Од денес (понеделник) 17 ноември па се до крајот на следната седмица во Македонија и целиот регион ќе бидеме под влијание на низок воздушен притисок односно циклонски систем со центар над Џенова. Токму поради ова од запад во нашата Македонија во вторник ќе се прошируваат обилни врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со засилен повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Локално врнежите ќе бидат проследени и со појава на грмежи а овие процеси би можеле локално да бидат застапени и во форма на невреме.
За време на овој период на повеќе места во Македонија ќе наврне големо количество на дожд и тоа над 50 литри/м³ дожд а локално, особено во западните предели цело купното количество на воден талог ќе изнесува над 100 литри дожд на метар квадратен, локално дури и над 150 литри/м³. Токму поради ваквата ситуација растат условите и за локални поплавувања во текот на следната седмица во Република Македонија.
– Во поширокиот дел од регионот постои опасност од големи поплави во текот на следната седмица. Тоа значи дека локално, особено во соседна Албанија, Косово, Црна Гора, јужна и југозападна Босна како и во делови од Словенија и Хрватска ќе наврне и екстремно количество на дожд (над 200/300 литри/м³ дожд на метар квадратен).
Поради јужното воздушно струење кај нас остануваат натпросечно високите температури на воздухот и во текот на следната седмица, тоа значи дека температурите кај нас ќе бидат без поголеми промени во однос на оние температури кои ги имаме сега, известува Славчо Попоски
Најново: Локално ќе наврнат над 300/400 литри/м³ дожд а во Македонија, особено во западните предели над 100/150 литри/м³ дожд, локално дури и до околу 200 литри/м³ дожд.