Спорт
Милевски: „Лига на нации дава одлична можност за пласман на Светско првенство, но патот до таму е навистина тежок, деби повик доби Трапановски од Данди Јунајтед“

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за натпреварите од почетокот на Лигата на нациите против Фарски Острови (7. Септември) и Ерменија (10. Септември). Деби повик во најдобрата селекција доби Кристијан Трапановски од шкотски Данди Јунајтед. Поради повреда на списокот не се најде голманот Дејан Илиев.
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација
– „На списокот со повикани фудбалери нема поголеми измени од оние кои ги завршија квалификациите за ЕП. Фудбалерите на кои сметаме покажаа дека имаат потенцијал да се тука и понатаму. Жал ми е што Дарко Велковски е без клуб и нема да биде во комбинација за настап на двата меча. Дени Илиев исто така нема да биде во составот поради повреда. Дебитант е Кристијан Трапановски кој со настапите за Данди Јунајтед заслужи да биде дел од тимот. Ги следев неговите игри и пред да направи трансфер во Шкотска, разговаравме и беше свесен за одредени недостатоци во играта. Познавајќи го каков карактер е, на добар пат е да се наметне и во репрезентацијата. Неколку фудбалери од младата селекција се потенцијални за повик во А тимот. По крајот на нивните квалификации за ЕП, неколкумина од нив би требало да се приклучат во нашата репрезентација„.
– „Фарски Острови се незгоден противник, агресивен и дисциплиниран противник. Се игра на вештачка трева и ќе мора да се навикнеме и на тој момент. Мора да сме на максимумот на можностите, сите ставени во функција на тимот, но со респект кон секој противник во групата. Фарски Острови не се наивни, условите ќе бидат тешки и мора да се потрудиме максимално“.
– „Оваа Лига на нации, дава можност за пласман на Светско првенство, но патот до таму е навистина тежок. Не очекуваат противници кои се незгодни, физички одлично подготвени,играат дисциплинирано и со доста динамика.Мирен сум дека пред септемврискиот циклус, речиси сите ги минаа подготовките и се максимално спремни, за разлика од јунскиот прозорец кој секогаш ни бил проблематичен“.
– „Не ме загрижуваат лошите резултати на последните пријателски натпревари. Свесно ги одбравме ривалите за контролните мечеви. Како селектор не бркам рејтинг преку Сан Марино и Андора, битно ми е играчите да напредуваат преку квалитетни тестови со силни ривали. Иако ги загубивме двата натпревари против Чешка и Хрватска имаше позитивни, како и негативни работи. Не сум задоволен од натпреварите во јуни, за разлика од тие во март за кои немав што да замерам, освен за реализацијата“.
Првиот натпревар против Фарски Острови се игра на 7 септемвриод 15:00 часот, а вториот дуел е закажан на 10 септември од 20:45 часот против Ерменија во Скопје, истакна ФФМ.
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.
Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.
Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.
Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Македонија4 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје2 дена
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Lifestyle2 дена
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро
-
Хроника2 дена
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Lifestyle2 дена
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!
-
Lifestyle2 дена
Три начини на кои тестенините можат да ви помогнат да ослабете