Следете не

Хороскоп

Месечен Хороскоп (јануари 2024)

Објавено пред

на

ОВЕН

Работа – Пред вас е малку потежок месец, полно со искушение што се однесува до работата и работната атмосфера. Бидете внимателни во комуникацијата со колегите и партнерите, бидејќи во вашето опкружување постојат луѓе кои само чекаат на некоја ваша грешка, или било што, што би можело да се нарече грешка. Не дозволувајте никој да ве изманипулира, измами и натера да направите нешто што не би требало да го направите бидејќи би можело да се употреби како аргумент против вас. Не им верувајте ниту на оние кои добро и долго ги познавате.

Љубов – Се` што треба да биде, ќе биде одлично бидејќи Уран ви донесува мир и стабилност во љубовта. Секако, секоја врска ја прават убава и оние помалку убави работи, такашто во текот на месецот ќе имате мали несогласувања со партнерот, но се` ќе се реши онака како што вие би сакале. Овој месец ќе имате помош од ѕвездите во решавањето на сите љубовни проблеми. Слободните Овни во Новата година треба да влезат ослободени од сите предрасуди, особено предрасудите кои ги имаат кон луѓето, поради што моментално се слободни.

Здравје
 – Првиот здравствен совет е нешто што сте го слушнале повеќе пати, но обидете се сега да го сфатите сериозно – за сите проблеми кои ќе се појават консултирајте се до доктор. Не си дозволувајте себеси овој месец ништо да не ве мачи.

БИК

Работа – Овој месец не можеме да го сметаме за сериозен период на планови, па и вас ве очекува истата судбина во текот на наредните денови. Ако треба да се сконцентрирате на нешто во текот на јануари, нека тоа бидат плановите за иднина, и тоа плановите кои ќе ги донесете врз основа на грешките кои сте ги правеле во текот на минатата година.

Љубов – Период во кој можни се проблеми на поле на љубовта. Во текот на средината на месецот, можни се конфликти со партнерот, несогласувања околу животните работи (трошоци, пријатели, семејство, секојдневни ситници). За работите да се полоши, можни се и неоправдани изливи на љубомора, како партнерот кон вас, така и вие кон партнерот. Ако сте слободни, тогаш добро ви би дошол флерт кон крајот на јануари.

Здравје – Во јануари актуелни се сезонските вируси и болести, па трудете се да внимавате на имунитетот, поточно да го зајакнувате.

БЛИЗНАЦИ

Работа– Годината ќе ја започнете со доста елан и работна сила, па добро би било да ги искористите за да направите некои резултати поради кои на крајот на годината ќе имате насмевка на лицето и плус денар в џеб. Имате одлични аспекти за добар месец, па реализирајте ги како знаете и умеете. Потребно е да сфатите дека ова не е месец кога ќе направите големи пари, планетите само ви се во позиција на полето на парите.

Љубов – Што се однесува до љубовта, тензиите кои сте ги имале во претходниот период ќе исчезнат. За слободните Близнаци никако поволен период кој ќе им тргне. Иако постоеше надеж, сепак нема некој поволен партнер кој ќе ве воодушеви.

Здравје – Чувајте го вашето здравје, затоа што овој месец потешко ќе поминат Близнаците кои имаат хронична болест.

РАК

Работа – Ако дадете се` од себе и тргнете со максимална напор, успехот е загарантиран. Дајте се` од себе за да започнете некои нови работи. Ви претстојува прекрасен период, од кој и тоа како ќе ги берете плодовите. Доста другите земаа пари, време е и вие да заработите нешто. Соберете храброст, одете во поход бидејќи вие и тоа како имате сила да успеете. Ако не сакате да ризикувате работете го она што го работите, и ќе добиете пофалби.

Љубов – Јануари и не е така идеален месец за љубов, но ништо што претходно не сте го доживеале или преживеале. Ова е месец кој ќе биде обележан со ситни расправии со партнерот, несогласувања, неможност за договор околу било што. За слободните ова е идеален период за запознавање на нови луѓе, можеби и идниот партнер – никогаш не се знае.

Здравје – Вашето здравје треба да ви биде најважно на целиот свет, па добро би било да посветите повеќе време и малку да размислите за вашите лоши навики.

ЛАВ

Работа – Очекувајте позитивен тренд што се однесува до работата. Лавовите се познати како луѓе кои секогаш тежнеат кон подобро, кон напредок, а што се однесува до ситуацијата на работа, овој месец ќе бидете забележани, па вашата работа сигурно ќе донесе резултати – затоа изолирајте се од сите и бидете вредни. Имате доста енергија за работа. Она на кое треба да внимавате се преголемите желби; треба да сфатите дека не можете баш се` наеднаш на направите.

Љубов – Што се однесува до љубовта, линијата на вашиот љубовен графикон оди нагоре. Ситуацијата е многу подобра отколку претходните месеци, па ако сте имале било какви проблеми со партнерот, сега сигурно можете да ставите крај и повторно да се вратите во нормална комуникација, каква што треба да имаат две заљубени души. За оние кои се слободни, пред вас е ризичен период за влегување во емотивна врска, како за вас, така и за оние кои неодамна започнале во врска, па потребно е добро да размислите за нешто посериозно.

Здравје – Одлична здравствена слика.

ДЕВИЦА

Работа – Додека припадниците на останатите хороскопски знаци мака мачат со работните проблеми овој месец, вам ѕвездите ви се насмевнуваат и имате одлични шанси на работа. Само треба да ги искористите. Периодот е и така поволен за нови зделки, разработка на старите, зајакнување на активностите на постоечкото работно место. Одлично е и за сите оние кои на било кој начин работат со странство, на сите чијашто работа е тесно поврзана со луѓе. Комуникацијата ќе биде на доста високо ниво, па поради тоа дајте се` од себе за да ги искористите шансите.

Љубов – Убав период што се однесува за заљубените Девици. Ако веќе подолго време сте во врска, сега е вистинскиот момент да ја доведете на едно ново повисоко ниво – брак и семејство. Оние кои веќе навлегле во овие води ќе уживаат пред се` во поддршката од партнерот, такашто сите останати проблеми паѓаат во вода бидејќи имате покрај себе некој кој е повреден од сето она поради кое се нервирате. Затоа, ако сте во можност да го изненадите партнерот со убав гест, кратко патување, макар и на еден ден, тоа дефинитивно треба да го реализирате.

Здравје
 – Првиот дел од месецот е добар, а вториот малку полош. Ќе бидете подложни на сезонски болести, настинки, проблеми со грлото, грип па дајте се` од себе да ви биде подобро.

ВАГА

Работа – Започнуваме со одлична прогноза, која се однесува на резултатите на работа во јануари – еден од најдобрите, ако не и најдобриот месец во текот на првата половина на 2020 година. Додека другите ќе одмараат, вие заборавате на забавувањето и се фрлате на работа. Макар и да сте сами во канцеларијата, додека другите слават, вие ја прифаќате работата и сте вредни. Овој месец е одличен за подобрување на постоечката работа и создавање на нови бизнис зделки.

Љубов – Во љубовта, за разлика од работата, нема да ви биде се` и така добро. Стандарден месец, а во текот на овој месец обидете се што повеќе време да го поминувате со партнерот и да му се предадете 100% бидејќи може да дојде до несогласувања и проблеми во односот доколку партнерот се почувствува запоставено. Ова е период на потенцијални авантури и забранети врски во кои би можеле да упаднете.

Здравје – Одлично. Можно е мало чувство на замор или краткотрајна депресија, која ќе исчезне исто како што дошла.


ШКОРПИЈА

Работа – Се надеваме дека не се потрошивте многу минатиот месец, бидејќи во текот на јануари ќе има трошоци, а во вашето поле на финансии е опасниот Сатурн кој само ве тера и тера на трошоци. Затоа, во секоја можна прилика запрашајте се дали баш нешто морате да купите или пак можете да поминете и без тоа. Јануари дефинитивно не е ваш месец, но за среќа брзо ќе помине па на крајот на месецот се` ќе тргне на подобро. Обидете се во овие 20-тина дена да ги завршите ситните работи кои ве очекуваат и да започнете комуникација и планирање на некои обврски кои од март ќе треба да ги имате завршено.

Љубов – Убав месец пред вас, барем на љубовно поле. Уживајте на сите можни начини и потрудете се вашата врска да ги усовршите работите, макар биле веќе 50 години во брак, не постои ништо поубаво од секојдневното заљубување и секојдневното докажување на оваа љубов. Нема да имате никаква препрека во текот на првиот месец од новата година, па не постои причина за загрижување. Слободните Шкорпии можат да очекуваат мирен месец и период кога нема да има никакви нови случувања, но главата горе, мора да биде подобро.

Здравје – Во текот на јануари вашата здравствена состојба треба да биде солидна, без поголеми проблеми. Она што постојано ве мачи е последица од стресот и уморот, па гледајте што повеќе да одморите и поквалитетно да се наспиете.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Како што стојат работите, на работно поле треба да биде добро, а истото е и на финансиско поле. Особено првите 15-20 дена, па потрудете се со сите сили да работите повеќе од останатите. Вие нема да сонувате, туку ќе се обидете да ги реализирате и да ги живеете вашите соништа – потрудете се да ја искористите секоја шанса што ќе ви се овозможи за да можете да заработите убави пари. Со самото тоа финансиските ефекти од јануари треба да бидат добри, можеби ве очекува некаква добивка до крајот на месецот и до крајот на наредниот период.

Љубов – Ви претстои и одличен период. Ве очекуваат бурни 20-тина дена. Оние кои неодамна се заљубиле и стапиле во врска, би можеле да се преиспитаат дали тоа е всушност вистинската работа. Мал број на Стрелци ќе имаат влијание од Венера, па ќе се впуштите во флертување и тајни врски и тоа во најблиското опкружување. Ако е веќе така, нека остане се` на флерт. За слободните Стрелци, Венера си поигрува со вашиот знак, па очекувајте интересен месец. Можно е да стапите во некоја врска или комбинација со поранешниот партнер, но ако барате вистинска љубов – тука нема да ја најдете.

Здравје – Внимавајте на имунитетот, ослабен ви е, и доста сте под стрес.

ЈАРЕЦ

Работа – Веднаш да ви ја пренесеме позитивната енергија – овој месец би можел да биде доста добар. Иако овој месец ефективно ќе биде пократок поради празниците и опоравувањето од истите, оној работен дел ќе биде доста добар, и ѕвездите ќе бидат со вас. Очекувајте помош од сите, од оние со кои работите и оние за кои работите. Дури и ќе имате поголема поддршка од оние над вас, што дотогаш не беше случајот. Секако, на вас останува сето тоа да го искористите на најдобар можен начин, пред се` со вредна работа.

Љубов – Што се однесува до љубовта, овој месец ќе ви се случат неколку флертови, тајни размислувања за некоја личност, а оние со повеќе авантуристички дух би можеле да стапат во некои тајни врски. Периодот од средината на јануари ќе го обележат мали расправии со партнерот, па бидете спремни на компромиси и тишина. Слободните Јарци во текот на месецот ќе се враќаат во минатото, што се однесува до љубовта.

Здравје – Здравјето ќе ви биде одлично и цел месец нема  да имате никакви проблеми.

ВОДОЛИЈА

Работа – Влегуваме во јануари, месец кој најбрзо ни поминува, а покрај тоа, месец во кој трошиме најмногу пари. А бидејќи овој јануари нема дефинитивно да имате убави спомени што се однесува до работата, првиот совет би било во никој случај да не вложувате пари во било што. Овој период кога би можеле да имате непријатности на работа, непријатности со луѓето кои отсекогаш сте знаеле дека се се`, само не луѓе, па обидете се да стоите настрана од нив. Вратете се на работата, дајте се` од себе да го направите она што се очекува од вас, и вашите финансии ќе бидат подобри.

Љубов – Би можел да ве дочека лош месец, а проблемите би можеле да бидат во врска со партнерот поради некои работи што тој ќе ги дозна за вас. Дали постои нешто што криете веќе подолго време од партнерот? Ако постои нешто вакво тогаш подгответе тактика за да го објасните сето тоа, а ако не постои тогаш партнерот е оној кој има своја тајна која и не би ви се допаднала. Ако сте слободни ќе ви одговара друштвото и вниманието од еден Лав, па ќе ве натера да се чувствувате романтично во текот на целиот месец.

Здравје
 – Внимавајте на сезонските болести.

РИБИ

Работа – Што се однесува на почетокот на годината, не е лошо. Првите 15-тина дена ќе спиете во зимски сон, а тогаш ќе се пробудите и тоа нагло. Во текот на средината на месецот ви доаѓа добар период – како за работни, така и финансиски планови кои ги имате. Во текот на месецот ќе имате поддршка од соработниците, шефовите… Она што ви препорачуваме е да ги вложите паметно парите, за да добиете плод.

Љубов –
Што се однесува до емотивните односи, вашиот брод навлегува во мирна пловидба. Не би требало да има проблеми, па можни се изненадувања. Дружењето со пријателите, семејството баш како и што требало да биде јануари – прекрасно, па искористете ја можноста да ги подобрите односите кои и баш не ви се најдобри. Ако сте слободни, љубовта во текот на јануари нема да ја пронајдете. Затоа, фрлете се на работа, бидејќи љубовта нема да ви цвета.

Здравје – Здравјето е на исто ниво како претходните неколку месеци, па така ќе продолжи и во текот на целиот јануари. Не треба да се грижите за ништо.

Хороскоп

Хороскоп за вторник (11 февруари)

Објавено пред

на

ОВЕН

Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се вклучите во работата која за вас може да биде многу профитабилна. Имате проблем со некои Близнаци и не можете да најдете заеднички јазик со некоја Водолија. Трепението ќе ви биде повеќе од потребно.

БИК

Нема место за паника, ќе успеете да ги решите сите проблеми. Добрите односи со соработниците се исклучително важни за проектите, бидејќи сами ништо нема да постигнете. Се чувствувате одлично во друштво на некоја Риба, па затоа поминете повеќе време заедно.

БЛИЗНАЦИ

Некои пријатели ќе ве повикаат на заедничко патување, а вие ќе се двоумите. Не се откажувајте од можностите кои ви се нудат, можно е да ви се отворат нови врати за започнување на сопствен бизнис. Досадата лекувајте ја во друштво на саканите. Постапките од минатото ќе ве натераат повторно да размислите за вашите постапки.

РАК

Некој проблем од минатото ќе започне да ви ја разнишува сегашноста која едвај ја одржувате во нормално ниво. Можно е вашиот партнер да ве напушти поради ветените нешта кои никогаш не ги направивте. Имате проблем и со пријателите кои ве сметаат за несериозни. Некоја Девица ќе ви понуди помош, прифатете ја веднаш.

ЛАВ

Ќе се обидете да воспоставите контакт со некои лица кои на вас ви биле многу драги. Ви претстои добра соработка со некој Стрелец или Близнаци. Ќе се залагате за некои важни нешта, можеби нема да успеете, но не се разочарувајте во иднина ќе постојат уште шанси.

ДЕВИЦА

Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро. Проблемите во љубовта ќе ви го одвлечат вниманието и ќе ви го одземат времето за извршување на бизнис обврските.

ВАГА

Иако се чувствувате добро во друштво со личноста која ги поттикнуа вашите амбиции, сепак прекумерното залагање можно е да ви пречи. Можни се некои поволни вести од некој кој живее и работи во странство. Ќе ви биде потребен некаков совет од некој Лав.

ШКОРПИЈА

Оптеретени сте со незавршените работи и она што се случило а не знаете како да го решите. Се плашите од загуба на контролата во ситуацијата во која можно е да загубите некој поради однесувањето. Можен е некаков договор со Стрелец или Риби.

СТРЕЛЕЦ

За да го поминете денот онака како што сакате потребно е да се вклучите во некои интересни проекти во кои ќе ви биде потребен странски јазик. Без оглед дали станува збор за краток или долг проект сепак работете максимално на него. Постои можност за голем профит.

ЈАРЕЦ

Премногу сте упорни иако помалку сте и несигурни и се обидувате на сите можни начини да му го наметнете на некој Бик вашиот план за заеднички проект. Бидете малку трпеливи во контактите со борбените знаци, особено со Бикот. Добро се чувствувате во друштво на лице кое е подеднакво амбициозно како и вие.

ВОДОЛИЈА

Еден од подобрите денови, особено за оние кои се подготвени за се да се договорат со соработниците и оние кои се како створени за разни деловни можности, вклучувајќи ја тука и можноста за премин на некое ново работно место или преземање на некои нови обврски. Добро се сложувате со некој Стрелец и со некој Рак кои во се ве поддржуваат.

РИБИ

Мечтаете за голем успех и поинаква работа од онаа која во моментов ја имате. Ова би можело да биде пријатен ден за вас. Енергијата на Марс и Меркур ве прави нервозни и нетрпеливи. Вашата амбиција е во прв план, не се согласувате со лица кој сакаат да доминираат во друштвото.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (10 февруари)

Објавено пред

на

ОВЕН

Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога станува збор за работата. Ќе успеете да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Можни се проблеми поврзани со кашлица.

БИК

Заземете еден одреден став и борете се за него до крај. Не ја расфрлајте својата енергија на споредни цели. Ако сакате промени многу е важно да му покажете на партнерот во која насока размислувате. Чувствителен предел на градниот кош.

БЛИЗНАЦИ

Можете да очекувате стабилна ситуација на работно поле. Имате можност да дојде до добра соработка. Доколку сте слободни, може да се надевате на ново познанство. Денот е поволен и за зафатените. Водете сметка за исхраната.

РАК

Доколку се пред вас нови случувања подгответе многу енергија за промени. Нема да биде лесно. Ве очекува можност да влезете во љубовна врска со личност кон која имате одредени симпатии. Можни се проблеми со притисокот.

ЛАВ

Финансиската ситуација може да биде позитивна ако се потрудите да донесете правилни одлуки. Сакате да му ги покажете на вашиот партнер своите искрени емоции. Време е вашата врска да напредува. Поволен период за почеток на диета.

ДЕВИЦА

Можно е потпишување на договор. Разгледајте ги сите ставки пред да се одлучите на таков чекор. Сакате да направите промени на ова поле и многу ви е важно саканата личност да размислува во тој правец. Избегнувајте цигари.

ВАГА

Слушајте ја својата интуиција и потрудете се да се посветите на работата максимално. Време е да се насочите кон нови работни задачи. Ова не е поволен ден, ве очекува разочарување поврзано со нова личност во вашиот живот. Можни се проблеми со нервниот систем.

ШКОРПИЈА

Обидете се да одржите стабилна состојба на работно поле. Дајте си време да научите нови тајни на својот занат. Имате впечаток дека партнерот е ладен кон вас. Можно е да дојде до прекинување на врската. Склони сте кон депресија.

СТРЕЛЕЦ

Не е поволен ден за вас на работно поле. Може да очекувате некои компликации. Ви се отвора можност да ја освоите личноста кон која имате емоции уште од минатото. Внимавајте на црниот дроб и панкреасот.

ЈАРЕЦ

Можно е да се трудите да дојде до промени, но сѐ уште не можете да успеете во тоа. Покажете малку трпение. Се појавуваат нови проблеми помеѓу вас и саканата личност и не ви е лесно да се носите со нив. Потребна ви е масажа.

ВОДОЛИЈА

Размислувате за започнување нов бизнис но како сѐ уште да не сте подготвени за тој чекор. Доаѓате до контакт со личност која ќе посака сериозна врска. Дали сте подготвени да и го овозможите тоа? Здравствената состојба е сѐ подобра.

РИБИ

Ви се нуди можност за напредување и секако треба да ја искористите шансата. Ви изгледа дека партнерот не се поставил фер кон вас и тоа не ви се допаѓа. Можни се проблеми со забите.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за недела (9 февруари)

Објавено пред

на

ОВЕН
Останете цврсто на земја и обидете се постојано да имате контрола врз она што треба да го направите до крајот на денот. Вие нема да можете да победите емотивно, па не се вознемирувајте ниту непотребно. Личноста што ја сакате ќе биде склона на претерување, затоа се можни расправии доколку не се дистанцирате. Вечерта ќе биде доста предизвикувачка.

БИК
Денес, скоро сè ќе се сведе на меѓучовечки и партнерски односи. Haveе имате многу одговорности, но ако останете фокусирани, можете да постигнете повеќе успех отколку што очекувате. Во деловниот, но и во приватниот живот, мора да донесете одлуки поврзани со насоката што планирате да ја одите. Размислете за луѓето со кои сакате или треба да се опкружите.

БЛИЗНАЦИ
Успешна деловна средба е пред повеќето, но за да преговарате за условите најдобро што можете и конечно да ги завршите тие преговори, ќе мора да престанете да губите време на ситници и да размислувате повторно. Донесете само една одлука, а потоа држете се до неа сè додека не видите колку е профитабилна. Веројатно има промени во љубовта на кои нема да им одолеете.

РАК
Не менувајте ги вашите планови премногу брзо. Всушност, вие не сте таа личност која треба да се прилагоди на другите и ако останете верни на она што отсекогаш сте го зборувале и продолжете со старите планови, ќе постигнете повеќе отколку што се надевате. Во љубовта очекувајте многу добра ситуација, атмосферата ќе биде повеќе од пријатна.

ЛАВ
Негативните мисли и прекумерните грижи нема да решат ништо. Фокусирајте се на моменталните одговорности и обидете се да ги решите работите една по една, бидејќи на тој начин ќе го извлечете максимумот од секоја ситуација. Кога станува збор за работата, слободно ризикувајте, но покажете дека сте подготвени да работите понапорно од другите. Денот е поволен за учење и истражување.

ДЕВИЦА
Потрудете се да ја контролирате ситуацијата. Имено, денес ќе сфатите дека некој не е толку лојален кон вас како што мислевте, а во текот на денот, конфузијата и чувството на еуфорија ќе се менуваат. Не дозволувајте никој да ве измами или да дозволите да пропуштите нешто што може да ви донесе добра заработка заради љубовни несогласувања.

ВАГА
Ќе ви се чини дека сè е под контрола и ќе бидете задоволни од реакциите на околината но бидете внимателни бидејќи некој ќе се обиде да ви го уништи денот. За да го избегнете ова, ќе треба да чувате некои работи за себе и засега да не им откривате нови идеи на колегите. Треба подобро да се заштитите кога станува збор за приватниот и деловниот живот, да бидете повоздржани.

ШКОРПИЈА
Ќе бидете многу добро расположени и склони кон хумор. Сепак, треба да се фокусирате на работа каде што повеќе не треба да одложувате, време е да најдете мотивација и да ги направите првите чекори. Ќе го привлечете вниманието на пријателите и колегите и ако сте подготвени да промовирате или презентирате нешто што го сакате, сигурно ќе ги добиете посакуваните реакции.

СТРЕЛЕЦ
Ќе бидете склони да се борите со ветерницата. Не трошете енергија на проблеми на други луѓе и работи што дефект функционираат со години. Ако нешто не ви одговара на работа, тешко дека ќе можете да го промените, па подобро е да најдете друго решение. Ќе ги решите работите најдобро ако комуницирате преку телефон, а не приватно.

ЈАРЕЦ
Следете ги целите, бидете фокусирани и нема да бидете премногу изненадени од тоа кој ќе ви помогне денес, а кој не. Потпрете се единствено на себе затоа што на тој начин нема да бидете разочарани од постигнатите резултати. Оние од вас кои сакаат подобра работа или ново работно место во компанијата, можат да очекуваат интересна покана за интервју.

ВОДОЛИЈА
Ќе се случуваат многу нешта кога станува збор за врски со пријатели и блиски колеги од работата. Бидете свесни за сите детали во секое време за да ги минимизирате проблемите и недоразбирањата. Во приватниот живот некој нема да биде искрен со вас, бидете подготвени за независно истражување. Пристапете до пари на уникатен начин.

РИБИ
Очекувајте многу разговори поврзани со односите со други луѓе, особено со деловни партнери и колеги. Ќе треба да донесете неколку одлуки за да ја дефинирате иднината, добро размислете што сакате и не плашете се да инвестирате во која било од вашите идеи. Денот е поволен за отплата и собирање стари долгови.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle8 минути

Храна што може да ја влоши главоболката

Главоболките можат да бидат минливи или интензивни, значително нарушувајќи го квалитетот на животот. Иако многумина ги поврзуваат со стрес, замор...

Lifestyle10 минути

Едноставно решение за чист и свеж тоалет што сите го имаме дома

Со текот на времето, нечистотијата и бигорот се акумулираат во тоалетната школка, особено ако не се чисти редовно. Сепак, постои...

Lifestyle11 минути

Без ботокс: Природен пијалок за сјајна и мазна кожа

Ако барате природно решение за подобар тон на кожата, едноставен пијалок со портокал, морков и ѓумбир стана вистински хит во...

Магазин12 минути

Кина планира детална истрага за App Store

Акциите на Apple паднаа за 2,6% откако се прошири веста дека Кина размислува за формална истрага за таксите и политиките...

Магазин15 минути

Apple итно го издава iOS 18.3.1: Корисниците предупредени за безбедносен ризик

Apple денес, на 11 февруари 2025 година, неочекувано ги објави ажурирањата iOS 18.3.1 и iPadOS 18.3.1, чија цел е поправка...

Магазин17 минути

Моќната кинеска вештачка интелигенција предизвикува страв: Овие земји го забранија DeepSeek

Кинескиот стартап DeepSeek неодамна го потресе технолошкиот свет, надминувајќи го ChatGPT по бројот на преземања во продавниците за апликации. Неговото...

Lifestyle18 минути

Колкав процент од нашиот мозок навистина користиме?

Често слушаме митови како: „Користиме само 10% од нашиот мозок“ или „Дури и Тесла користел само 10%“. Но, дали ова...

Магазин20 минути

Конечно поголеми батерии? Samsung размислува за голема промена

Samsung размислува да го зголеми капацитетот на батеријата за Galaxy S26 со примена на нова технологија за батерии. Според извештајот...

Спорт43 минути

ФФМ на семинарот за унапредување судиски стандарди, додели и ФИФА амблеми на меѓународните судии

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со својата стратешка определба за подигнување на квалитетот и професионализмот во фудбалското судење. Во...

На денешен ден12 часа

На денешен ден, 11 февруари

1868.- Почина францускиот физичар Жан Бернар Леон Фуко, кој заедно со Арман Физо ја мереше брзината на светлината. Тој ја...

НАЈЧИТАНИ