Спорт
Милевски: Очекувам играчите да го дадат својот максимум, додека кој ќе настапи и колку зависи од физичката спремност поединечно за секого
Во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар за ЕУРО 2024 меѓу Македонија и Украина на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје, прес – конференција одржаа селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски и капитенот, Стефан Ристовски.
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
„Од фудбалерите кои ќе се најдат на терен може да очекуваме да го дадат својот максимум. Кој ќе настапи и колку ќе игра зависи од физичката подготовка на секој поединечно, а за натпреварувачка форма не можеме многу да зборуваме, туку за она кој од нив е близу до натпреварувачки ритам. Она што ме прави задоволен во овој изминат период, од 2 јуни па наваму, мислам дека успеавме да направиме баланс од оние кои завршија подоцна, со оние кои порано завршија со своите шампионати. Има крв и желба кај сите за овој натпревар и тоа ќе ни биде еден од условите за натпреварот со Украина, тоа ќе биде максимална трка и физичка подготвеност. Ќе мора да бидеме на 100%, затоа што Украина е извонредно квалитетна селекција и екипно и индивидуално“.
„Овој меч ќе биде поразличен од тој со Германија, мислам пред сѐ во пристапот на Украина, но тоа не значи дека не сме подготвени. Ги анализиравме, имаат нов селектор, ги анализиравме и од мечот на Европско и други мечеви, но и мечот со Германија. Заклучокот е дека се извонредно силна селекција. Ние мора да бидеме и на повисоко ниво од нашето, ако сакаме успешен резултат“
Стефан Ристовски – капитен на македонската А репрезентација:

„Украина е една од селекциите која ја сметаат за „нефаворит“, ама играат одличен фудбал. Со нив игравме на Европското првенство, а покажавме две различни полувремиња. Направивме грешки кои ривалот ги казни. Ако сакаме да се надеваме на резултат на домашен терен, тогаш ќе мора да одиграме максимално и ни треба еден перфектен меч.
– Ако сакаш нешто повеќе со вакви селекции, не може само да се браниш, мора нешто да направиме и во офанзива, да задржиме топка. Во фудбалот сѐ е можно. Ни треба максимален фокус од прва до последна минута. Спремни сме и се надевам со поддршка од навивачите која ќе ни биде ветер во грб ќе дојдеме до позитивен резултат“.
Спорт
(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност
Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот на Кирнан Дјусбери-Хол постигнат во 29. минута.
Иако тимот на Дејвид Мојес уште од 13. минута играше со играч помалку, поради исклучувањето на Идриса Геј за удирање на својот соиграч Мајкл Кин, сепак успеа да го задржи водството. Инцидентот се случи откако Кин прво двапати го турна Геј, по што Сенегалецот реагираше со удар.
Голманот Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да ги раздели, а судијата веднаш му додели директен црвен картон на Геј поради насилно однесување. Во тој момент Бруно Фернандес веќе се закануваше со опасна акција за Јунајтед.
– „Знаете што, мене ми се допаѓа кога моите играчи покажуваат страст. Не сакам да прифатат ситуација во која некој не дава доволно. Ако сакате победнички менталитет и отпорност, какви што ни донесоа резултати, мора да имате играчи кои реагираат силно“, изјави Мојес за британските медиуми.
По натпреварот, Геј се извини и на Кин и на целиот тим.
– „Целосно ја преземам одговорноста за мојата реакција. Тоа што се случи не го претставува мојот карактер ниту вредностите што ги почитувам. Емоциите понекогаш се силни, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Ќе се погрижам никогаш да не се повтори“, напиша тој на социјалните мрежи.
Еве го моментот:
How come Idrissa Gueye Gana is shown a straight red card for attacking his teammate while Michael Keane is spared for the same. Watch closely. First attack was actually from Keane. Both should've been booked but…anyway.
Man united#muneve#ManUnited #Everton pic.twitter.com/CJshHREBye
— Nasir (@nasirkenya) November 24, 2025
Извор: novosti.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
-
Кичево1 денОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Македонија1 ден„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Кичево8 часаОВР Кичево поднесе кривична за лице од скопско, најдена банкарска картичка употребил за купување на производи
-
Хороскоп20 часаХороскоп за четврток (27 ноември)
-
Временска прогноза19 часаПопоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
-
Lifestyle7 часа„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија
-
Магазин1 денGoogle Photos добива шест нови AI-функции: Подобрено уредување, пребарување и креативност
