоп14 часаХороскоп за четврток (13 ноември)
-
Македонија22 часаНов случај на сообраќајна несреќа помеѓу тмв и електричен тротинет во Битола, констатирани биле тешки телесни повреди
-
Здравје и убавина1 денНаправете дома природен „Витамин Ц“ напиток
-
Магазин1 денВашиот WhatsApp станува неосвоив – новата функција целосно ги блокира непознатите контакти
-
Временска прогноза4 часаПопоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер
