Свет
Метеорскиот дожд го осветли небото ширум светот (ФОТО)
Природниот феномен се случува секоја година во слично време во јули и август, а годинава најинтензивен бил помеѓу сабота навечер и рано во недела.
Метеорскиот дожд Персеиди го осветли небото ширум светот на воодушевување на сите кои сакаа да видат „ѕвезди кои паѓаат“.
Просечната активност на овој феномен е околу 100 метеори на час.
The Perseid meteor shower has begun. If you are far away from the urban area, and it is at night, you can see it in a short time. See up to 100 meteors per hour #Perseids #perseids2023 #MeteorShower pic.twitter.com/LAi3k7IPHT
— Suzanne (@SuzannepSuzanne) August 13, 2023
Кога остатоците ќе стигнат до Земјината атмосфера, тие се запалуваат, предизвикувајќи светла блесок позната како „ѕвезда што паѓа“, која може да се види со голо око, пренесува Хина, повикувајќи се на Би-би-си.
Природниот феномен се случува секоја година во слично време во јули и август, а годинава најинтензивен бил помеѓу сабота навечер и рано во недела.
Еден од најдобрите астрономски настани
Final version. Perseid meteors from Friday night – over the heather and gorse of the Exmoor Dark Sky Reserve. These meteor tracks were photographed over about two hours and then merged into a single frame. The tracks show the radiant quite nicely. #meteor #MeteorShower pic.twitter.com/xqpkkUOpF9
— Shaun Davey also at @[email protected] (@ShaunGDavey) August 13, 2023
Во средниот век, овој феномен бил познат како „Солзите на Свети Лоренс“, кој бил маченик на 10 август 258 година, кога се случил годишниот метеорски дожд.
Метеорите, кои можат да бидат мали како зрно песок или големи како грашок, стигнуваат до Земјината атмосфера со брзина од 215.000 километри на час.
Запалените остатоци не претставуваат никаква опасност за луѓето на Земјата.
Awesome did you guys see the meteor shower, no you can still see it tonight 1am Sunday morning best stargazing time cool 🧐🧐🤪🤪#MeteorShower #Perseus #meteor pic.twitter.com/Ccs2XqmjWO
— Elene (@Eleneannag) August 13, 2023
Феноменот се смета за еден од најдобрите астрономски настани бидејќи произведува светли метеори и е еден од најактивните.
Извор: Agencije
Свет
Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја
Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани извори. Компанијата е во почетна фаза на истражување и може да побара американска лиценца за купување на активите, но се уште може да се повлече.
„Лукоил“, кој произведува околу два проценти од руската нафта и има операции во Европа, Блискиот Исток, Африка и САД, претходно објави дека бара купувачи за своите средства надвор од Русија. Американските санкции веќе ги нарушија неговите активности во неколку земји, пренесуваат светските медиуми.
„Карлајл“ е една од најголемите глобални инвестициони компании со управувани средства од околу 474 милијарди долари.
Свет
Гигантот „Амазон“ најави отпуштање на 14,000 вработени од својата корпоративна работна сила
Компанијата Амазон соопшти дека ќе отпушти приближно 14.000 вработени од својата корпоративна работна сила. Претходните извештаи укажуваа дека бројката би можела да достигне и до 30.000 лица, но компанијата официјално потврди дека станува збор за 14.000 отпуштања.
Од компанијата не беше прецизирано кои оддели се најмногу погодени од намалувањето на персоналот. Сепак, според достапните информации, отпуштањата ги зафатија тимовите задолжени за видео игри, логистика, плаќања и cloud computing услуги.
Како главна причина за овој чекор се наведува зголемената примена на вештачката интелигенција. Потпретседателката на Амазон за човечки ресурси и технологија, Бет Галети, изјави:
– „Оваа генерација на вештачка интелигенција претставува најтрансформативната технологија што сме ја виделе по појавата на интернетот. Таа им овозможува на компаниите побрзо да иновираат од кога било досега. Веруваме дека треба да бидеме поефикасни, со помалку организациски слоеви и поголема одговорност, за да можеме побрзо да одговориме на потребите на нашите клиенти и на нашиот бизнис.“
Во изминатите неколку години, Амазон спроведе повеќе помали бранови на отпуштања, кои влијаеја врз различни оддели, меѓу кои Prime Video, Amazon Web Services и логистичките центри на компанијата, пренесуваат преку нивното гласило aboutamazon.com
Извор: aboutamazon.com
Свет
„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија
Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.
Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.
Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).
Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.
Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.
Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.
Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.
-
Магазин2 денаПорака од возач на Брза Помош, почит за сите возачи, наши спасители!
-
Кичево1 денЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (20 ноември)
-
Кичево2 дена„Македонски Завет“ организира хуманитарен концерт во НУЦК „Кочо Рацин“ со културно уметнички друштва и естрадни уметници од Кичево
-
Хороскоп12 часаХороскоп за петок (21 ноември)
-
Македонија19 часаДржавниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи
-
Без категорија11 часаЖолта предупредувачка фаза поради најавените обилни врнежи од дожд и силниот ветер, локално процесите ќе бидат во форма на невреме
-
Македонија2 денаЈанев и Спироски во македонската делегација на регионалниот стратешки состанок во Тирана, организиран и поддржан од британските агенции за спроведување на закон
