Следете не

Спорт

Милевски: Посакувам само да сме здрави, целосно мотивирани влегуваме во игра

Објавено пред

на

ФФМ

Македонија во група со Ерменија, Фарски Острови и Летонија во Лига на Нации.

Благоја Милевски – селектор на Македонија:

– “Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме да ги избегнеме, овој пат тоа не е случај.
Во денешниот фудбал нема фаворити. Посакувам само да бидеме здрави”.

– “Имаме минати дуели со сите селекции во групата, јасно е дека имаме и позитивни и лоши искуства со овие противници.
Мораме да бидеме целосно фокусирани.
Да имаме прав пристап против секој противник. Ерменија ја победивме на последниот меч на гости со 5:0, но да не заборавиме дека таму имаме и пораз од 4:0.
Фарски Острови и Летонија влегуваат со свои пресметки и очекувања”.

– “Секој противник носи различен пристап, но не бегаме од одговорноста и целта за нас е прво место во групата”.

Спорт

(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години од 12ч го игра својот втор контролен меч против Русија.

Првиот меч заврши без победник, односно 1:1. Стрелец на голот за нашата селекција беше одличниот Давид Лиотоски, додека нашиот кичевчанец Стефан Војчески одлично се покажа. Поради тој факт, денес сме присутни и очекуваме уште подобра подготвеност.

Натпреварот во живо проследете го во продолжение:

Прочитај повеќе...

Спорт

Дриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации

Објавено пред

на

©porta.mk

Во рамки на денешниот ден нашите момчиња од „ФК Кичево“ одиграа првенствени натпревари во детската лига. Најголемо внимание предизвика натпреварот помеѓу двете талентирани генерации од 2014 година против екипата на „ФК Влазрими“. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Дамјан Спасеноски од слободен удар, после низа пропуштени шанси.

Свој натпревар одигра и генерацијата 2016/2017 која што за прв пат со големи амбиции се натпреварува оваа година. Во овој натпревар им подадовме рака на противниците за подобрата игра, стрелец на голот за нашата екипа беше Тадеј Станковски. 

 

* Нашите најмали надежи од 5 и 6 години исто така одиграа фудбалски натпревар за пофалба. Таму стрелецот на голот беше Јован Дојчиноски

Во прилог погоре, се поставени фотографии од генерација 2014, на „ФК Кичево“ преку нашиот објектив. Додека останатите фотографии од другите генерации ќе бидат објавувани на официјалната фан страница од ФК Кичево и нивниот инстаграм профил во текот на денешниот и утрешниот ден.

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ истакна важни информации за македонските навивачи кои го проследат мечот помеѓу Велс – Македонија

Објавено пред

на

©porta.mk

На 18 ноември, во Кардиф, машката А селекција на Македонија ќе го одигра квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против репрезентацијата на Велс. За да се обезбеди уредно и безбедно искуство за сите наши поддржувачи, ФФМ ги проследува следните насоки добиени од организаторите, наменети за македонските навивачи кои ќе присуствуваат на стадионот:

– Влезните порти ќе бидат отворени два часа пред стартот на мечот. Се препорачува пристигнување најмалку еден час претходно.
– Македонските фанови се распределени во секторите 119, 121 и 122; влезот е дозволен единствено преку Gate 12.
– По напуштање на стадионот не е дозволен повторен влез.
– Нема потреба од покажување лична карта или пасош на влезот.
– Навивачи со билети купени за домашните трибини може да бидат спречени да влезат или отстранети од трибините.
– Пабот Walkabout на St. Mary Street традиционално ги пречекува гостинските навивачи (walkaboutbars.co.uk/cardiff).
– До стадионот има околу 25 минути пешачење од центарот; на располагање се такси и јавен превоз (станици Ninian Park и Grangetown).
– На денот на натпреварот нема да има продажба на билети.
– Паркингот за автобуси е бесплатен. За автомобили има ограничен број места, со цена од 10 фунти која се плаќа на лице место.
– Штандовите за храна и пијалаци работат од моментот на отворање на влезовите. Плаќањето е исклучиво безготовинско.
– За лица во инвалидски колички е предвиден посебен страничен пристап веднаш до Gate 12.
– Забранети се пиротехнички средства, професионална фотографска опрема, сопствена храна и пијалоци, како и големи торби. Мали торби се дозволени по безбедносна проверка. Знамиња до величина 2×1 м се прифатливи доколку немаат недолична или забранета содржина.
– Употреба на пиротехника во близина или внатре во стадионот може да резултира со апсење и забрана за влез.
– Лица кои се во видлива, тешка алкохолизирана состојба нема да бидат пуштени на стадионот.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт53 минути

(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години од 12ч го игра својот втор контролен меч против Русија. Првиот меч заврши...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за недела (16 ноември)

ОВЕН  Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе...

Скопје19 часа

ЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија

Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани...

Временска прогноза20 часа

Од вторник следува промена на времето во Македонија

Во вторник и во среда (18 и 19 ноември) нашата Македонија ќе биде зафатена од голем влажен воздушен бран од...

Спорт24 часа

Дриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации

Во рамки на денешниот ден нашите момчиња од „ФК Кичево“ одиграа првенствени натпревари во детската лига. Најголемо внимание предизвика натпреварот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (15 ноември)

ОВЕН Ве очекува поволен период за работа. Може да се надевате на многу значајно подобрување. Можеби конечно наоѓате компромис и...

Спорт2 дена

ФФМ истакна важни информации за македонските навивачи кои го проследат мечот помеѓу Велс – Македонија

На 18 ноември, во Кардиф, машката А селекција на Македонија ќе го одигра квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против...

Свет2 дена

Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја

Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани...

Спорт2 дена

Македонија ремизираше на пријателскиот натпревар против Летонија на „Тодор Проески“

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови на контролниот дуел против Летонија во Скопје, меч во кој создадовме неколку солидни...

Хороскоп3 дена

Хороскоп за петок (14 ноември)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

НАЈЧИТАНИ