Спорт
Младата репрезентација со последен тренинг во Класвик, Адем вели: Целта е јасна, освојување на три бода!
Младата репрезентација на Македонија денеска го има последниот официјален тренинг во 14. часот пред натпреварот од квалификациите за пласман на Европско 2023 против незгодната селекција на Фарски Острови. Противникот во досегашниот тек од квалификациите освои 4 бода, посебно изненадувачки е одиграното реми на домашен терен против апсолутниот фаворит во групата, селекцијата на Франција.
Играчот за врска на младата репрезентација на Македонија Али Адем со нетрпение го очекува утрешниот натпревар, целта е јасна на сите фудбалери, а тоа е забележување на првата победа во овие квалификации.
-Максимално сме фокусирани на натпреварот со Фарски Острови, со нетрпение го очекуваме утрешниот дуел. Имаме доволно време да се прилагодиме на временските прилики тука, и да се подготвиме што подобро за мечот. Идеме чекор по чекор, верувам во моите соиграчи, имаме квалитет и доколку одиграме како што од нас очекува селекторот, ке ја оствариме целта, а тоа е да се вратиме дома со три бода. Нема да биде лесно, во денешниот фудбал нема слаба репрезентација, истото важи и за нашата група. Фарски Острови е незгодна селекција, поготово кога игра на домашен терен. Играме на мал стадион, со вештачка трева, нема да биде лесно, но ќе дадеме се од себе за да ги освоиме трите бода.
Mакедонија утре со почеток во 15. часот во Класвик игра против Фарски Острови во рамките на групата Х од квалификациите за пласман на Европското 2023 кое ќе се одржи во Романија и Грузија.
Спорт
ФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
Пред денешниот првенствен натпревар помеѓу ФК. Напредок – ФК. Дрита со едно минутно молчење клубовите и управата му оддадоа почит на легендата на ФК.Напредок, Зоран Ѓорѓиоски-Мрско. Доајен на кичевскиот фудбал кој остави небришлива трага за која сите ние кои сме биле некогаш дел од ФК Напредок сме ги почувствувале.
Што се однесува до играта, повторно нашите фудбалери на домашен терен манифестираа важна победа со високи 4:0.
Стрелци на головите беа: М.Зафироски, Осман Исмаили реализираше 2 пати, Ж.Симјаноски сите постигнати во второ полувреме.
И денеска преку нашиот медиум, управата на ФК Напредок упатува голема благодарност до публиката која во секоја утакмица е се побројна и дава голема поддршка на нашите кичевски фудбалери.
Напред НАПРЕДОК!
Спорт
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови
Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.
Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.
Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.
Спорт
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз
Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.
Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.
Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.
Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.
Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.
Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Хороскоп9 часаХороскоп за среда (29 октомври)
-
Магазин2 денаInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин2 денаOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин2 денаMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин2 денаКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон
-
На денешен ден22 часаСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Lifestyle22 часаКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
