Следете не

Спорт

Милевски: Очекувам играчите да го дадат својот максимум, додека кој ќе настапи и колку зависи од физичката спремност поединечно за секого

Објавено пред

на

Во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар за ЕУРО 2024 меѓу Македонија и Украина на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје, прес – конференција одржаа селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски и капитенот, Стефан Ристовски.

Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:

Од фудбалерите кои ќе се најдат на терен може да очекуваме да го дадат својот максимум. Кој ќе настапи и колку ќе игра зависи од физичката подготовка на секој поединечно, а за натпреварувачка форма не можеме многу да зборуваме, туку за она кој од нив е близу до натпреварувачки ритам. Она што ме прави задоволен во овој изминат период, од 2 јуни па наваму, мислам дека успеавме да направиме баланс од оние кои завршија подоцна, со оние кои порано завршија со своите шампионати. Има крв и желба кај сите за овој натпревар и тоа ќе ни биде еден од условите за натпреварот со Украина, тоа ќе биде максимална трка и физичка подготвеност. Ќе мора да бидеме на 100%, затоа што Украина е извонредно квалитетна селекција и екипно и индивидуално“.

„Овој меч ќе биде поразличен од тој со Германија, мислам пред сѐ во пристапот на Украина, но тоа не значи дека не сме подготвени. Ги анализиравме, имаат нов селектор, ги анализиравме и од мечот на Европско и други мечеви, но и мечот со Германија. Заклучокот е дека се извонредно силна селекција. Ние мора да бидеме и на повисоко ниво од нашето, ако сакаме успешен резултат

Стефан Ристовски – капитен на македонската А репрезентација:

Украина е една од селекциите која ја сметаат за „нефаворит“, ама играат одличен фудбал. Со нив игравме на Европското првенство, а покажавме две различни полувремиња. Направивме грешки кои ривалот ги казни. Ако сакаме да се надеваме на резултат на домашен терен, тогаш ќе мора да одиграме максимално и ни треба еден перфектен меч. 

– Ако сакаш нешто повеќе со вакви селекции, не може само да се браниш, мора нешто да направиме и во офанзива, да задржиме топка. Во фудбалот сѐ е можно. Ни треба максимален фокус од прва до последна минута. Спремни сме и се надевам со поддршка од навивачите која ќе ни биде ветер во грб ќе дојдеме до позитивен резултат“. 

Спорт

(ВИДЕО) Имплементирање на ВАР системот ќе ја врати сигурноста на терените и кај инвеститорите, младите селекции ќе го добијат вистинскиот третман

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video

Претседателот на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ во интервју за ТРТ Балкан говори за неговата визија како да се подобрат состојбите и квалитетот на натпреварите во македонскиот фудбал, за очекувањата од фудбалската репрезентација, но и за можноста за Регионална фудбалска лига во која би играле клубови од регионот.

– „Публиката ќе се врати на терените кога ќе имаме конкурентни тимови, имплементацијата на ВАР системот, луѓе, компании и фирми кои сакаат да инвестираат во фудбалот ќе добијат сигурност на она што го вложиле, тоа ќе има вредност и ќе знаат дека нема да бидат оштетени од субјективни причини“ – истакна во ексклузивното интервју г-дин Омерагиќ.

Во продолжение проследете го одличното интервју во целост на колегите од ТРТ Балкан:

Прочитај повеќе...

Спорт

Футсал Македонија до 19 години оствари значајна победа над Гибралтар во рамките на првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман на ЕП во Молдавија

Објавено пред

на

©ФФМ

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа значајна победа над Гибралтар со 3:1 во рамките на првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман во главната рунда на квалификации за ЕП во Молдавија 2025.

Избраниците на селекторот Лекиќ одиграа добар натпревар, ја оправдаа фаворитската улога и остварија сосема заслужена победа над Гибралтар. Давид Тоневски го отвори резултатот на средбата. Марио Јанев зголеми на 2:0. Противникот успеа да ја намали предноста на 2:1, но Марио Јанев со својот втор погодок ја врати предноста од два гола и ги постави конечните 3:1.

Во последното коло од турнирот, Македонија ќе игра со домаќинот Естонија, за јавноста известија од Фудбалската федерација на Македонија

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) Доаѓаат големи работи, дијамантот Елмас на маса со Пандев и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, за плановите во иднина

Објавено пред

на

ФОТО: Масар Омерагиќ

Предмалку Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ преку својата социјална мрежа обзнани фотографија со Горан Пандев, спортскиот директор на Национални репрезентации, и лидерот, легенда, дијамантот Елиф Елмас, нашата репрезентативна ѕвезда, на разговор, да споделат и да ја планираат иднината.

Доаѓаат големи работи. 🙌

Напред момци, фудбалот пред сè! 🇲🇰

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за недела (26 јануари)

ОВЕН Што и да започнете, ќе се заврши во хаос. За вас е најпаметно да ги избегнете сите ситуации во...

Кичево4 часа

(ВИДЕО) Жителите на кичевската населба Иванидол бараат дислокација на Асфалтната база која е речиси до куќите

Базата за асфалт изградена во населба Иванидол – Кичево е оддалечена само 60 метри од куќите, а како што се...

Македонија13 часа

Во охридската Општа Болница вработена нападнала колешка во работно време

На 24.01.2025 во 13.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка...

Кичево14 часа

„Саншајн Кидс“ – Кичево со серија бесплатни работилници за еманципација и едукација во рамките на проектот #BeHerVoice.

Граѓанското здружение од Кичево „Саншајн Кидс“ Ве поканува да учествувате во уникатна серија работилници за еманципација и едукација организирани во...

Спорт15 часа

(ВИДЕО) Имплементирање на ВАР системот ќе ја врати сигурноста на терените и кај инвеститорите, младите селекции ќе го добијат вистинскиот третман

Претседателот на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ во интервју за ТРТ Балкан говори за неговата визија како да се подобрат состојбите...

Временска прогноза17 часа

Температурна инверзија, ладно во градовите, магла и топло на превоите и котлините

Голема температурна инверзија имаме  и ова утро и претпладне во Македонија, котлините се многу поладни од планинските места и Скијачките...

Македонија20 часа

Среќен роденден за нашиот непреболен ангел, најголемата македонска ѕвезда, наш Тоше Проески, вечна слава!

Денес 25.01.2025 изминуваат 44 години од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој со својот огромен...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (25 јануари)

ОВЕН Денес целиот ваш труд ќе делува како залуден, но не грижете се за затоа што успехот ќе дојде брзо....

Социјални мрежи1 ден

Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари

Додека Apple и Google одбиваат да го вратат TikTok во нивните е-продавници за апликации додека не го купи американска компанија,...

Спорт1 ден

Футсал Македонија до 19 години оствари значајна победа над Гибралтар во рамките на првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман на ЕП во Молдавија

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа значајна победа над Гибралтар со 3:1 во рамките на првиот натпревар од...

НАЈЧИТАНИ