Спорт
Младиот дански голгетер Конрад Хардер пред трансфер во Милан?
Данскиот голгетер Конрад Хардер е пред трансфер во Милан. Според најновите информации, неговиот сегашен клуб Спортинг и италијанскиот гигант постигнале договор, па се очекува 20-годишниот напаѓач оваа недела да биде официјално претставен на „Сан Сиро“.
Хардер пристигна во Лисабон минатиот септември како дел од стратегијата на Спортинг да ја обезбеди иднината во нападот по заминувањето на Виктор Џокерес. Иако првично Милан се обидуваше да го донесе Виктор Бонифас од Баер Леверкузен, преговорите пропаднаа поради здравствени проблеми на Нигериецот, што ги натера „росонерите“ брзо да ја свртат својата насока кон данскиот талент.
Како што пренесува новинарот Николо Скира, трансферот ќе му донесе на Спортинг 23 милиони евра плус бонуси, додека Хардер ќе потпише долгорочен договор до 2030 година. Со тоа тој за првпат во кариерата ќе игра во една од петте најсилни европски лиги.
Иако неговото доаѓање е голем плус, Милан во нападот и понатаму ќе го има само Сантијаго Хименез, за кого постои интерес од други клубови. Доколку Мексиканецот замине до крајот на преодниот рок, тоа може да го отвори патот за потенцијален трансфер на Душан Влаховиќ, кој има солидни односи со Масимилијано Алегри и би можел да се најде повторно под водство на својот поранешен тренер.
Конечниот расплет околу напаѓачката линија на Милан ќе биде познат во следните денови, кога и официјално завршува летниот преоден рок.
Спорт
ФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
Пред денешниот првенствен натпревар помеѓу ФК. Напредок – ФК. Дрита со едно минутно молчење клубовите и управата му оддадоа почит на легендата на ФК.Напредок, Зоран Ѓорѓиоски-Мрско. Доајен на кичевскиот фудбал кој остави небришлива трага за која сите ние кои сме биле некогаш дел од ФК Напредок сме ги почувствувале.
Што се однесува до играта, повторно нашите фудбалери на домашен терен манифестираа важна победа со високи 4:0.
Стрелци на головите беа: М.Зафироски, Осман Исмаили реализираше 2 пати, Ж.Симјаноски сите постигнати во второ полувреме.
И денеска преку нашиот медиум, управата на ФК Напредок упатува голема благодарност до публиката која во секоја утакмица е се побројна и дава голема поддршка на нашите кичевски фудбалери.
Напред НАПРЕДОК!
Спорт
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови
Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.
Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.
Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.
Спорт
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз
Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.
Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.
Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.
Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.
Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.
Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (26 октомври)
-
Спорт2 денаФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
-
Хороскоп15 часаХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Култура1 денУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
-
Временска прогноза23 часаОд ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
-
Магазин2 денаВидео и аудио платформата „Јутјуб“ постави нов рекорд во исплати за нивните креатори
-
Магазин3 часаInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин3 часаMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
