Спорт
Младинците на „АП Брера Струмица“ ја освоија титулата во „Купот на Македонија“ против екипата на „ФК Брегалница“

Во финалето на „Купот на Македонија“ на младинци, денеска екипата на „АП Брера Струмица“ ја освои титулата со убедлива победа од 4:0 против тимот на „Брегалница“. Натпреварот се одигра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Првото полувреме заврши со водство за Брера откако Бобан Кузмановски постигна гол во 45. минута. Тој и во второто полувреме беше прецизен, зголемувајќи на 2:0 во 48. минута. Во 56. минута Давид Ристовски ја зголеми предноста на 3:0, а конечниот резултат од 4:0 беше поставен со автогол на Дарко Митев во 83. минута.
По завршувањето на натпреварот, пехарот и медалите им беа врачени на победниците од страна на Ѓорги Христов, технички директор на младинските селекции на Македонија и поранешен репрезентативец.
„ФК Брегалница“ настапи со следниот состав: Мартин Миленковски, Филип Чичев, Ненад Миланов, Алекс Дмитров, Драган Трајчов, Павел Штерјов, Лука Николов, Лука Бојаџиев, Дарко Митев, Бранимир Иванов.
Тренер: Никола Кузманов.
За „АП Брера Струмица“ играа: Спасе Вргов, Андреј Велков, Марио Митрев, Каменчо Андоновски, Мартин Шаренковски, Бобан Кузмановски, Игор Ристов, Давид Ристовски, Здравко Перески, Флориан Рочи, Никола Ангелов.
Тренер: Ѓорѓе Стојчев.
Спорт
(ФОТО) Денес кичевски „ФК Напредок“ оствари нова важна победа на домашен терен

Во рамките на трето коло од трета лига запад, нова победа на „ФК Напредок“ на домашен терен над екипата на „ФК Зајас“ со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Младен Котевски во 10-та минута, со еден маестрално прецизен шут од далечина успеа да го совлада гостинскиот голман, а со тоа да донесе огромна победа на домашниот тим, бодови кои значат многу во понатамошното натпреварување и исполнување на сонот.
Спорт
Слот објави лоши вести: Без Леони една година!

Младиот фудбалер на Ливерпул, Џовани Леони, ќе биде надвор од терените приближно една година поради тешка повреда – кинење на предните вкрстени лигаменти на левата нога, соопшти тренерот на клубот, Арне Слот.
Италијанскиот дефанзивец, кој има само 18 години и летово пристигна од Парма, го запиша своето деби за „црвените“ во триумфот над Саутемптон во Лига купот. Сепак, неговиот настап беше прекинат во 81-та минута поради незгоден пад при еден дуел.
– „Ситуацијата е навистина тешка за него. Повредата е сериозна и ќе мора да паузира околу една година. Тешко е да се пронајде нешто позитивно во вакви моменти, но неговата младост е предност – има време и кариера пред себе по закрепнувањето,“ изјави Слот.
Со неговото отсуство, Ливерпул ќе остане само со три природни централни дефанзивци: Вирџил ван Дајк, Ибрахима Конате и Џо Гомез, барем до отворањето на зимскиот преоден рок.
Во меѓувреме, клубот размислува за можноста во составот за Лигата на шампионите на местото на Леони да биде вклучен крилниот напаѓач Федерико Киеза.
Спорт
Дечињата на „ФК Кичево“ со нов предизвик, меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во конкуренција со реномирани клубови како „Torino, AS Roma, S.S. Lazio, Partizan Belgrade, CSKA Sofia“

Со голема чест и задоволство преку нашиот медиум Ви го најавуваме учеството на нашиот клуб „ФК Кичево“ на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“ во Куманово!
На овој силен турнир ќе настапиме со генерацијата 2014, комбинирана со 2015, во конкуренција со реномирани клубови како Torino, AS Roma, S.S. Lazio, Partizan Belgrade, CSKA Sofia и уште многу академии од цела Европа. 🌍
За нашите фудбалерчиња ова е огромно искуство, можност да се надигруваат со најдобрите и уште еден чекор поблиску до остварување на нивниот сон. Во оваа прилика сакаме да упатиме пофални зборови за управата на овој клуб со кои имаме беспрекорна и плодна соработка, тоа се г-дин Игор и Максим Николаевски, татко и син кои неуморно вложуваат труд и напори дечињата од клубот да одат напред, да се стекнуваат со најразлични нови спортски достигнувања, како клучен фактор за еден здрав фудбалски менталитет.
Напред!
-
Спорт2 дена
(ФОТО) Денес кичевски „ФК Напредок“ оствари нова важна победа на домашен терен
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (28 септември)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за понеделник (29 септември)
-
Македонија17 часа
Жители од струшко неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило и противправно поврзале бакарни жици
-
Временска прогноза54 минути
Почеток на месец октомври ќе се соочиме со ладен зимски бран од исток, проследен со врнежи од дожд, а на високите места снег