Спорт
Младата репрезентација на Македонија до 14 години во фудбал ја победи Малта, додека Македонија до 16, изгуби од Србија
Младата репрезентацијата на Македонија до 14 години го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Малта. На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Драган Начевски сосема заслужено издвојуваа победа со 1:0.
Нашите млади фудбалери беа подобри од Малта во текот на целиот натпревар, креираа опасни прилики пред голот на противникот, победата на крајот можеше да биде и поубедлива. Ердин Мамути во 73. минута го постигна победничкиот гол за нашата млада репрезентација.
Македонија и Малта ќе одиграат уште еден контролен натпревар на 11. мај со почеток во 14. часот
Македонија: Коста Стојановски, Антонио Атанасов, Михаил Митревски, Бленди Љацка, Мартин Џангаровски, Матеја Масев, Фадил Исламовиќ, Горјан Петковски, Јаков Стојковски, Андреј Цветковски, Херолинд Селими;
Селектор: Драган Начевски
Младата репрезентација на Македонија до 16 години исто така играше, но беше поразена од соодветната селекција на Србија во рамките на натпреварот од меѓународниот контролен турнир „Миљан Миљаниќ”, што се одржува во Стара Пазова.
На денешенит меч, избраниците на селекторот Дашмир Беари беа поразени со 2:0 од домаќинот Србија, која воедно е и најголем фаворит на овој турнир.
Максим Кличковиќ во 19. минути го постигна водечкиот погодок Србија. Конечните 2:0 ги постави Урош Ѓоргевиќ.
Македонија: Игор Ристов, Горазд Ристовски, Лука Атанасовки, Емир Саботиќ, Здравко Перески, Хисар Али, Стефан Младеновски, Каменчо Андоновски, Павел Трајковски, Адмир Љатифи, Давид Ивановски;
Спорт
ФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
Пред денешниот првенствен натпревар помеѓу ФК. Напредок – ФК. Дрита со едно минутно молчење клубовите и управата му оддадоа почит на легендата на ФК.Напредок, Зоран Ѓорѓиоски-Мрско. Доајен на кичевскиот фудбал кој остави небришлива трага за која сите ние кои сме биле некогаш дел од ФК Напредок сме ги почувствувале.
Што се однесува до играта, повторно нашите фудбалери на домашен терен манифестираа важна победа со високи 4:0.
Стрелци на головите беа: М.Зафироски, Осман Исмаили реализираше 2 пати, Ж.Симјаноски сите постигнати во второ полувреме.
И денеска преку нашиот медиум, управата на ФК Напредок упатува голема благодарност до публиката која во секоја утакмица е се побројна и дава голема поддршка на нашите кичевски фудбалери.
Напред НАПРЕДОК!
Спорт
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови
Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.
Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.
Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.
Спорт
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз
Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.
Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.
Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.
Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.
Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.
Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Магазин2 денаInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин2 денаOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин2 денаMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин2 денаКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон
-
Хороскоп2 часаХороскоп за среда (29 октомври)
-
На денешен ден15 часаСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Lifestyle14 часаКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
