Спорт
Милевски: Го сакаме предизвикот и сакаме да покажеме дека заслужуваме да бидеме меѓу најдобрите, одиме на победа против Ерманија!

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски со свое видување во пресрет на собирот на репрезентацијата за квалификациските натпревари во септември за пласман на Светското првенство.
„Започнуваме нов репрезентативен предизвик и се радувам на собирот и деновите кои ни следуваат.
Подготовките се кратки и мора да ги искористиме максимално. Ја знаеме нашата цел, знаеме со што располагаме и одиме да го потврдиме квалитетот.
– Некои промени се неизбежни, но не стравувам. Напротив, јас стојам зад репрезентацијата и фудбалерите и имам мотив и енергија да работиме квалитетно, максимално професионални и да бидеме конкурентни.
– Јас сум селектор и притисокот е врз мене. Фудбалерите мора да продолжат да веруваат во себе и во својот квалитет. Нашата заедничка цел е борба до крај во тековните квалификации, создавање група во која тимот, а не индивидуалци ќе биде најбитен и крајно да направиме се за да бидеме конкурентни за настап на следното Европско првенство.
– Резултатот е секогаш важен. Затоа во пресрет на подготовките за натпреварот со Ерменија велам дека сакаме победа бидејќи тој резултат ќе ни донесе дополнителна самодоверба.
Сите го сакаме најдоброто и ќе се обидеме така и да изгледаме да натпреварите кои ни следуваат.
– Го познавам тимот, знам дека имаме амбициозни и талентирани фудбалери, но и играчи со квалитет и искуство кои сеуште се гладни за нов, голем резултат. Освен тоа, имаме неколкумина репрезентативци кои влегуваат во најдобрите фудбалски години од своите кариери, а нивниот пристап ми говори дека македонската репрезентација ќе биде во одлични раце по повлекувањето на неколкумина фудбалери.
– Го сакаме предизвикот и сакаме да покажеме дека заслужуваме да бидеме меѓу најдобрите. Се надевам дека сите ќе бидеме здрави и подготвени за тоа“
Македонија ќе одигра три натпревари. На 2. септември ја пречекуваме Ерменија, на 5. септември гостуваме во Исланд, а на 9. септември на домашен терен ќе играме против Романија.
Собирот е закажан вечерва во 20:00 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје.
Спорт
Благоја Милевски го повика младиот Тошевски, во замена за повредените Ристовски и Ќамили, Ашковски неизвесен до самиот старт

После првиот тренинг на македонската фудбалска селекција, селекторот Благоја Милевски се соочи со неочекуван проблем. Имено, поради повреди на следните два меча против Лихтенштајн во гости и дома против Велс, неможе да смета на Милан Ристовски и Лирим Ќамили.
Како нивна замена, а според наши лични контакти со ова младо момче, дополнителен повик доби Тошевски Давид од австриски „Клагенфурт“. За стартот на Ашковски исто така ќе биде неизвесно како што информираат од ФФМ, но медицинскиот тим дополнително ќе ја прегледа неговата здравствена состојба со повредата на зглобот.
Напред Македонија!
Спорт
Македонската фудбалска репрезентација со молк и обединети во тага поради настаните ги започнаа претстојните подготовки за претстојните предизвици!

Македонската фудбалска репрезентација ги започна претстојните подготовки и нови предизвици со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите.
Обединети во тагата, со молитви жртвите да почиваат во мир, истакнаа на својата социјална мрежа.
Спорт
„Не е време за фудбал“, поради трагедијата во Кочани, Фудбалската федерација на Македонија ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции

Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите.
Изразуваме најискрено сочувство и поддршка.
Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции, истакнаа од „Куќата на фудбалот“ и претседателот Масар Омерагиќ за јавноста.
-
Кичево14 часа
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани
-
Балкан1 ден
(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники
-
Кичево1 ден
Кичевските гимназијалци утре со мирен собир ќе оддадат почит кон загинатите во страшната несреќа во Кочани
-
Македонија5 часа
Министерството за здравство предмалку истакна најново соопштение
-
Македонија1 ден
Поради снег предмалку воведена забрана за ТТВ на Стража, Маврово-Дебар
-
Македонија12 часа
Сообраќајци се обиделе да сопрат возило со мигранти, изгубило контрола и удрило во нив!
-
Временска прогноза22 часа
Попоски утрово истакна важни метео вести за денес, вакво време ќе имаме
-
Македонија2 дена
Градоначалникот на Кочани поднесе оставка, „Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот“