Следете не

Култура

Вечерва се отвора небото пред големиот христијански празник: Бидете дома за Митровден, еве зошто

Објавено пред

на

Св. великомаченик Димитриј – Митровден се празнува на 08. ноември. Утре именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Свети Димитриј се родил во Солун, во третиот век. Бил син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го поставил Димитриј на истото место и посебно му препорачал да ги гони христијаните.

Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонел, туку и јавно ја исповедал и проповедал верата во воскреснатиот Христос.

Штом слушнал за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, свратил во Солун, за да ја испита работата.

Го повикал Димитриј, кој не ја одрекувал својата вера и дури и го убедувал цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневил и го фрлил Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погубил.

Некои христијани го зеле неговото тело и чесно го погребале.

На тоа место подоцна била подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун.

Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

За овој ден постои верување. Во пресрет на Митровден секој треба да биде во својата куќа, бидејќи ако не биде дома, тој цела година ќе преноќува по туѓи куќи.

Култура

Денеска е „Духовден“ – Празник на Светиот Дух

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес се слави Духовден, голем христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Овој празник, познат и како Педесетница, секогаш се одбележува во недела и трае три дена. Тој е единствениот меѓу 12-те големи празници кој нема претпразненство, но празничната атмосфера се чувствува во целиот период од Велигден до Духовден.

Во народната традиција, денот пред Духовден е познат како Задушница или „Мртва сабота“, ден посветен на душите на починатите, кога се изведуваат обичаи во нивна чест.

Празникот Педесетница се слави токму 50 дена по Велигден и е поврзан со еврејската традиција – кога Евреите го добиле Законот на Мојсие на Синај. Во христијанскиот контекст, тој ден ја одбележува дарбата на Светиот Дух врз апостолите, што се смета за основање на Христовата црква.

Според Библијата, на тој ден апостолите биле собрани заедно, кога одеднаш се слушнал силен звук како од ветрот, а Светиот Дух во форма на огнени јазици слегол врз секој од нив. Сите почнале да зборуваат на различни јазици. Народот што го слушнал шумот се зачудил, некои мислеле дека апостолите се пијани. Тогаш апостол Петар објаснил дека тие се исполнети со Светиот Дух и повикал народот да се покае и крсти. Тоа го направиле околу 3.000 луѓе.

Овој момент е опишан во книгата „Дела на светите апостоли“, каде се вели дека тоа било исполнување на пророштвото на Јоил – дека Светиот Дух ќе се излее врз сите луѓе. Тоа е и остварување на зборовите на Св. Јован Крстител, кој најавил дека Христос ќе крштева со Светиот Дух и оган.

Поради ова, Духовден уште се нарекува и празник на Света Троица – бидејќи на овој ден се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со тоа, овој ден се смета за роденден на Христијанската црква.

Народни обичаи и верувања
Во македонската традиција, Духовден се смета за многу важен ден – не се работи, се оди на црква, се прават гозби и обичаи, а на места попладне се игра оро. Во некои села се практикува обредот „Скрсти“ – молитва за дожд и плодна година.

Во народното верување, се смета дека од Велигден до Духовден душите на мртвите се слободни и се движат меѓу живите, често престојувајќи на цвеќињата на дрвјата. Се верува дека на Духовден душите разговараат меѓу себе, а ако некој ставел уво на гроб можел да ги слушне како шепотат.

На Задушница се организираат трпези и се дели храна „за душа“. Се верува дека душите мора да бидат нахранети пред да се вратат во задгробниот свет. Затоа, луѓето раздаваат храна и вода, и не се јаде ништо додека не се раздаде. Ако некој не добие, душата му останува „непричестена“.

Традиционално, црквите, домовите и гробовите се украсуваат со зелени гранки и цвеќиња – симбол на обновување и духовна свежина. Оревовите гранки, пак, имаат посебна улога – според верувањата, тие привлекуваат души, а истовремено ги штитат алиштата од молци.

Локални обичаи
Во некои краишта, како селото Лески во Неврокопско, постои верување дека полето го чува змеј кој живее во пештера, па на Духовден му принесуваат курбан за да го заштити посевот од град. Ако не се изврши ритуалот, се верува дека ќе дојде несреќа.

Во тој ритуал, се коле овен на планински врв и крвта се пушта во пештерата – домот на змејот. Жените носат лепчиња и ги редат околу пештерата, а обредите се прават со чукање клепало.

Во многу места на овој ден на гробовите се оставаат бардачиња (дулиња) со вода. Тие се носат дома и се пие од нив „за душа“. Во некои краишта тие се оставаат на гробот и се дополнуваат со вода во текот на годината.

Се верува и дека оние што починале меѓу Цветници и Духовден одат директно во рајот. Во Гевгелиско, пак, се верува дека до Духовден мора да се пожнее јачменот, оти потоа доаѓаат силни ветрови што може да го уништат родот.

Прочитај повеќе...

Култура

(ВИДЕО) Краток фрагмент на отец Партениј за „Македонија и Патриотизмот“ од новиот филм посветен на неговиот триесет годишен монашки пат

Објавено пред

на

©porta.mk

Фрагмент од изјавата за Македонија и за Патриотизмот, составен дел од новиот филм со наслов „Подвижник“ на г-дин Илија Каров, кој е посветен на триесет-годишниот монашки пат на отец Партениј во рамките на Македонската православна црква- Охридска Архиепископија

Интервјуто е снимено неколку дена после Божик 2025 г.
Прочитај повеќе...

Култура

Денес се слави „Ѓурѓовден“, главен обичај за овој ден е плетење венец од билки, ова се останатите народни и традиционални верувања

Објавено пред

на

Православните верници денес го прославаат светецот Георгиј Победоносец, познат како „Ѓурѓовден“, празникот кој е врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување. Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.

Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река.

– Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.

Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.

Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година.

– Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили.

Се верувало дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за сабота (14 јуни)

Овен Доколку сте ангажирани околу нешто кое е поврзано со продажба или патувања- ќе бидете многу успешни. Ќе доживеете многу...

Спорт9 часа

Македонија до 14 години ќе одигра два контролни натпревари против Албанија, кичевчаните Матески и Димоски ќе бидат на списокот на селекторот Станковски

Македонската фудбалска репрезентација до 14 години во јуни ќе одигра два пријателски натпревари против врсниците од Албанија. Првиот меч ќе...

Спорт10 часа

Медведев и Качанов елиминирани во четвртфиналето на тенискиот турнир во Хертогенбош

Рускиот тенисер Данил Медведев беше елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Хертогенбош, откако загуби од Американецот Рајли Опелка, кој е...

Свет11 часа

Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа...

Спорт15 часа

Белгискиот интернационалец Кевин Де Брујне е новото засилување на италијанскиот фудбалски клуб „Наполи“

Белгискиот фудбалер Кевин Де Брујне е ново засилување на италијанскиот клуб Наполи, кој официјално го потврди неговото доаѓање. Де Брујне,...

Хроника17 часа

Лице на 76-годишна возраст пронајдено починато во дебарско, претходно бил пријавен за исчезнат

Вчера во 18.15 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во с.Велебрдо, општина Маврово и Ростуше, на место викано...

Македонија20 часа

Возел мотор со 2,02 промили алкохол во крвта и удрил деветгодишно дете

На 12.06.2025 во 17.30 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш. Во 14.45 часот...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (13 јуни)

ОВЕН Доколку се занимавате со приватен бизнис, пред вас е период кој носи мало олеснување. Може да се каже дека...

Македонија2 дена

МВР: Бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција, се преземаат...

Скопје2 дена

Пожар на депонија е причината поради што нема електрична енергија во Општина Аеродром

РЦУК – Скопје, известува дека БППЗ од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина...

НАЈЧИТАНИ