Следете не

Спорт

Милевски: Индивидуалните можности да ги ставиме во функција на тактичките замисли

Објавено пред

на

Македонската селекција ги продолжува подготовките за утрешниот натпревар против Саудиска Арабија во Абу Даби.

Селекторот Благоја Милевски вели дека ваков тип на натпревари се добра можност фудбалерите да потврдат дека индивидуалните квалитети можат да ги пренесат во функција на тактичките замисли за натпреварот.

– Нашата цел за овој натпревар е на терен, против силен противник, да го видиме квалитетот и потенцијалот на фудбалерите. Се разбира дека ќе бидеме задоволни доколку можеме да сметаме на нив и во иднина. Тоа е всушност, основната намера на стручниот штаб. Доколку фудбалерите потврдат дека индивидуалните квалитети можат да ги пренесат во функција на тактичките замисли за натпреварот, тогаш ќе знаеме дека сме на добар пат, вели Милевски.

Натпреварот е од затворен тип, со можност за настап на сите повикани фудбалери. Нашиот селектор вели дека веројатно шанса ќе добијат сите повикани.

– Ја анализиравме селекцијата на Саудиска Арабија, иако со оглед на тоа дека мечот е од затворен тип, или тренинг натпревар, ќе има многу промени и шанса ќе добијат веројатно сите фудбалери. Акцентот го ставаме на нашата игра и можноста да ги исполниме тактичките замисли. Работиме добро на подготовките и утре треба сите да се увериме дека можеме да ја постигнеме целта. Против репрезентација која е учесник на Светското првенство мораме да бидеме и компактни и агресивни, но и трпеливо да ја бараме својата шанса, изјави Милевски.

Натпреварот се игра во 16:30 часот.

Спорт

Шкупи убедлив, Шкендија ремизираше, како победници ова коло се запишаа Работнички и ФК Скопје, преглед на 16-то коло од ПМФЛ

Објавено пред

на

Актуелниот првак Шкупи ја декласира Победа со 0-6 на гости во Прилеп и се искачи на второто место на табелата во Првата лига, со 28 бода, пет помалку од лидерот Струга ТЛ. Но, Шкендија не успеа да ја потврди фаворитската улога против Тиквеш во Тетово и ремизираше без голови.

Хамиди ја отвори серијата голови во седмата минута, а Трапановски зголеми на 0-2 седум минути подоцна. Реиналдо Цефас постигна и трет погодок за Шкупи во првиот дел, а уште три тимот од Чаир дополни и во второто полувреме.

Работнички ја победи Македонија ЃП со 2-0 на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Анес Рушевиќ во 26.минута ги доведе „романтичарите“ во водство, а две минути подоцна Мишевски си постигна автогол по нафрлувањето на Арменд Алими од слободен удар.

Шкендија не успеа да стигне до победа против Тиквеш играјќи 0-0.

Скопје со пресврт триумфираше против Академија Пандев со 2-1. Сите три гола беа постигнати во второто полувреме. Димитар Митровски во 61.минута донесе водство за „пандевци“, но Бујар Хајдари израмни во 71.минута, а Христијан Димов постигна победнички гол во 84.минута од дуелот.

ПРВА ЛИГА, РЕЗУЛТАТИ 16.КОЛО

ПОБЕДА – ШКУПИ 0-6

ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 0-0

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0

СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2-1

СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 1-2

Текст: makfudbal.mk

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија до 19 вчера славеше победа над Сан Марино во последното коло од квалификацискиот турнир во Скопје

Објавено пред

на

Репрезентацијата на Македонија до 19 години вчера оствари победа со 2:0 над соодветната селекција на Сан Марино во натпреварот од последното коло на квалификацискиот турнир кој се одржува во Скопје.

Младата репрезентација на Македонија ги освои првите бодови и со победа го заврши квалификацискиот циклус (прва фаза) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство 2023 година во Малта.

Во првото полувреме, избраниците на селекторот Неџат Шабани од старт ја презедоа иницијативата и не дозволија противникот посериозно да се закани по нашиот гол Подобрата игра ја крунисавме со погодок во 36. минута. Трајков се снајде одлично во противничкиот шеснаесетник и успеа да погоди за предност на Македонија.

Во продолжението од натпреварот, Македонија успеа да постигне уште еден погодок. Назифи во последните мигови од средбата ги постави конечните 2:0.

Во вториот натпревар во нашата група, на стадионот на Македонија Ѓ.П., селекцијата на Србија ја совлада Норвешка со 2:0 во директна борба за првата позиција во нашата група.

Македонија: Тасев, Чајани, Серафимов, Јаневски, Ѓоргиевски, Османи,Чилафи, Зенку, Трајков, Талевски, Ташов

Селектор: Неџат Шабани

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија до 21 одигра нерешено 1:1 против Србија во Кипар

Објавено пред

на

Младата репрезентација на Македонија до 21 годиниа во Кипар го одигра вториот контролен дуел, а противник беше содветната селекција на Србија.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски во еден добар натпревар во кој можеме да жалиме за пропуштените можности, одиграа 1:1 против нашиот северен сосед.

Марко Алчевски уште еднаш одигра одличен меч, на два пати одлично интервенираше во првото полувреме. Марио Илиевски ја имаше најдобрата прилика за Македонија, но немаше среќа да погоди. Во последните минути од средбата, Лука Станковски беше во добра прилика да и донесе победа на Македонија, но не се снајде најдобро, откако доби одлична топка од Бехар Фета.

Берат Калкан во 20. минута погодува за предност на Македонија од 1:0. Репрезентацијата на Србија во 45. минута го изедначи резултатот. Митровиќ беше сигурен од белата точка.

Во 30. минути, на младата репрезентација на Македонија не и беше досуден чист пенал, откако крилниот фудбалер Калкан беше фаулиран во шеснаесетникот на противникот.

Македонија одигра нерешено 1:1 и против селекцијата на Кипар во првиот контролен меч за нашите млади фудбалери.

Македонија: Алчевски, Деспотовски, Рамадани, Стојчевски, Максимов, Тодоровски, Рамани, Крстевски, Малевски, Илиевски, Калкан

Селектор: Драги Канатларовски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија5 часа

Предмалку регистриран земјотрес во околината на Кичево од 2 степени

Слаб земјотрес со интензитет од 2 степени денеска е регистриран во близина на Кичево, известува 4News.mk Епицентарот бил на 17...

Македонија10 часа

Од ноќеска повторно малопродажната цена на горивата се намалува, еве по која цена ќе возиме..

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Македонија10 часа

Опасноста демне, вчера 953 санкционирани возачи кои возеле побрзо, дури 500 возила пречекориле брзина во населено место

Во текот на вчерашниот ден (27.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија...

Гејминг10 часа

Microsoft открива кога GTA VI може да биде објавена

Се појави документ со поим за можниот временски период на издавање на играта GTA 6. GTA (Grand Theft Auto) е...

Магазин11 часа

Збогум на авионски режим: 5G поврзување со мобилен телефон наскоро во текот на летот

Европската унија ја отвора вратата за инсталирање антени 5G во авионите за да им овозможи на патниците да остваруваат повици,...

Свет11 часа

Кина утре ќе го лансира вселенското летало Shenzhou-15 кон својата вселенска станица

КИНА ќе го лансира вселенското летало Shenzhou-15 до својата вселенска станица на 29 ноември во 23 часот (1508 часот по...

Автомобили11 часа

Светот се менува: Секој втор возач ќе се откаже од возилото до 2030 година?

Возачите ќе претпочитаат да користат услуги наместо да поседуваат автомобил. Водечката консултантска компанија за менаџмент и технологија BearingPoint сугерира дека...

Магазин11 часа

Маск потврди дека Twitter ги шифрира директните пораки (DM)

Новиот сопственик на Twitter , Илон Маск, потврди дека компанијата планира да воведе end-to-end енкрипција (E2EE) за директни пораки на...

Магазин11 часа

Маск се заканува дека ќе создаде алтернативен телефон доколку Apple и Google ја забранат апликацијата Twitter

Илон Маск, кој е сопственик на Twitter, изјави дека ќе создаде алтернативен телефон доколку неговата социјална мрежа биде забранета во...

Магазин12 часа

Како да ги скриете Memories во Google Photos

Google Photos им овозможува на своите корисници да сокријат одредени слики доколку сакаат. Од криење слики на конкретни луѓе и...

НАЈЧИТАНИ