Магазин
Microsoft: 600 милиони сајбер-напади дневно ширум светот
Напаѓачите продолжуваат да користат предвидливи човечки однесувања, како што се едноставни лозинки, нивна повторна употреба на повеќе платформи и експлоатација преку фишинг напади.
Microsoft во својот годишен извештај за дигитална одбрана објави дека корисниците се соочуваат со 600 милиони сајбер-напади секој ден, што е резултат на растечките геополитички тензии ширум светот.
Клучни наоди од извештајот
Извештајот ги опфаќа трендовите од јули 2023 до јули 2024 година и укажува на алармантен пораст на сајбер-нападите. Еве некои од клучните откритија:
- Образовните и истражувачките институции се втори најчесто насочени од државно спонзорирани закани, веднаш зад ИТ секторот. Овие институции често служат како „тест-мета“ пред да се нападнат вистинските цели.
- Сајбер-операции поврзани со активни конфликти се значително зголемени, особено од актери во Русија, Иран и Кина.
- Нападите со откупни софтвери се зголемени за 2,75 пати во споредба со минатата година, иако бројот на успешни уцени (шифрирање на податоци) е намален за три пати во последните две години.
Напади врз идентитетот и techscam
Сајбер-измамите во финансискиот сектор бележат глобален пораст. Нападите базирани на лозинки сочинуваат 99% од сите напади врз идентитетите, според податоците на Microsoft.
Особено загрижувачки е порастот на techscam измамите, кои ги манипулираат корисниците со лажни технички услуги или реклами, прикажувајќи ги како легитимни.
Препораки од Microsoft
Microsoft нагласува дека справувањето со сајбер-заканите бара тесна соработка меѓу јавниот и приватниот сектор. За да се намалат нападите:
- Владите треба да воведат значителни казни за злонамерни активности.
- Потребно е подобро спроведување на меѓународните стандарди во сајбер-просторот за да се спречат агресивните активности од страна на државно спонзорирани актери.
Извор: Агенции
Магазин
Топ 10 најпродавани телефони со вештачка интелигенција во светот
Само два бренда, Apple и Samsung, доминираат на глобалниот пазар на мобилни телефони со вештачка интелигенција (AI), заземајќи ги сите десет места меѓу најпродаваните уреди.
Мобилните телефони со AI се една од најпопуларните технолошки категории оваа година. Според извештајот од Canalys, стапката на раст за овие телефони ќе достигне 17% во 2024 година и се предвидува да се зголеми на 32% до 2025 година. Технологиите базирани на AI стануваат сè позастапени, не само кај премиум моделите, туку и во средната и високата класа.
Глобални податоци за пазарот на AI мобилни телефони (Q3 2024):
- Apple: 32,1 милиони единици испорачани, со доминантен пазарен удел од 61%.
- Samsung: 25% удел на пазарот.
- Xiaomi: 7%,
- vivo: 4%,
- Honor: 2%.
Топ 10 најпродавани мобилни телефони со AI:
- iPhone 16 Pro
- iPhone 16 Pro Max
- iPhone 15 Pro Max
- iPhone 16
- iPhone 15 Pro
- Samsung Galaxy S24 Ultra
- Samsung Galaxy S24
- Samsung Galaxy Z Flip6
- Samsung Galaxy S24+
- Samsung Galaxy Z Fold6
Apple ги зазема првите пет места, додека Samsung доминира од шестото до десеттото место. Оваа статистика ја потврдува нивната неприкосновеност на глобалниот пазар за мобилни телефони со вештачка интелигенција.
Извор: Benchmark
Магазин
Google Photos најавува ажурирање
Наскоро во Google Photos доаѓа нова функција.
Google додаде нова функција во Google Photos што го олеснува следењето на новата активност во споделените албуми. Новиот дел им овозможува на корисниците да гледаат известувања како што се ажурирања на споделени албуми и разговори во Google Photos.
Така, кога ќе добиете нов споделен албум, можете да видите дали некој ви додава нови фотографии и објавува коментари во делот Ажурирања . Корисниците можат да пристапат до ажурирањата со допирање на иконата за ѕвонче што наскоро ќе се појави до копчето за споделување. Во рамките на овој дел, ќе се прикаже временска линија и корисниците ќе можат да ги видат активностите од денес, вчера, оваа недела, овој месец или минатиот месец.
Извор: indianexpress
Хороскоп
Хороскоп за сабота (7 декември)
ОВЕН
Препреките кои денес ви се појавуваат можат да бидат прилично тешки за вас. Бидете внимателни и смирени. Вашата самодоверба е одлучувачки фактор на ова поле. Ја освојувате личноста која ви се допаѓа. Здравјето е добро.
БИК
Ако сте во улога на шеф, може да очекувате добар период за реорганизација на некои работи на ова поле. Во однос на партнерот недостасува флексибилност и добра комуникација. Потрудете се да се прилагодите на него. Хронични проблеми.
БЛИЗНАЦИ
Во последен момент решавате некои проблеми на деловно поле. Конечно ќе бидете задоволни со ситуацијата на работно поле. Иако покажувате дека ја сакате личноста со која сте во врска, повремено имате потреба да флертувате. Бавете се со спорт и бидете активни.
РАК
Денешнниот ден е многу поволен за работа. Може да очекувате дека сѐ ќе држите под контрола. Во вашата врска денес ќе се појави некој помал проблем во комуникацијата. Потрудете се да покажете трпение. Чувајте ги бубрезите.
ЛАВ
Ве очекуваат многу предизвици на деловно поле. За да ги надминете потребна ви е мудра тактика. Не се чвствувате повеќе исто покрај личноста со која сте во врска и полека се гледа крајот. Проблеми со урогениталниот тракт.
ДЕВИЦА
Проблемите на деловно поле денес лесно ќе ги решите. Моменталната ситуација на љубовно поле не ви се допаѓа. На некој начин сте разочарани во саканата личност. Ослабен имунитет. Внимавајте на здравјето.
ВАГА
Додека не ги расчистите сите обврски и долгови од минатото, не може да продолжите понатаму. Потрудете се што повеќе да се посветите на работата. Ситуацијата на љубовно поле би можела да биде на некој начин проблематична денес. Забрзана работа на срцето.
ШКОРПИЈА
Можно е да дојде до помали компликации или некои непредвидени проблеми на работно поле денес. Иако не сте подготвени за нова врска, постои личност која ви се допаѓа и за која честопати размислувате. Чувствителен граден кош.
СТРЕЛЕЦ
До решение на проблемите доаѓате прилично лесно. Некои работи денес одат подобро отколку што очекувавте. Вашиот партнер покажува незадоволство. Можеби доаѓа време да направите нешто во врска со тоа? Чувствителни синуси.
ЈАРЕЦ
Потребно ви е време даа се навикнете на новото деловно опкружување. Пред вас се многу промени. Иако сте свесни за мааните кои ги има вашиот партнер и понатаму го сакате на некој начин. Зголемен апетит.
ВОДОЛИЈА
Трудете се да балансирате во меѓучовечките односи со работното опкружување, а тоа нема да биде лесно денес. Моменталниот партнер не ви одговара, но сѐ уште не сакате да раскинете. Зголемен крвен притисок.
РИБИ
Среќата повторно ве погледна и задоволни сте од околностите на работното место. Можно е да дојде до решение на проблемот. Денешниот ден ви носи можност за остварување на некои тајни врски. Ве мачи несоница.
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за сабота (7 декември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (6 декември)
-
Спорт5 часа
Кичевското „трио“ ќе ја дели правдата утре на мечот „Струга ТЛ – Воска“, Ставрев и Костадинов на „Тодор Проески“ за последен пат пред пензија на „ФК Работнички – ФК Пелистер“
-
Кичево1 ден
Броиме часови до долгоочекуваниот концерт на младиот пијанист Лука Лазарески од Кичево!
-
Македонија1 ден
Утрово кај охридско Ново Село, полициски службеници направиле сообраќајка со службено возило
-
Спорт2 дена
Едоардо Бове фудбалерот од Фиорентина кој колабираше на терен, постои можност неговата професионална кариера да ја заврши
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден – 6 декември
-
Магазин8 часа
Топ 10 најпродавани телефони со вештачка интелигенција во светот