Спорт
Милевски ги истакна избраниците за мечевите против Грузија и Бугарија, но дополнително кажа дека се соочува со проблеми со формата на неколку фудбалери
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за последните два натпревари против Грузија (23. септември) и Бугарија (26. септември) од групата 4 во Ц сегментот од Лига на нации.
Првиот септемвриски меч ќе го одиграме на гостински терен во Тбилиси, домашниот натпревар против Бугарија е закажан на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје.
На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 27 фудбалери:
Голмани:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Игор АЛЕКСОВСКИ (Работнички);
Одбрана:
Стефан РИСТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ал Етифак, Саудиска Арабија), Висар МУСЛИУ (Инглоштат, Германија), Езѓан АЛИОСКИ (Фенербахче, Турција), Тодор ТОДОРОВСКИ (Сумгаит, Азербејџан), Стефан АШКОВСКИ (Ламиа, Грција), Никола СЕРАФИМОВ (МОЛ Види, Унгарија), Ѓоко ЗАЈКОВ (Ворскла, Украина), Бојан ДИМОСКИ (Академија Пандев);
Среден ред:
Елиф ЕЛМАС (Наполи, Италија), Енис БАРДИ (Трабзонспор, Турција), Аријан АДЕМИ (Динамо Загреб, Хрватска), Енис ФАЗЛАГИЌ (Дунајска Стреда, Словачка), Агон ЕЛЕЗИ (Вараждин, Хрватска), Јани АТАНАСОВ (Хајдук, Хрватска), Стефан СПИРОВСКИ (Пјуник, Ерменија);
Напад:
Милан РИСТОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Бојан МИОВСКИ (Абердин, Шкотска), Дарко ЧУРЛИНОВ (Барнли, Англија), Александар ТРАЈКОВСКИ (Ал Фејха, Саудиска Арабија), Ваљон ЕТЕМИ (Истанбулспор, Турција), Дориан БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија), Љупче ДОРИЕВ (Шкендија);
Собирот на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Грузија и Бугарија е закажан за 19. септември (понеделник) во 12:00 часот во х. Хилтон во Скопје.
Во групата од Лига на нации, македонската репрезентација со седум бодови од четири натпревари е на второто место. Грузија е лидер со десет бодови. Бугарија е трета со три, Губралтар има бод од досегашните четири меча.
Дополнително во својата прес конференција „Сер Боби“ истакна:
– „Не случајно на списокот се наоѓаат 27 фудбалери. Имаме многу проблеми и непланирани работи што се однесува до здравствената состојба и формата на неколкумина фудалери. Не сум задоволен од тоа и од таа причина се повикани толку фудбалери. Исто така, дел од играчите немаат клубови, неколкумина што се вели, пред некој ден најдоа клуб, а за формата да не говорам. Сите мора да ја подогнат формата во која се наоѓаат. Ние дојдовме на едно ниво што можеби е изненадувачки високо не само за нашата јавност, туку и пошироко и на сите сега ни е обврска да останеме на ова ниво, со тенденција да бидеме подобри“
– „Овие момци веќе редовно не изненадуваат, посебно кога тимот се соочува со проблеми. Момците секогаш покажуваат дека се во состојба да се стават во функција на тимот. Тие проблеми ни даваат дополнителен мотив и додека постојат шанси ќе дадеме се од себе да се бориме за највисок пласман. Овие мечеви во Лига на нации ги користиме за дооформување на ликот на тимот за тоа како треба да изгледа во иднина“.
– „Во оснос на здравствениот билтен, имаме проблеми со Дарко Чурлинов, треба да оди на дополнителни прегледи и потоа ќе ја знаеме состојбата, но јас се надевам дека ништо не е сериозно. Што се однесува до Илија Несторовски, тој е играч кој има многу дадено за Македонија и моментно не заслужува да го повикам само за да игра пет-десет или 15 минути. Несторовски кога ќе биде повикан планирам да го користам со максимална минутажа, а во моментов Милан Ристовски и Бојан Миовски се во предност зашто се во подобра форма“.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Никола Јокиќ го сруши рекордот, оствари нов трипл-дабл
Никола Јокиќ испиша нова страница во НБА историјата во победата на Денвер над Орландо од 126-115, со што го надмина досегашниот рекорд на Карим Абдул-Џабар.
Српскиот центар на овој натпревар ја забележа својата 5.654-та асистенција во кариерата, со што стана центарот со најмногу асистенции во историјата на лигата, оставајќи го зад себе легендарниот Абдул-Џабар.
Покрај тоа, Јокиќ го оствари и својот 195-ти трипл-дабл во НБА кариерата, запишувајќи 23 поени, 11 скока и 13 асистенции, и беше клучниот фактор за шестата последователна победа на Денвер.
Во следното коло, тимот од Колорадо ќе се соочи со Хјустон, а натпреварот е закажан за сабота, 20 декември.
/021.rs
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево22 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза21 часНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Македонија2 денаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Култура2 денаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (18 декември)
-
Хороскоп11 часаХороскоп за петок (19 декември)
-
Кичево15 часа(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
