Спорт
Милевски: „Утре нѐ очекува еден голем меч, вистински спектакл, се надевам дека ќе уживаме и ќе одиграме добар натпревар“

Во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар против селекцијата на Англија во Скопје, селекторот Благоја Милевски и репрезентативниот голман Столе Димитриевски, ги споделија своите очекувања.
Благоја Милевски – селектор на македонската фудбалска репрезентација:
–Веќе направивме доста измени и во составот и во начинот на функционирање по дуелот во Манчестер. Веќе имаме нова физиономија на тимот, со доста млади играчи, со добра перспектива според она што го гледаме во последните пет натпревари.
-Нормално е да имаме осцилации со млад тим, ама тоа мора да се мине. Овие натпревари се одлична шанса, да ги споредите своите можности со најдобрите во Европа и светот. Свесни сме дека проблемот со темпото ни е актуелен веќе со месеци наназад. Ростерот е тој, играчите имаат доста проблеми во своите клубови, ама тука не можеме да помогнеме. Ќе мора да се надеваме дека ситуациите ќе им се променат, за да бидеме што поконкурентни барем на физички план против вакви противници.
-Примивме многу голови во овие квалификации и треба да работиме на тоа. Можеме во иднина само да се подобруваме и да напредуваме. Верувам во потенцијалот на оваа генерацја, утре не очекува еден голем меч, вистински спектакл и се надевам дека ќе уживаме и ќе одиграме добар натпревар.
Столе Димитриевски – голман на македонската фудбалска репрезентација:
–Одигравме навистина многу тежок натпревар со Англија на Олд Трафорд. Резултатот не беше реален со оглед на нашиот квалитет, но тоа е фудбал, се случуваат и такви работи. Научивме многу од тој натпревар, ни следни нов, на кој треба да покажеме и докажеме дека тоа не беше вистинската слика за нас
-Играме пред нашата публика, треба да го дадеме максимумот, да одиграме одличен натпревар и да се покажеме во вистинско светло.
-Сепак, ние сме една репрезентација која има доста нови играчи, во дефанзивата и сите редови. Потребно е време за да се запознаеме и ускладиме, да одиграме заедно натпревари, тоа е факт. Мора многу подобро да работиме, цел тим во дефанзива, не само јас или одбраната. Треба да сме пофокусирани бидејќи примаме доста голови поради ситни детали кои се пресудни. По овој натпревар ни следат четири пријателски, за да се подготвиме за Лигата на нациите.
Спорт
UEFA ја одби жалбата на Партизан, сепак ќе игра без публика поради однесувањето на публиката на мечот против Нордсјеланд

Дисциплинската комисија на УЕФА соопшти дека е одбиена жалбата на фудбалскиот клуб Партизан за казната што му беше изречена на 28 септември, што значи дека следниот натпревар во европските купови ќе се игра без навивачи.
Партизан е казнет за дискриминаторското однесување на навивачите на натпреварот против Нордсјеланд кој се одигра во Хумска на 12 септември, па на првиот натпревар во едно европско натпреварување ќе игра пред празни трибини.
Како и досега, казната не важи за деца помлади од 14 години, кои ќе имаат право да влезат на трибините.
Дополнително, Партизан беше казнет и со еден натпревар условно, доколку истиот испад се повтори во следните две години.
Извор: zurnal.rs
Спорт
Истакнат распоред и термини за официјалните мечеви на соседна Србија за Европското првенство, во првиот меч игра против „пеколната“ Англија

UEFA ги објави и распоредите за сите натпревари на претстојното Европско првенство во Германија следната година. По ждрепката нашите соседи Србија се пласираа во групата Ц заедно со Англија, Данска и Словенија.
Првиот меч, познато е од вчера, избраниците на Стојковиќ на 16. јуни го играат во Гелзенкирхен против фаворизираните Англичани, а сега точно се знае во кое време.
Тој дуел е закажан за вечер – од 21 часот.
Инаку, тоа е еден од трите термини во кои ќе се играат сите натпревари на евро. Преостанатите две се 15 и 18 часот.
Србија четири дена подоцна од 15 часот го игра натпреварот против Словенците, а во исто време, како и обично, ќе се одиграат сите натпревари од групата во последното коло.
Комплетниот распоред и распоред на натпреварите на Србија на ЕУРО.
16 јуни: Србија – Англија (Гелзенкирхен) 21:00 часот
20 јуни: Словенија – Србија (Минхен) 15:00 часот
25 јуни: Србија – Данска (Минхен) 21:00 часот
Спорт
(ВИДЕО) Дали голманот на германскиот Хамбург го даде најлудиот авто-гол на сезоната?

Се чини голманот на германскиот „Хамбург“ го даде најлудиот гол на сезоната, што ли се случи погледнете во продолжение:
Доколку не се вчита видеото, погледнете го на следниот линк ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (5 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Студеното време зема интензитет, од четврток најава за нови снежни врнежи и на пониските места
-
Македонија1 ден
Од ноќеска цената на горивата се намалува
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за среда (6 декември)
-
Магазин2 дена
Еве кои телефони добиваат Android 14: Проверете дали вашиот е на списокот
-
Македонија6 часа
МВР ги подбра возилата кои движат без атест на фолии
-
Автомобили13 часа
Кои десет работи не треба да ги чувате во автомобилот во зима
-
Македонија2 часа
(ФОТО+ВИДЕО) МВР на прес соопшти дека лицето за кое беше поднесена „црвена потерница“ е уапсено во Турција, наскоро ќе биде екстрадирано во Македонија