Временска прогноза
Метео анализа за лето 2024, пред нас пеколни горештини но и временски непогоди, ова се информациите
Со оглед на тоа дека летото сеуште календарски не е започнато, а од друга страна веќе се соочивме со првиот бран на многу високи температури на воздухот кои беа натпросечно високи за овој период од годината. Секако ова не значи дека пред нас е екстремно топло лето, напротив според долгорочните прогнози со кои ние располагаме ќе имаме едно нормално топло лето, што значи дека не очекуваме некои долготрајни топлотни бранови. Секако топлотните бранови ќе ги имаме и тие ќе условуваат многу високи температури на воздухот, но ќе траат пократко за разлика од изминатите години.
Тука се и временските непогоди кои ќе бидат почеста појава и ова лето, особено во јули и во август кога би можело да имаме и поголеми временски непогоди и натпросечно количество на врнежи за тие месеци.
Да напоменеме дека тука ни е и метеоролошкиот феномен „Ла Ниња“ која особено ќе добива на интензитет кон крајот на ова лето. Таа носи пониски температури и го лади Европскиот Континент, кај нас врнежите токму поради овој метеоролошки феномен во иднина ќе ги има повеќе.
Со оглед на тоа дека се работи за сезонска и долгорочна прогноза, граѓаните истата не треба да ја земаат здраво за готово и дека промени во истата се можни, што значи дека сезонските прогнози се со помала веројатност за остварување, истакна Славчо Попоски од метеоаларм.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Ни претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
Според она што можам денес да го изјавам за јавноста е тоа дека од ден 25 декември Католички Божик па во деновите потоа секако и за нова година ни претстои промена на синоптичката состојба над Европа, Балканот и Македонија.
Тоа значи дека на повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир кој ќе ни донесе вистинско зимско време баш за време на споменатиот период погоре.
Во ваква ситуација секако може да се очекува и снег.
– Се на се после овој подолг период на суво и натпросечно топло време за месец декември кончено може да се надеваме за надоаѓање на вистинската зима кај нас.
Следува најново ажурирање на прогностичките материјали па така од моја страна понатаму следува нова и по потреба обновена метео анализа токму околу ова, предмалку соопшти Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево19 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза18 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Македонија1 денЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Култура2 денаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (18 декември)
-
Хороскоп8 часаХороскоп за петок (19 декември)
-
Кичево13 часа(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
