Следете не

Спорт

Милевски одлучи за следните 24 фудбалери за мечот против Словенија на нашата фудбалска репрезентација до 21 година

Објавено пред

на

Македонската репрезентација до 21 година на 3. јуни во словенечки Терме Чатеж ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Словенија.
Подготовките на нашата млада репрезентација започнуваат на 26. мај, а ќе бидат поделини во два дела. Селективна фаза по која селекторот Милевски ќе одлучи кои 24 фудбалери ќе бидат дел од главната подготвителна фаза и натпреаврот со Словенија на гостински терен.

Селекторот Благоја Милевски ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: ДАВИД ДЕНКОВСКИ (БРЕГАЛНИЦА ШТИП), ДАМЈАН СЕРАФИМОВ (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П), АЛЕКСАНДАР АНЃЕЛКОВСКИ (РЕНОВА), ИВАН НИКОЛОСКИ (ВЕЛАЗЕРИМИ 77);

ОДБРАНА: ФИЛИП АЛЕКСОВСКИ (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П), АЛЕКСАНДАР ЃУРКОВСКИ (ВАРДАР), ГЕОРГЕ ЈАНКУЛОВ (ЖЕЛЕЗНИЧАР ПАНЧЕВО), ФИЛИП АНТОВСКИ (СЛАВИЈА СОФИЈА), МАРИО МЛАДЕНОВСКИ (БОТЕВ ПЛОВДИВ), МЕТЈУ БОЖИНОВСКИ (МЕЛБУРН ВИКТОРИ), МАРКО СТОЈЧЕСКИ (ТЕЛЕОПТИК), БОЖИДАР МИТРЕВСКИ (ТЕТЕКС), БЕСИР ИСЕНИ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ), АРДИАН БЕЌИРИ (ДРИТА), АНАТОЛИЈ ПЕТЕЈЧУК (ВАРДАР);

СРЕДЕН РЕД: АГОН ЕЛЕЗИ (ВАРАЖДИН), БОЈАН ДИМОСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ), БЕСНИК ФЕРАТИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ), ЕНИС ФАЗЛАГИЌ (ЖИЛИНА), ФЛОРЕНТ РАМАДАНИ (ШКЕНДИЈА), ЛУКА СТАНКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ), ТОМЧЕ ГРОЗДАНОВСКИ (ЗЛАТЕ МОРАВЧЕ), ЛУКА ЗДРАВКОВСКИ (КОМ), ДАВИД МАНАСИЕВСКИ (СИЛЕКС);

НАПАД: МАРКО ЃОРЃИЕВСКИ (ВОЖДОВАЦ), МАРИО ИЛИЕВСКИ (СЕПТЕМВРИ СОФИЈА), МЕТОДИ МАКСИМОВ (РАБОТНИЧКИ), АРБИ ВОША (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П), ЈАКУП БЕРИША (ШКУПИ), АМЕЛ РУСТЕМОСКИ (ГРАСХОПЕР), ЛУКА ТРАЈКОСКИ (БОРЕЦ );

– „Овој собир ќе биде поделен во два дела. Од 26. до 29. мај дел од повиканите фудбалери ќе бидат вклучени во селективната фаза од подготовките, а главниот дел ќе го одработиме до контролниот натпревар против Словенија на 3. јуни во Терме Чатеш. Се одлучивме на овој чекор од причина што дел од фудбалерите кои беа со репрезентацијата на собирот и тест мечевите во Турција не покажаа доволен квалитет, посебно во одбраната и затоа сме принудени да бараме поинакви решенија.

Според планираното во Словенија ќе патуваат најмногу 24 фудбалери. Во оваа репрезентација веќе ги имаме фудбалерите (16-ет до 18-ет фудбалери) кои го прават костурот на селекцијата, а јас се надевам дека после овој собир ќе ја имаме целината која ќе не води низ следниот квалификациски циклус. Ова е последниот филтер и верувам дека сите сериозно ќе ја разберат својата задача“ – за медиумите додаде Милевски

Спорт

ФФМ известува дека мора негативен Ковид-19 тест за сите кои имаат билети за утрешниот натпревар со Украина

Објавено пред

на

Фудбалската репрезентација на Македонија, утре од 15 часот на „Националната Арена“ во Букурешт го игра вториот натпревар на ЕП 2020 против Украина во второто коло, така што ФФМ известува следново, до сите кои имаат билети за утрешниот натпревар.

„Апелираме до сите навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација кои имаат влезница за утрешниот натпревар со Украина на Националната арена во Букурешт, доколку се во можност, денеска да обезбедат алка за негативен Ковид-19 тест (задолжителна за влез на стадионот), од причина што организаторите на натпреварот очекуваат голем број навивачи на двете репрезентации да пристигнат во Букурешт во текот на утрешниот ден.“

Прочитај повеќе...

Спорт

Алиоски: Точно знаеме што да подобриме, најважно е да веруваме во себе и во тимот, одиме на победа!

Објавено пред

на

Македонската А репрезентација на 17. јуни ја очекува вториот натпревар од Европското првенство. Украина е селекцијата на која ќе им се спротивставиме на Националната арена во Букурешт.

Нашиот репрезентативец, Езѓан Алиоски зборуваше за очекувањата од натпреварот.

– Горди сме на натпреварот што го одигравме против Австрија. Резултатот не беше добар за нас, но мораме да размислуваме позитивно. Се фокусираме на мечот со Украина, имаме време за закрепнување и ќе бидеме подготвени. Го анализираме противникот и треба да ги корегираме грешките од првиот натпревар. Треба да го играме нашиот фудбал, да веруваме во себе. Овој натпревар е како финале за нас, но и за Украина.

Тактички треба да бидеме на ниво, но и да бидеме многу внимателни. Украина игра добар, офанзивен фудбал. Постигнаа два гола против Холандија, влегуваат како фаворити на мечот и тоа е добро за нас. Имаме квалитет, ќе излеземе без страв и со верба во позитивен резултат. Точно знаеме што треба да подобриме и важно е бидеме на ниво во текот на сите 90. минути. Имаме квалитет да постигнеме два гола дури и да сме во негатива.

Најважно е да веруваме во себе и во тимот.

Прочитај повеќе...

Спорт

И ФФМ прати допис до УЕФА за најстрога казна кон Арнаутовиќ кој расистички го нападна Алиоски

Објавено пред

на

Марко Арнаутовиќ расистички го нападна Езгјан Алиоски, а Фудбалската федерација на Македонија застана во заштита на македонскиот репрезентативец. Поднесен е официјален допис до УЕФА.

„Фудбалската федерација на Мaкeдонија најостро го осудува националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на вчерашниот натпревар со Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Истовремено ве информираме дека поднесовме официјален допис до УЕФА во кој бараме најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ.

Како “Куќа на фудбалот” секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме.

Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат”, истакнаа од ФФМ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 50 минути

Кичевската улица „Скопска“ утре блокирана за сообраќај поради градежни работи

ЈП Комуналец – Кичево ги известува граѓаните со живеалишта на ул. „Скопска“ утре на ден 17.06.2021 (четврток) од 08:00 до...

КичевоПред 2 часа

Кичево денес прв град по новозаболени од Ковид-19, ова е билансот по градови

Министерството за здравство денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 15 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 5...

МагазинПред 4 часа

„Протече“ новиот Windows 11: Како изгледа, како звучи и што ни носи?

Информациите за изгледот и новите карактеристики на Windows 11, познат и како „Sun Valley“, стигнаа до медиумите откако неколку слики...

СпортПред 5 часа

ФФМ известува дека мора негативен Ковид-19 тест за сите кои имаат билети за утрешниот натпревар со Украина

Фудбалската репрезентација на Македонија, утре од 15 часот на „Националната Арена“ во Букурешт го игра вториот натпревар на ЕП 2020...

СветПред 5 часа

Канцерогени хемикалии пронајдени во шминка производи во САД и Канада

Една нова студија открила високи нивоа на маркери за токсични PFAS супстанции во 52 проценти од 231 шминка производи тестирани...

Временска прогнозаПред 11 часа

Покачување на дневните температури, во попладневните периоди продолжува нестабилното време

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со умерена локална облачност. Попладне особено во планинските региони ќе има...

СпортПред 12 часа

Алиоски: Точно знаеме што да подобриме, најважно е да веруваме во себе и во тимот, одиме на победа!

Македонската А репрезентација на 17. јуни ја очекува вториот натпревар од Европското првенство. Украина е селекцијата на која ќе им...

На денешен денПред 12 часа

На денешен ден – 16 јуни

1671 година – Водачот на востанието Дон Козак и селанец, Степан Стењака Тимофејевиќ Разин, беше јавно погубен во Москва. Во...

ХороскопПред 19 часа

Хороскоп за денес (16 јуни) среда

ОВЕН Можно е да ве преплавуваат негативни мисли, ќе бидете особено нетрпеливи овие два дена. Вашата ароганција може да ве...

ЗанимливостиПред 22 часа

Студија тврди дека пронајдени биле „вселенски печурки“ на Марс

Една неодамнешна студија тврди дека пронашла докази за форми на живот слични на габи на површината на Марс. „Вселенските печурки“...

НАЈЧИТАНИ