Временска прогноза
Метеоаларм: Поладно на утро, додека дневните температури ќе бидат нормални

И во текот на следните денови продолжува периодот на стабилно и суво време, односно времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Наутро ќе биде студено, со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат до околу -2 степени, со што локално ќе има појава на мраз. Додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.
И во Скопскиот регион во текот на следните денови времето ќе биде стабилно и суво, односно променливо облачно со сончеви периоди. Повремено ќе има и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните температури ќе се спуштат до околу 1 степен, додека максималните ќе се искачат во интервалот помеѓу 12 и 13 степени.
Инфо: Славчо П.
Временска прогноза
Останува исто време, многу топло со освежување во попладневните часови – ова се деталите

Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и во текот на следните неколку денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Сепак во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер, силни и чести електични празнења, интензивен пороен дожд и со појава на град.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени а Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10.
И во Скоспкиот регион ќе имаме слично време, повремено со услови за попладневна локална нестабилност. Освежување на времето ќе има од петок, односно од 8 јули и тоа проследено со пад на температурите и со засилен северен ветер – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Многу топло цела седмица, додека во попладневните часови ќе има активна дестабилизација

За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица продолжува периодот на многу топло и сончево време. Сепак, во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на краткотрајно невреме.
Температурите ќе се движат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во најтоплите предели ќе се искачат и до 40 степени.
УВ-индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па токму поради ова препорачуваме да се заштитувате – за Еспресо вели Славчо Попоски и напоменува дека поради релативно високата влажност во воздухот, во следниот период температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.
Временска прогноза
Се спрема ново локално невреме во попладневните часови?

Денес во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.
Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10. Напомена: Поради релативно високата влажност во воздухот, во следниот период температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените – за Еспресо вели метео прогнозерот Попоски.
-
Кичево2 дена
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп (4 јули) – понеделник
-
Кичево2 дена
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за вторник (5 јули)
-
Занимливости23 часа
Во 2022 година исчезнаа 80.000 Bitcoin милионери
-
На денешен ден1 ден
4 јули – На денешен ден
-
Временска прогноза2 дена
Многу топло цела седмица, додека во попладневните часови ќе има активна дестабилизација
-
Временска прогноза23 часа
Останува исто време, многу топло со освежување во попладневните часови – ова се деталите