Временска прогноза
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд

Оваа година месец октомври ќе го поминеме во знакот на потопло време, но и со помалку врнежи, што значи дека температурите ќе бидат натпросечно високи, а врнежите ќе бидат под просекот.
Сепак повремено може да се очекува прилив на поголем влажен воздушен бран кој би условил и поинтензивни врнежи од дожд.
Се на се, така нареченото “Мини лето” ќе продолжи и во текот на овој месец, а вие ваквото прекрасно време максимално искористете го за правење на зимница.
Температурите во следните денови наутро ќе бидат пониски и на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под 10 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.
Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 9 и 13 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 24 и 27 степени.
Првичните анализи пак за зимата 2023/2024 укажуваат на тоа дека ќе имаме повеќе врнежи од снег, но ќе биде и постудена за разлика од изминатите години.
Напомена: Долгорочните анализи и не се баш прецизни, и ние ваквите анализи ги користиме како за резерва, за најпрецизни анализи, најдобро е граѓаните да ги следат нашите пократкорочни анализи на времето, кои се многу попрецизни, за Порта вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Студеното време зема интензитет, од четврток најава за нови снежни врнежи и на пониските места

Во Македонија во следните денови ќе имаме многу променливо и значително постудено време. Ќе бидеме и под влијание на влажен воздушен бран од запад и од југозапад и истиот ќе условува повремени локални врнежи од дожд на пониските места (градовите), додека на планините над 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.
Поради понатамошно спуштање на студена воздушна маса од север, во четврток попладне и во вечерните часови врнежи од снег ќе има и на местата со надморска височина од под 1000 метри, особено во западните и во северните предели од државава. Тогаш ќе дојде до формирање на нова снежна покривка на планините и на повисоките места, а мала снежна покривка можно е да се формира понекаде и на местата со надморска височина од под 1000 метри.
Во четврток попладне и навечер ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, особено Долж Повардарието.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време, односно значително постудено со локален дожд, а на околните планини особено во четврток попладне и навечер ќе има врнежи од снег. Тогаш можно е провејување на снег и во повисоките предели од котлината, кога ќе дува и засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, а од петок тие на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Променливо, постудено со дожд и снег, детали за времето во следната седмица

Во новата седмица која што ни претстои во Македонија ќе имаме многу промелниво и постудено време за разлика од сега, и тоа поради продорот на постудена воздушна маса од север. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд, особено од вторник па во деновите потоа.
На планините над 1600 – 1700 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
Особено од средината на седмицата снежната граница ќе се спушта, со што провејување на снег би можело да има и на повисоките населени места низ државава.
Врнежите кои се очекуваат ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет.
Температурите позначително ќе се намалат, и наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата, а локално и под нулата. Максималните дневни температури на воздухот исто така ќе бидат значително пониски за разлика од сегашните и ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 10 степени.
Во Скопје исто така очекуваме локален дожд во новата седмица и значително постудено време.
На околните планини повремено ќе има услови за провејување на снег, наутро температурата ќе се спушта во интервалот од -2 до 3 степени, а максималната дневна ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 9 степени, за Порта пишува нашиот метеоролог и еден од најдобрите во Македонија, Славчо Попоски
Временска прогноза
Краткотрајно топло време, но голема разлика во температури, проследете ја најновата метео анализа

Во следниот период, односно до самиот крај на оваа седмица Балканот го очекува голем температурен шок (огромна разлика на температурите за многу кратко време). Најпрво следува големо затоплување на времето, како и продор на топла воздушна маса од југ, а многу набрзо и голем продор на поларниот вртлог од север.
На први декември, кога почнува климатолошката зима ќе имаме вистински пролетен ден, со пролетни температури на воздухот, иако ветерот од јужен правец нема да ни фали. Односно ќе дува засилен ветер од јужен правец.
Најтопло ќе биде во Босна и Херцеговина, Хрватска, како и во соседна Србија и таму понекаде температурите ќе се искачат дури до 22 степени.
Кај нас во Македонија во петок и во сабота во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи и до 18 степени. Натпросечно високи и позитивни ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот.
Како што претходно најавивме, ова затоплување нема да трае многу долго.
Веќе од недела на Балканот пристигнува нов голем продор на поларниоит вртлог од север, во регионот барем според моменталните анализи се очекуваат нови врнежи од снег, како и нова снежна покривка. Кај нас врнежи ќе има во недела и тие ќе бидат од дожд на пониските места, како и од снег на планинските места и на Скијачките центри.
Од недела теммпературите значително ќе се намалат и ветерот од јужен, ќе се промени во северен правец.
Температурната разлика ќе биде огромна, се очекува температурна разлика дури и за повеќе од 20 степени за многу кратко време. Во земјите од регионот, температурите од недела наутро понекаде ќе се спуштат дури и под -10 степени, а минусни температури понекаде ќе има и преку ден.
Кај нас овој продор на поларниот вртлог барем одсега гледано, нема премногу да се почувствува и температурите на воздухот ќе останат позитивни, освен на високите планини каде тие ќе бидат под нулата.
- Поради наглите големи температурни промени кои се очекуваат во следниот период, кај метеопатите се можни поголеми здравствени проблеми.
За Порта пишува Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (5 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Студеното време зема интензитет, од четврток најава за нови снежни врнежи и на пониските места
-
Македонија1 ден
Од ноќеска цената на горивата се намалува
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за среда (6 декември)
-
Магазин2 дена
Еве кои телефони добиваат Android 14: Проверете дали вашиот е на списокот
-
Македонија5 часа
МВР ги подбра возилата кои движат без атест на фолии
-
Автомобили12 часа
Кои десет работи не треба да ги чувате во автомобилот во зима
-
Македонија37 минути
(ФОТО+ВИДЕО) МВР на прес соопшти дека лицето за кое беше поднесена „црвена потерница“ е уапсено во Турција, наскоро ќе биде екстрадирано во Македонија