Спорт
Младата репрезентација на Македонија до 16 години му даде „5 комада“ на Косово во развојниот турир на УЕФА

Младата репрезентација на Македонија до 16 години во контролен дуел против Косово во рамките на Уефа развојниот турнир успеа да слави убедлива победа со 5:1. Избраниците на селекторот Дашмир Беари на стадионот Албена одиграa феноменален натпревар, во целост го надиграа својот противник и заслужено се радуваа на убедлива победа.
Един Етоски во 43. минута го отвори резултатот на денешната средба. Адми Латифи на самиот старт на второто полувреме успеа да го затресе противничкиот гол и да ја зголеми нашата предност. Две минути беа доволни Македонија да постигне уште еден гол, трет во мрежата на Косово. Един Етоски се најде на вистинското место и го матираше противничкиот голман, постигнувајќи го својот втор гол на денешниот меч. Капитенот Стефан Младеновски го постигна четвртиот погодок за нас во 77. минута. Минута подоцна истиот играч погоди за убедлива предност на Македонија од 5:0.
Косово до крајот на мечот успеа само да го ублажи триумфот на Македонија, за конечен резултат 5:1.
Македонија: Давид Илоски, Хисар Али, Кристијан Ѓоргиевски, Горјан Груевски, Артан Исмаили, Марко Киш, Стефан Младеновски, Албион Муслиу, Игор Ристов, Емир Саботиќ, Беркај Шаини;
Селектор: Дашмир Беари;
Спорт
Познати противниците на младата репрезентација на Македонија за ЕП 2027 во Албанија и Србија

Денеска во седиштето на УЕФА, Нион се одржа ждребот за квалификациите за пласман на Европско првенство 2027 во Албанија и Србија за фудбалери до 21 година.
Нашата млада селекција за противници ги доби репрезентациите на Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во рамки на групата Е.
Квалификацискиот циклус ќе започне во март годинава и ќе трае се до ноември 2026 . Домаќините на претстојното Европско првенство, Албанија и Србија се директни учесници на турнирот.
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
Спорт
(ВИДЕО) Првиот човек на ФФМ се сретна со вработените задолжени за терените, нивниот труд конечно е вреднуван

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ првата работна средба денес ја оствари со вработените задолжени за одржувањето на фудбалските терени.
– Со Амди, Џеко, Диљо и Исак разговаравме за нивната работа и подобрувањата на условите за работа.
– Ја препознавам нивната посветеност, работат и по 14 часови на ден во секакви временски услови. Заеднички ќе се потрудиме да обезбедиме терени со врвен квалитет, конечно, го вреднуваме нивниот труд – истакна Омерагиќ на неговиот официјален фејсбук профил.
Во прилог погледнете го видеото ТУКА од средбата со истакнатите вработени во Фудбалската федерација на Македонија
Спорт
Комисијата за натпревари при ФФМ закажа редовен семинар со делегатите од првата и втората македонска фудбалска лига

Комисијата за натпревари при Фудбалска федерација на Македонија ќе одржи редовен семинар со делегатите од Прва и Втора МФЛ. Семинарот ќе се одржи во хотелот Хилтон, на 11. февруари (вторник), со почеток од 11:00 часот, пред продолжување на пролетниот дел од сезоната 2024 – 2025 во Првата и Втора МФЛ, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија
-
Кичево11 часа
Рекапитулар на сработеното во „ЈЗУ Општа Болница“ – Кичево, по првите шест месеци од новото раководство, кичевчани заслужуваат подобро!
-
Кичево8 часа
Од испукана петарда, малолетничка од Кичево се здобила со повреди констатирани во Општата Болница
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за четврток (6 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (5 февруари)
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Првиот човек на ФФМ се сретна со вработените задолжени за терените, нивниот труд конечно е вреднуван
-
Lifestyle1 ден
Истражувачите објаснуваат: Кои намирници навистина го зајакнуваат имунитетот?
-
Магазин1 ден
Apple плаќа 20 милиони долари за батеријата на Apple Watch
-
Здравје и убавина1 ден
Дознајте детали за вашето здравје преку јазикот