Кичево
Кичевчани во сабота со протест ќе бараат решение за дивата депонија зад кичевски „Комуналец“ која шири смрдеа повеќе од 3 години

Група граѓани од Кичево на социјалните мрежи повикаа на мирен протест поради дивата депонија настаната зад кичевското ЈП „Комуналец“ (стариот објект на Магистралниот пат).
Како што ја известија јавноста преку нивната социјална мрежа на фејсбук која собра рекордни 600 следбеници за нешто помалце од 24 часа – протестот нема никаква политичка поврзаност и се оградува од секакво политичко поврзување, истиот е исклучиво со цел граѓаните да добијат она што заслужуваат, здрава животна средина која е гарантирана со закон.
Во своето интегрално соопшетение исто така наведуваат дека доколку надлежните не пристапат кон решавање на проблемот, протестите ќе бидат честа појава, со цел свртување внимание за она што треба.
Протестот според исказот во јавноста групата граѓани ќе го одржат во сабота на 12.04.2025 г. со почеток од 13:00ч со збирно место во непосредна близина, односно кај новата зграда на Општина Кичево, влез/рампа пред самото паркинг место.
– Инаку да потсетиме пред 8 месеци во дивата депонија избувна пожар кој целосно го пеплоса локалитетот каде што беше одлаган сметот, исфрлајќи токсичен чад кој се распространи над половина град, додека припадниците на ТППЕ Кичево, завршија во Општата Болница во Кичево вдишувајќи чад, санирајќи ги пламените јазици (линк до известувањето ТУКА)
– Во прилогот од ИРЛ известија дека Државниот инспекторат за животна средина му даде рок до крајот на месец февруари 2024-та година на ЈП „Комуналец“ Кичево да ја исчисти локацијата, која без никаква институционална одлука стана диво одлагалиште на отпад, но се чини година и два месеци нема ништо од тоа.
Известуваа и колегите од ТВ21 уште во 2022-та година на 28 август, но се чини и тоа беше без успех.
Да се надеваме дека конечно ќе се изнајде решение и веќе „привремената“ дива депонија кои некои ја бележат дека е повеќе од 5 години која и градоначалникот ја призна за „нелегална“ во свое интервју за ИРЛ – ќе стане конечно минато. #ЕденВоздух #СитеСмеЗасегнати
Кичево
„ЕВН КЕЦ Кичево“ утре ќе работи на терен, следните кичевски улици и села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 25.04 – петок, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следниве села и улици од град Кичево:
Планиран прекин | КИЧЕВО | ДЕЛ ОД УЛ.МИЦКО СТАНКОСКИ И ДЕЛ ОД УЛ.ТАНЕ ЦАЛЕСКИ | 25.04 – 09:00 | 25.04 – 12:00 |
Планиран прекин | ЗАЈАС | ДЕЛОТ ОКОЛУ ШКОЛОТО – ЗАЈАС ТЕЌЕ | 25.04 – 09:00 | 25.04 – 14:00 |
Во истата информација се известува и за ден 29.04 – вторник дека „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следното село:
с.Преглово, околу училиште „Кемал Ататурк“ 09:00-12:00 часот
- Во моментот непланиран прекин на електродистрибуција има во кичевското село Црвивци.
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Кичево
Вчера во Кичево се одржа состанок на општинскиот кризен штаб за превенција и заштита од пожари на отворен простор

Вчера 23.04.2025 г. во просториите на општина Кичево се одржа работен состанок на општински кризен штаб за превенција и заштита од пожари на отворен простор.
Целта на состанокот беше дефинирање на мерките и надлежностите на институциите за поголема и поефикасна заштита од пожари во шуми и на отворен простор, ефективна координација со навремено реагирање при појава на пожари, методи за превенција како најефикасна заштита од појава на пожари кои сериозно можат да го загрозат шумското богатсво и да предизвикаат повреди и жртви.
– На состанокот, покрај полициски службеници од ОВР Кичево, присуствуваа претставници на Центарот за управување со кризи, на службите во локалната самоуправа,на јавните претпријатија, Територијалната противпожарна единица, Министерство за Одбрана, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Македонски шуми“, доброволни противпожарни друштва, невладини организации и медиуми – за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Исполнети од радоста од Христовото Воскресение „Велигден“ бидете дел на Светол Источен Петок – „Балаклија“ во Манастир Пречиста кичевска – Христос Воскресе!

Исполнети со радоста од славното Христово Воскресение, во овие светли денови ја предвкусуваме вечната радост кон која се стремиме, живеејќи во светлината на Пасхата. Во оваа Воскресна пролет, кога сè околу нас се облекува во бел цветен украс, ни претстои празнување на споменот на Живоносниот Источник на Пресвета Богородица – нашата Царица Небесна.
По тој повод, на 25 април (петок), во нашата света обител Манастир Пресвета Богородица Пречиста ќе се одржи Пасхално богослужбено торжество со следниот распоред:
08:00 – Утрена богослужба
08:30 – Пречек на Владиката
09:00 – Архиерејска Литургија проследена со торжествена литија до местото „Господинец“
На богослуженијата, за наша голема радост ќе претстои нашиот возљубен старец, Епископот Антаниски г. Партениј, кој ќе го излее својот благослов врз сите присутни. Особена чест ни е и присуството на монашките заедници од Бигорската, Рајчичката и Кнежинската обител.
Преку нашиот медиум, секако проследени и од нас ги покануваме сите оние што сакаат заедно со нас да ја споделат оваа пасхална радост во молитвено единство.
Христос Воскресе!
-
Кичево1 ден
Вчера во Кичево се одржа состанок на општинскиот кризен штаб за превенција и заштита од пожари на отворен простор
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (24 април)
-
Кичево18 часа
„ЕВН КЕЦ Кичево“ утре ќе работи на терен, следните кичевски улици и села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата
-
Македонија19 часа
(ВИДЕО) Во 3 по полноќ го ограби верскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во село Обршани, општина Кривогаштани
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за петок (25 април)
-
Кичево2 дена
Исполнети од радоста од Христовото Воскресение „Велигден“ бидете дел на Светол Источен Петок – „Балаклија“ во Манастир Пречиста кичевска – Христос Воскресе!
-
Култура23 часа
(ФОТО) Во с.Цер кичевско одбележани 120 години од смртта на Христо Узунов – симбол на револуционерната борба
-
Мобилни уреди2 дена
Внимание: Се појави нов малициозен софтвер за мобилните телефони кој користи „NFC“ технологија за кражба на платежни картички