Спорт
Меси и Барса се договорија, потпис до крајот на неделава
Според каталонски Спорт, Лионел Меси и Barcelona имаат план за нов договор. Засега, сепак, не е сè готово и се очекува продолжението на соработката меѓу Аргентинецот и клубот во кој тој е уште од детството да биде официјализиран до крајот на неделава. Лео е слободен играч од првиот ден на јули, бидејќи во тоа време му истече претходниот договор со Барселона.
Според Спорт, договорот ќе биде на пет години, а Меси и Барса ќе стават крај на сите шпекулации. Некои сугерираа дека Меси ќе игра за PSG, а некои дека ќе игра за Inter Miami во Америка.
Сепак, Меси чувствува дека има сила и енергија да продолжи да го носи дресот на Barcelona, а покрај тоа ќе го „проголта“ и намалувањето на платата за 50% што е потребно заради финансиските потешкотии што постојат во клубот. Спорт наведува дека тој разбира колку е тешко во моментот и дека тој ќе биде првиот кој ќе им даде пример на другите кои засега одбиваат да ги намалат своите плати.
Во преговорите меѓу Меси и Barcelona, парите никогаш не биле проблем, но тоа е оданочување, па и двете страни со посебна претпазливост и приоѓаат на оваа тема. Така, принципите на континуирана соработка се усогласени, и според Спорт, скоро ништо не може да тргне наопаку во овие преговори.
Меси моментално е на одмор, каде ужива по триумфот на Аргентина на Копа Америка.
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (21 ноември)
-
Без категорија2 денаЖолта предупредувачка фаза поради најавените обилни врнежи од дожд и силниот ветер, локално процесите ќе бидат во форма на невреме
-
Хороскоп19 часаХороскоп за сабота (22 ноември)
-
Спорт23 часаУтре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
-
Култура2 денаДенес се празнува Св.Архангел Михаил, домаќини нека Ви е на помош празникот на војводата на сите ангели!
-
Македонија1 денАМСМ: Една коловозна лента во правец Охрид-Св.Наум има вода, сообраќајот се пренасочува по лева коловозна лента
-
Македонија1 денЦУК: Истакна соопштение за состојбата на водостоите на реките, излевања, поплавени објекти и одрони по региони ширум Македонија
-
Македонија1 денПоради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории
