Спорт
Милевски: „Во ова издание секој бод е важен, победа е императив против Летонија, очекувам потежок натпревар од тој во Рига“

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот на фудбалери за последните средби од Лигата на нации против Летонија (14 ноември) и Фарски острови (17 ноември), кои ги играме на домашен терен.
Повикани се двајца дебитанти, голманот Марко Алчевски од Хапоел Ерусалим и дефанзивецот Бехар Фета од Домжале, а повик доби и напаѓачот Сефер Емини од Сондерјиске. Од октомврискиот циклус недостасуваат Иљазовски, Илиевски и повредениот Костадинов.
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација: „Во ова издание секој бод и секој гол е важен. Секој натпревар го почнуваме со цел да победиме и да ги намалиме грешките кои што се неизоставен дел од секој дуел. Победа е императив на мечот со Летонија, но очекувам многу потежок натпревар од тој во Рига“.
– „Им посакувам добредојде на двајцата дебитанти кои заедно со Стојчевски и Илиевски, кој не е сега со нас, се приклучени од последната генерација на младата репрезентација до 21 година. Се надевам дека во иднина ќе се наметнат и ќе бидат важен дел од тимот кој се гради.Поминавме многу тежок период со минутажата на нашите играчи во клубовиге. Имаме проблеми со повредени играчи и нема да сметаме на Тихомир Костадинов, а под знак прашалник се Муслиу и Трапановски. Свесни за важноста на овие два натпревар и главна цел ни е да останеме на првата позиција“, за јавноста истакна Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
ФФМ и DoubleTree by Hilton – Skopje го официјално партнери, Јандреоски: „Навистина ни е драго што го формализираме ова партнерство со хотел кој веќе е важен дел од нашите репрезентативни активности“

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и DoubleTree by Hilton – Skopje го официјализираа своето ново партнерство кое претставува значаен чекор во унапредувањето на условите и поддршката за македонските фудбалски репрезентации.
Договорот за соработка постигнат од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и сопственикот на Double Tree by Hilton – Skopje, Ајдован Адемоски го потпишаа генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски и генералниот директор на DoubleTree by Hilton Skopje, Ѓоре Велковски, потврдувајќи ја заедничката посветеност на градење долгорочна и продуктивна соработка.
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис од ФФМ, во продолжение ТУКА
Спорт
Младата женска репрезентација на Македонија во фудбал до 16 години ја победи Бугарија во пенал рулетот, избраничките на Милеска со тоа остварија прва победа!

Женската репрезентација на Македонија до 16 години оствари победа над соодветната селекција на Бугарија по подобро изведување на пенали (4:2) во првото коло од Уефа развојниот турнир што се одржува во Албанија.
Натпреварот заврши 1:1, а во пенал серијата избраничките на селекторот Катерина Милеска беа многу посигурни и на крајот се радуваа на првата победа на развојниот турнир.
Селекцијата на Бугарија имаше предност од 1:0 во 47. минута, благодарение на голот на Емма Варбанов. Ана Марија Цветковска во 86. минута го израмни резултатот на 1:1.
Во пенал серијата, во нашата репрезентација погодија Розита Пецева, Ана Марија Цветковска, Тамара Лазеска и Елена Наумовска. Во селекцијата на Бугарија, прецизни од белата точка беа Зорнитса Коева и Јоанна Георгиева.
Вториот дуел од развојниот турнир го играме на 15. април против Грузија, во истиот термин, од 11:30 часот.
Македонија: Евгенија Велјановска, Лина Мицовска, Бесарта Фида, Розита Пецева, Елена Наумовска, Ана Марија Цветковска, Блехана Алиевска, Марија Велиновска, Елиза Ибрахими, Ема Наневска, Сара Димитровска
Селектор: Катерина Милеска
Извор: ФФМ
Спорт
Фудбалската федерација на Македонија го истакна својот најнов партнер и соработник

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со гордост го најавува најновото партнерство со еден од најпрепознатливите домашни брендови – Витаминка Прилеп. Соработката претставува поврзување на нашиот фудбал со компанија која претставува составен дел од животите на неколку генерации.
Витаминка ќе обезбеди финансиска поддршка за ФФМ за активности насочени пред се кон младинскиот фудбал и Детска лига. Визијата е заедничка: поддршка на младинскиот развој и здравиот начин на живот.
Производите на Витаминка, особено оние наменети за деца, ќе бидат дел од промотивните активности на ФФМ, со посебен фокус на ФФМ Детската лига – најголемата платформа за младински фудбал во државата, која инспирира илјадници деца да го следат својот спортски сон.
– „Чест ни е да ја претставиме Витаминка како нов член на фудбалското семејство на ФФМ. Како компанија која има долгогодишна традиција и грижа за здравјето на децата, Витаминка е идеален партнер во нашата мисија за поттикнување на детскиот фудбал и поддршка за младинскиот спорт. Заедно ќе создаваме услови за здрав раст и спортски развој на идните генерации.“ – истакна првиот човек на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис на ФФМ во продолжение ТУКА
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (17 април)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за петок (18 април)
-
Кичево23 часа
Св.Петар и Павле – Кичево, распоред на богослужби за Страсната и Светлата седмица (Велигден)
-
Македонија2 дена
Штипјанец се здоби со тешки телесни повреди, во него удрило пмв „форд фиеста“ управувано од виничанец
-
Хроника22 часа
Уште еден пациент на 24 години подлегна на повредите од кочанската катастрофа
-
Култура1 ден
„Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој наш голем ден
-
Автомобили2 дена
(ВИДЕО) „Lexus“ ќе го претстави целосно новиот „ES“ на саемот за автомобили во Шангај
-
Македонија24 часа
МВР информира за работното време на Управните служби за претстојните Велигденски празници