Кичево
ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево ве кани на гламурозна модна ревија овој петок со рециклирани материјали „Eco Fashion Show“

Овој петок 17.03.2023 со почеток од 18:00 часот во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се случи најпозитивниот настан оваа година. Благодарение на неуморната работа на сите дечиња, воспитувачите, негувателките и целата управа, ќе се одржи модна ревија со рециклирани материјали насловена како „Eco Fashion Show“.
Преку нашиот медиум од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево со особена чест ве покануваат да присуствувате на овој гламурозен настан и да дадеме заедничка поддршка на сите учесници.
Кичево
(ФОТО) Дечињата од кичевското ООУ Др „Владимир Полежиноски“ со цветни бомби ја најавија пролетта

Во денешната акција дел од учениците од ООУ Др „Владимир Полежиноски“ од Кичево фрлаа цветни бомби низ градот и ги запознаа граѓаните со нивната акција.
Исто така ја посетија и детската градинка „Олга Мицеска“ и ги едуцираа најмалите за важноста на цвеќината врз пчелите.
Група на ученици ги отпочнаа пролетните активности во нивната градина, додека останатите ги исчистија улиците околу учииштето.
Во прилог галерија од денешниот настан на најмилите:
Кичево
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на излез од град Кичево према Македонски Брод на клучката кај с.Србјани.
Од извори на терен пмв „Yugo“ со кичевски регистарски ознаки, поради непознати причини изгубило контрола на движење и излетало од коловозот.
Неофицијално има повредени. На терен се забележуваат екипи на ОВР Кичево, лица од Медицински центар Кичево, додека на помош/интервенција била повикана и ТППЕ Кичево.
Кичево
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ

Вчера на 19.03.2023 година во 20:30 часот, во ОВР Кичево пријавено е дека во зграда лоцирана на улицата „11 септември“ во Кичево, настанал пожар во кој, нема повредени лица.
Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за вторник (21 март)
-
Кичево3 часа
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод
-
Кичево1 ден
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (20 март)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска нова намалена цена на горивата, кај авто-плинот сè уште нема промени..
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Сејдини и Масев ги пречекаа Адеми и Ристовски, кои од вечерва се приклучуваат на А тимот за првиот предизвик в четврток
-
Временска прогноза22 часа
Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!
-
На денешен ден12 часа
На денешен ден – 21 март | Денес и официјално започнува пролетта, а бележиме и ден на Екологијата..