Спорт
Младата репрезентација на Македонија до 17 години убедлива против Малта на втората контролна пресметка

Младата репрезентација на Македонија до 17 години го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Малта и успеа да издвојува убедлива победа со 3:0.
Нашите млади фудбалери, на тренинг центарот „Петар Милошевски” одиграа многу подобар меч од првата контролна пресметка и во второто полувреме успеаја да го скршат отпорот на селекцијата на Малта, постигнувајќи три гола за сосема заслужена победа.
Противникот во поголемиот дел од првото полувреме беше сконцентриран на одбрана на својот гол, чекајќи прилика од против напад. Нашите фудбалери немаа одговор и идеја за таквата поставеност, не успеавме да се заканиме посериозно по нивниот гол. Тео Николовски имаше една добра прилика, биеше од далечина, меѓутоа непрецизно.
Во продолжението одигравме одлично, решително и со поголема мотивација. Никола Величковски погоди за 1:0 во 53. минута од мечот. Веќе во следниот наш напад, Кире Стојанов погодува за 2:0. Мартин Ѓоргиевски асистираше за двата гола. Конечните 3:0 беа дело на Умерфарук Сулејман.
Никола Величковски, стрелецот на првиот гол за Македонија на денешната средба и еден од најдобрите поединци е задоволен од нашата игра, смета дека тимскиот дух што владее во селекцијата е еден од важните фактори за победата.
– Величковски: Пресреќен сум за постигнатиот погодок, мој прв во репрезентацијата. Се надевам дека во иднина ќе постигнам многу голови за овој дрес кој ми значи многу. Пред се сакам да се заблагодарам на селекторот и целиот стручен штаб за укажаната доверба. Одигравме одличен натпревар, посебно во второто полувреме. Сосема заслужено се радувавме на убедлива победа. Покажавме и на теренот дека многу повеќе ја посакуваме победата од противникот. И на првиот натпревар одигравме добро, но не успеавме да забележиме победа, пред се поради тоа што пропуштивме неколку добри прилики. Имаме квалитетна генерација која поседува одличен натпреварувачки и тимски дух и силно веруваме во нашиот квалитет. Нашата цел е јасна, на секој натпревар одиме на победа.
Првиот пријателски натпревар помеѓу овие две селекции заврши нерешено 1:1.
Контролен дуел, репрезентации до 17 години, Скопје;
Македонија: Давид Стојановиќ, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Матеј Јаневски, Мартин Ѓоргиевски (к), Никола Величковски, Адриан Зенделовски, Кире Стојанов, Мухамед Елмас, Зани Назифи;
Резерви: Диел Доко, Симеон Здравковски, Хадис Таири, Ѓорге Џеков, Тео Николовски, Дестан Адили, Амир Нухија, Александар Богданоски, Кире Стојанов;
Селектор: Тони Јакимоски;
Спорт
(ВИДЕО) ФФМ пушти во употреба нов фудбалски терен во населба Илинден

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во општина Илинден го пушти во употреба новиот терен со вештачка трева, проект реализиран од програмата Форвард на ФИФА во соработка со Општина Илинден.
– „ФФМ ќе продолжи да инвестира во вакви инфраструктурни проекти ширум државата. Овие инвестиции се за младите, за клубовите и за развојот на македонскиот фудбал,“ истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Официјалното видео од ФФМ може да го прегледате ТУКА
Нека е со среќа!
Спорт
Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.
И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.
Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.
Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.
Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.
Спорт
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.
По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.
1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1
Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.
Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ
1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.
Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!
Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.
🏆 Рибник-Добреноец
🥈 Роденденски Пињати-Кичево
🥉 Клас МК Брод
Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.
-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево8 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника1 ден
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника13 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот