Спорт
Милевски и Трајковски: Се погдотвуваме максимално за мечот против Хрватска
Александар Трајковски – репрезентативецот на Македонија истакна следново:
– Се подготвивме максимално за предизвикот со Хрватска. Очекувам еден добар натпревар, а подобриот нека победи. Верувам во сите играчи во репрезентацијата. Доста од играчите во Хрватска ги познавам, се работи за врвни играчи и репрезентација. За нас ова ќе биде една одлична средба за да видиме до каде сме и да се подготвиме за циклусот во Лигата на нациите во септември.“
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
Очекувам еден добар натпревар, кога имате меч против селекција која според мене е топ-5 во светот, со сребро и бронза на последните првенства, со квалитет индивидуален и тимски, ни останува само да уживаме во мечот и да видиме како тим до каде сме”, истакнаа од ФФМ.
Спорт
Канатларовски: Молдавија ја дочекуваме со посебна желба и енергија за победа
Младата репрезентација на Македонија до 21 година, официјално во Скопје ги започна подготовките за октомврискиот цуклус на квалификации за пласман на ЕП.
Нашите репрезентативци на 11. октомври, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, ја дочекуваат Молдавија. На 15. октомври на гости играме против селекцијата на Грузија.
Селекторот на Македонија до 21 година, даде свој коментар за претстојните предизвици на својата репрезентација.
-Натпреварот со Молдавија го дочекуваме со посебна желба и мотивација, со оглед на тоа што се случуваше на првиот меѓусебен наш дуел каде што забележавме несреќен пораз.
-Се надевам и верувам дека ќе успееме да одиграме квалитетно, борбено и максимално пожртвувано, остварувајќи победа против незгоден ривал. Сигурно дека нема лесен противник во овие квалификации и ниту еден меч не може да се добие лесно, па така ќе биде и на следните дуели против Молдавија и Грузија.
-За овој собир играчкиот кадар ќе претрпи промени. На наше големо задоволство двајца наши играчи, Марио Илиевски и Андреј Стојчевски се повикани во А репрезентацијата на Македонија. Имаме 10 фудбалери кои подолго време се носители на оваа генерација и 10 млади фудбалери кои полека ќе ги подготвуваме за следниот квалификациски циклус што следува.
-Што се однесува до Грузија, не очекува еден тежок натпревар, на кој ќе добиеме вистинска слика за нашиот тим.
-Секој повик за репрезентацијата, сам по себе претставува голем мотив. Играчите треба да разберат дека националниот тим секогаш е на првото место и треба со голежа желба и посветеност за се игра и бори за Македонија, без разлика кој е противникот на другата страна, истакнаа од ФФМ.
Спорт
Македонија до 21 година во петок игра против Молдавија, да ги бодриме нашите момчиња!
Во вторник, на 8 октомври, ќе започне продажбата на билетите за натпреварот на репрезентацијата на Македонија до 21 година против Молдавија (11.октомври), на тренинг центарот „Петар Милошевски” со почеток во 14:00 часот.
Продажбата на билетите за натпреварот Македонија – Молдавија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на МКTickets.
На денот на натпреварот, карти ќе може да се купат на пултот на административната зграда на ФФМ.
Цената на билетите ќе изнесува 100 денари.
Продажни места:
ЛитератураМК East Gate Mall
ЛитератураМК Skopje City Mall
ЛитератураМК Улица Македонија
ЛитератураМК Diamond Mall
ЛитератураМК ТЦ Буњаковец
Туристичка агенција ЈК Травел ТЦ Бисер
Бензиска пумпа Макпетрол Влае
Бензиска пумпа Макпетрол Козле
Бензиска пумпа Макпетрол Илинденска
Спорт
Бањаја триумфираше на Големата награда на Јапонија, 16-та трка од Мото ГП шампионатот.
Актуелниот шампион водеше од почеток до крај за неговата прва победа во Мотеги во кралската класа, а осма оваа сезона. Најблиску до Бањаја беше Хорхе Мартин од Прамак Дукати по неверојатен пробив од 11. позиција на стартот. На третото скалило на подиумот се најде возачот на Гресини, Марк Маркез. Ваквиот исход значи дека Бањаја ја намали разликата во однос на Мартин на 10 бода, а до крајот на сезоната остануваат уште четири трки.
Бањаја на стартот го престигна Педро Акоста, додека Мартин почна да се пробива и беше четврти по само неколку свиоци. Возачот на Гас Гас извесно време се задржа на втората позиција пред да излезе од патеката во последниот свиок од четвртиот круг кога беше втор, зад Бањаја. Иако се врати на трката, тој се повлече во 15-от круг.
Оттогаш Мартин стигна до второто место, во еден момент дојде на седум десетинки од Бањаја, но во ниту еден момент не успеа да му се закани. Бранителот на титулата го зголеми темпото на половина од трката, Мартин дојде за секунда по неколку круга, но пред самиот финиш сомнежите за победникот беа отстранети. Мартин заостана секунда и пол зад Бањаја
Маркез возел осамена трка на третото место, завршувајќи три и пол секунди зад Прамак и половина секунда пред Енеа Бастианини на вториот Дукати. Најдобар меѓу останатите, и дури 13 секунди зад Бестија, беше вториот возач на Прамак, Франко Морбидели, пред Бред Бајндер од КТМ Рејсинг, како и дуото на VR46 тимот Марко Бецеки и Фабио ди Џанантони. Првите 10 ги комплетираа Алес Еспаргаро и Џек Милер.
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за среда (9 октомври)
-
Кичево14 часа
(ФОТО) Вечерва во преполна сала се одржа третиот по ред „Концерт на млади пијанисти“ во Кичево, аплауз и честитки до сите учесници, кои им претстои богата музичка кариера
-
Кичево17 часа
Кичевчанец додека го шетал своето куче бил нападнат од глутница кучиња скитници
-
Македонија6 часа
На малопродажните објекти авто-плинот со нова покачена цена за литар
-
Спорт1 ден
Канатларовски: Молдавија ја дочекуваме со посебна желба и енергија за победа
-
Технологија2 дена
Samsung започнува да произведува најбрзи „SSD“ дискови
-
Спорт2 дена
Македонија до 21 година во петок игра против Молдавија, да ги бодриме нашите момчиња!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (8 октомври)