Спорт
Милеска го објави списокот на фудбалерки на младата женска репрезентација на Македонија до 17 години за турнирот во Косово
Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години на почетокот на оваа недела ги започнува европските квалификации во рамките на првата рунда од Б лигата.
Македонската женска селекција во периодот од 3 до 10 октомври ќе учествува на квалификацискиот турнир во групата Б1 и за противници ќе ги има репрезентациите на Грузија, Ерменија и Косово.
Квалификацискиот турнир за пласман во Лигата А ќе се одржи во Косово. На самиот старт на квалификацискиот турнир отвораме со Грузија. Натпреварот ќе се одигра на 3. октомври.
Во рамките на второто коло играме против Ерменија. Мечот на програмата е на 6. октомври. Три дена подоцна, во последното коло, силите ќе ги одмери против домаќинот, селекцијата на Косово.
Селекторот на младата женска репрезентација, Катерина Милеска за претстојниот квалификациски турнир во Косово, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Ведрана Комненова (Скопје), Миа Петровска (Џи-Џи)
Одбрана: Андреа Коловска (Љуботен), Емилиа Блажевска (Скофтенби, Шведска), Ангела Димчова (Тиверија), Михаела Марковска (Топ Гол), Михаела Додевска (Скопје), Кристина Крстева (Скопје), Мила Панева (Скопје)
Среден ред: Елена Симјонова (Љуботен), Сара Дика (Ас Јунајтед), Васка Василева (Тиверија), Никица Трендова (Цевитана), Јована Каралиоска (Цевитана), Теона Галабовска (Тиверија), Ева Величковска (Љуботен)
Напад: Меланија Грозданова (Скопје), Ана Боризоска (Цевитана), Настасја Накова (Скопје), Калина Попески (Црвена Звезда, Србија)
Репрезентацијата предводена од Катерина Милеска овие дена интензивно тренира и се подготвува во Скопје за претстојниот предизвик.
На тренинзите на нашата млада репрезентација присуствува и селекорот на женската репрезентација на Америка, Влатко Андоновски кој е ментор на нашиот селектор, Катерина Милеска.
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (21 ноември)
-
Без категорија2 денаЖолта предупредувачка фаза поради најавените обилни врнежи од дожд и силниот ветер, локално процесите ќе бидат во форма на невреме
-
Хороскоп16 часаХороскоп за сабота (22 ноември)
-
Македонија2 денаДржавниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи
-
Спорт20 часаУтре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
-
Култура2 денаДенес се празнува Св.Архангел Михаил, домаќини нека Ви е на помош празникот на војводата на сите ангели!
-
Македонија1 денАМСМ: Една коловозна лента во правец Охрид-Св.Наум има вода, сообраќајот се пренасочува по лева коловозна лента
-
Македонија1 денЦУК: Истакна соопштение за состојбата на водостоите на реките, излевања, поплавени објекти и одрони по региони ширум Македонија
