Спорт
Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори УЕФА турнирот во Молдавија, додека женската репрезентација второ место на турнир во Италија

Младата репрезентација на Македонија до 15 години славеше победа над селекцијата на Ерменија во рамките на првиот натпревар од Уефа развојниот турнир кој се одржува во Молдавија. Нашата селекција сосема заслужено се радуваше на триумф откако одигра добар натпревар и создаде многу можности за погодок.
Првата посериозна можност, Македонија ја имаше уште во 10. минута, Крстевски се најде очи во очи со противничкиот голман, но не успеа да реализира за предност на нашите фудбалери. Во 24. минута, противникот постигна афтогол за предност на Македонија од 1:0. До крајот на првите 45. минути имавме можност да ја зголемите предноста, неискористувајќи неколку добри шанси за погодок.
Во продолжението, во 62. минута, Ерменија доаѓа до израмнување на резултатот. Во 81. минута, Алими пропушта нова добра можност за Македонија. Сепак во 86. минута, Павлов од белата точка постигнува погодок за предност и сосема заслужена победа на Македонија со 2:1.
Додека пак младата женска репрезентација на Македонија до 17 години забележа две победи и еден пораз на меѓународниот турнир што се одржа во Италија во периодот од 11 до 15 септември. Во рамките на првото коло од турнирот, нашите млади фудбалерки во еден интересен и возбудлив натпревар забележаа победа со минимални 3:2.
Во вториот натпревар, против селекцијата на Албанија, Македонија одигра одличен натпревар и успеа да издвојува нова победа со 6:4. Во последниот меч против домаќинот Италија, забележавме убедлив пораз со 3:0.
Репрезентацијата предводена од Катерина Милеска на крајот го освои второто место на меѓународниот турнир во Италија, известуваат од Фудбалската федерација на Македонија
Спорт
Македонската репрезентација во фудбал до 18 години, ќе одигра два контролни натпревари со Словенија во гости

Репрезентацијата на Македонија до 18 години кон крајот на мај ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Словенија. Контролните средби ќе бидат одиграни во градот Птуј, во Словенија. Првата контролна пресметка на програмата е на 27. мај со почеток во 17. часот, истакна Фудбалската федерација на Македонија.
Два дена подоцна се игра вториот контролен натпревар во 11. часот.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 18 години, Ерхан Селими за претстојните контролни натпревари со Словенија се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Давид Илоски А.П. Брера
Онур Бешир Шкендија
ОДБРАНА:
Златко Радески Вардар
Абдулах Аслани Лунгби Данска
Горазд Ристовски Црвена Звезда Србија
Давид Стојаноски Браво, Словенија
Лука Атанасовски Беласица
Андреј Мурџески Вардар
Назиф Цека Шкендија
Емир Шаботиќ Вардар
СРЕДЕН РЕД:
Каменчо Андоновски А.П. Брера
Кренар Хоти Работнички
Марко Киш Њу Старс
Ариф Локи ХБ Коге Данска
Мерт Адеми Аален Германија
Семир Исљами Сион, Швајцарија
Бојан Затуроски Охрид Лихнидос
Адмир Љатифи Беса
Аритон Мехмед Шкупи
НАПАД:
Игор Ристов А.П. Брера
Хисар Али Беса
Димитар Шаркоски Победа
Поради повреда на списокот не се најдоа Стефан Младеновски и Луан Реџепи.
Извор: ФФМ
Спорт
ФФМ ја започна завршната фаза во имплементацијата на системот за видео технологија на судиите

Фудбалската федерација на Македонија ја започна завршната фаза во имплементацијата на системот за видео технологија на судиите (ВАР), преку детална комуникациска стратегија насочена кон медиумите и јавноста.
Во рамките на оваа фаза, денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија одржана е едукативна и информативна презентација, со цел да се создаде јасна, прецизна и објективна слика за функцијата и значењето на примената на ВАР во македонскиот фудбал.
Клучни цели од оваа комуникациска фаза се:
– Информирање за активностите поврзани со имплементацијата на ВАР, обуките на судиите и техничката логистика.
– Едукација на медиумите и јавноста за основните принципи и философија на ВАР – што е ВАР, кога и како се користи и кои се неговите ограничувања.
– Подобрување на медиумското известување, со цел да се намали ширењето на неточни или конфузни информации и да се воведе стандардизирана терминологија во известувањето.
– Градење доверба и транспарентност, преку отворена комуникација и јасно прикажување на улогите и процесите поврзани со ВАР.
Повеќе прочитајте во продолжение, на официјалниот натпис од Фудбалската федерација на Македонија – ТУКА
Спорт
(ФОТО) Фудбалерите на „ФК Кичево“ – Матески и Димоски денес дебитираа за националниот дрес на мечот Македонија – Словенија до 14 години

Репрезентацијата на Македонија до 14 години во рамки на денешниот ден беше поразена од соодветната селекција на Словенија со резултат од 1:3, во првата контролна средба одиграна на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
За нашата репрезентација во првиот тим настапија: Марио Стојковски, Давид Рамадан, Филип Богоевски, Давор Таневски, Дин Розојац, Калин Аврамовски, Борис Матески, Дин Баталовски, Јован Јанчевски, Борјан Костовски, Виган Таири, Огнен Божиновски
– Важно за нас како кичевчани е тоа што на денешниот натпревар настапија двајца членови на нашиот фудбалски клуб „ФК Кичево“. Во почетниот состав беше нашиот капитен Борис Матески, додека во вториот дел од натпревар шанса доби и вториот наш фудбалер Павел Димоски, така што оваа прилика ја користиме да им честитаме за одличната игра и деби во националниот состав и да им посакаме повеќе среќа во вториот контролен меч со истата репрезентација на (15 мај) четврток, закажан од 11:00ч на стадионот „Петар Милошевски“
Галерија преку нашиот објектив:
-
Македонија2 дена
Граѓани пријавуваат дека од рано утрово се без електрична енергија
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (19 мај)
-
Македонија2 дена
АД Мепсо ја соопшти причината за падот на електричната енергија во раните утрински часови
-
Македонија14 часа
Во автобус со турски државјани во Охрид починал турист кој бил дел од групата
-
Македонија12 часа
Од вечерва бензин 95 и дизел поскапуваат, ова е новата цена за литар
-
Македонија15 часа
МВР: Со „БМВ“ возел 111 км/ч на место каде е дозволено 50 км/ч
-
Временска прогноза2 дена
Попоски: Продолжува нестабилно време, со развој на грмотевични облаци
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за вторник (20 мај)