Следете не

Култура

Минува прва недела од „Велики Пост“ – Недела на Православието

Објавено пред

на

Во оваа седмица се прославува споменот на победата на Православието, односно на иконопочитувањето. Затоа ќе разгледаме две важни аспекти за почитување на иконите.

Од историски контекст, уште многу рано се јавува иконопочитувањето, а тоа го гледаме во катакомбите (подземни храмови, собиралишта кои биле гробови). Но, покрај тоа иконопочитување се појавило и иконоборството или негирањето на иконите, кое го имаме и до денес во некои конфесии (религии). Сепак, по доаѓањето на императорот Лав Исавријанец на власт почнало гонење за оние кои ги почитуваат иконите. Тоа траело од околу 720 година до доаѓањето на власт на света Теодора во 842 година, кога се прославила победата на Православието, иако и на Седмиот Вселенски собор (787 година) иконоборството било спречено, но само кратко. Дури биле ставани и патријарси кои го држеле тоа мислење и учење. А зошто било така? Затоа што овој владетел и останатите по него сметале дека иконата е противење на вторатата Божја заповед каде се вели: „Не прави идол, ниту каква било слика…“ Сепак на крајот победила Вистината и иконите се вратиле на местото каде што требало.

Теолошкиот аспект или духовниот, на иконата гледа со почитување, а тоа е така, затоа што единствена Икона, Образ е Христос. Он е пример за сите, па затоа за иконата на 7-миот Вселенски собор се вели: „честа, која се оддава на образот, преминува на првообразот, и оној што ѝ се поклонува на иконата се поклонува на ипостаста (личноста) на изобразениот на неа“. Според ова, почитувањето на иконата не е идолопоклонство, бидејќи иконопочитувањето е сознателен акт (оној што се моли сигурно не очекува помош од материјата, туку од личноста изобразена на иконата). Исто како што кадењето на луѓето во храмот не е обожување на човекот, туку оддавање чест на образот Божји, вложен во човекот, чест која восходи кон Архетипот, Бог. Ваквата теологија на иконата не ја прави неа престапување на Божјата заповед, туку нејзиното отфрлање, кое претставува непочитување на Бога и негирање на фактот на Боговоплотувањето. Или, накратко речено, бидејќи Христос се воплоти, затоа и Го иконообразуваме.

Затоа, иконата е и прозорец кон вечноста, преку неа се гледаме и себеси, а Го славиме Бога Кој дојде во светот за спасение на луѓето. Таа претставува изобразување на духовната реалност.

На крајот можеме да кажеме дека, смислата и содржината на иконата се навистина величествени. Таа претставува воплотување на православната теологија во полнота, потврда на евангелската Вест дека Бог стана Човек.

Текст: Кичевска парохија

Култура

Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј

Објавено пред

на

Со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а во духот на молитвено единство и евангелска љубов, на 13 јули (недела) 2025 година – во денот посветен на Соборот на светите апостоли (Павловден), ќе се изврши торжествената хиротонија на избраниот Високопреподобниот отец Георгиј, кој со Божја благодат ќе биде ракоположен во епископски чин како Митрополит на Дебарско-кичевската епархија.

Прочитај повеќе...

Култура

Денеска е „Духовден“ – Празник на Светиот Дух

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес се слави Духовден, голем христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Овој празник, познат и како Педесетница, секогаш се одбележува во недела и трае три дена. Тој е единствениот меѓу 12-те големи празници кој нема претпразненство, но празничната атмосфера се чувствува во целиот период од Велигден до Духовден.

Во народната традиција, денот пред Духовден е познат како Задушница или „Мртва сабота“, ден посветен на душите на починатите, кога се изведуваат обичаи во нивна чест.

Празникот Педесетница се слави токму 50 дена по Велигден и е поврзан со еврејската традиција – кога Евреите го добиле Законот на Мојсие на Синај. Во христијанскиот контекст, тој ден ја одбележува дарбата на Светиот Дух врз апостолите, што се смета за основање на Христовата црква.

Според Библијата, на тој ден апостолите биле собрани заедно, кога одеднаш се слушнал силен звук како од ветрот, а Светиот Дух во форма на огнени јазици слегол врз секој од нив. Сите почнале да зборуваат на различни јазици. Народот што го слушнал шумот се зачудил, некои мислеле дека апостолите се пијани. Тогаш апостол Петар објаснил дека тие се исполнети со Светиот Дух и повикал народот да се покае и крсти. Тоа го направиле околу 3.000 луѓе.

Овој момент е опишан во книгата „Дела на светите апостоли“, каде се вели дека тоа било исполнување на пророштвото на Јоил – дека Светиот Дух ќе се излее врз сите луѓе. Тоа е и остварување на зборовите на Св. Јован Крстител, кој најавил дека Христос ќе крштева со Светиот Дух и оган.

Поради ова, Духовден уште се нарекува и празник на Света Троица – бидејќи на овој ден се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со тоа, овој ден се смета за роденден на Христијанската црква.

Народни обичаи и верувања
Во македонската традиција, Духовден се смета за многу важен ден – не се работи, се оди на црква, се прават гозби и обичаи, а на места попладне се игра оро. Во некои села се практикува обредот „Скрсти“ – молитва за дожд и плодна година.

Во народното верување, се смета дека од Велигден до Духовден душите на мртвите се слободни и се движат меѓу живите, често престојувајќи на цвеќињата на дрвјата. Се верува дека на Духовден душите разговараат меѓу себе, а ако некој ставел уво на гроб можел да ги слушне како шепотат.

На Задушница се организираат трпези и се дели храна „за душа“. Се верува дека душите мора да бидат нахранети пред да се вратат во задгробниот свет. Затоа, луѓето раздаваат храна и вода, и не се јаде ништо додека не се раздаде. Ако некој не добие, душата му останува „непричестена“.

Традиционално, црквите, домовите и гробовите се украсуваат со зелени гранки и цвеќиња – симбол на обновување и духовна свежина. Оревовите гранки, пак, имаат посебна улога – според верувањата, тие привлекуваат души, а истовремено ги штитат алиштата од молци.

Локални обичаи
Во некои краишта, како селото Лески во Неврокопско, постои верување дека полето го чува змеј кој живее во пештера, па на Духовден му принесуваат курбан за да го заштити посевот од град. Ако не се изврши ритуалот, се верува дека ќе дојде несреќа.

Во тој ритуал, се коле овен на планински врв и крвта се пушта во пештерата – домот на змејот. Жените носат лепчиња и ги редат околу пештерата, а обредите се прават со чукање клепало.

Во многу места на овој ден на гробовите се оставаат бардачиња (дулиња) со вода. Тие се носат дома и се пие од нив „за душа“. Во некои краишта тие се оставаат на гробот и се дополнуваат со вода во текот на годината.

Се верува и дека оние што починале меѓу Цветници и Духовден одат директно во рајот. Во Гевгелиско, пак, се верува дека до Духовден мора да се пожнее јачменот, оти потоа доаѓаат силни ветрови што може да го уништат родот.

Прочитај повеќе...

Култура

(ВИДЕО) Краток фрагмент на отец Партениј за „Македонија и Патриотизмот“ од новиот филм посветен на неговиот триесет годишен монашки пат

Објавено пред

на

©porta.mk

Фрагмент од изјавата за Македонија и за Патриотизмот, составен дел од новиот филм со наслов „Подвижник“ на г-дин Илија Каров, кој е посветен на триесет-годишниот монашки пат на отец Партениј во рамките на Македонската православна црква- Охридска Архиепископија

Интервјуто е снимено неколку дена после Божик 2025 г.
Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп11 часа

Хороскоп за сабота (12 јули)

Овен Не сте баш расположени, но наместо да бидете сами, поминувајте време со блиски луѓе, тоа ќе ве израдува. На...

Спорт13 часа

Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета...

Скопје13 часа

СВР Скопје лиши од слобода уште еден предизвикувач на пожар

Денеска (11.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во с.Огњанци го затекнале А. Ф. (61)...

Кичево17 часа

ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна

Денес во 9 часот во ТППЕ Кичево било пријавено за настанат пожар на куќа и плевна во село Јагол кичевско....

Култура17 часа

Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј

Со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а во духот на молитвено единство и...

Автомобили23 часа

ЕУ инвестира 852 милиони евра во фабрики за батерии за електрични возила – еве каде ќе се градат

Европската Унија започнува со значајна инвестиција во иднината на одржливиот транспорт. Европската комисија објави дека преку Фондот за иновации ќе...

Lifestyle23 часа

Топлотниот бран може да биде смртоносен за кучињата оставени во автомобил – еве како да ги заштитите

Во летните денови, температурите во автомобилите можат да достигнат опасно високо ниво за само неколку минути – и тоа е...

Магазин23 часа

OpenAI подготвува нов веб-прелистувач со интегриран ChatGPT – револуција во начинот на сурфање?

OpenAI работи на развој на сопствен веб-прелистувач кој би можел целосно да го промени начинот на кој ги користиме интернет...

Македонија1 ден

Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци

На 10.07.2025 во 21.00 часот во близина на бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (11 јули)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

НАЈЧИТАНИ