Спорт
Момчињата на Милевски ја потопија Бугарија со 5:1
Репрезентацијата на Македонија до 21 година славеше убедлива победа од 5:1 против соодветната селекција на Бугарија во последниот натпревар од меѓународниот турнир „Анталија Куп 2021″.
Нашите фудбалери одиграа одличен натпревар, доминиравме во сите аспекти од играта, противникот беше во целост надигран, сосема заслужена и убедлива победа.Во првите 45 минути Македонија постигна два гола. Марио Илиевски во 15 минута го отвори резултатот. На 2:0 зголеми Гроздановски во 30 минута.
Во продолжението избраниците на селекторот Благоја Милевски постигнаа уште три погодоци. Најпрвин противникот успеа да го намали резултатот на 2:1. Во периодот од 65 до 75 минута Максимов постигна два погодоци. Убедливата победа од 5:1 ја запечати Калкан во 80 минута од средбата.
„Одигравме три добри и тешки натпревари, полека но сигурно влегуваме во посакуваната форма. Од меч во меч игравме се подобро, што резултираше на крајот со убедлива победа над Бугарија. На првата средба против Казахстан имавме малку потешкотии и неколку грешки , но тоа го поправивме на следните натпревари. Лично сум задоволен од тоа што го покажав во овие три натпревари, секогаш е чест да се носи дресот со државен грб. Тука се и моите соиграчи кои ми помагаат многу, сепак фудбалот е колективна игра и за успех не е доволен само еден играч. Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата, односот со селекторот е на едно високо ниво, секогаш треба да се слуша и почитува неговиот збор. Оваа репрезентација има квалитет и се надевам дека сите заедно во иднина ќе можеме да се радуваме на многу победи.”, вели капитенот на Македонија, Дарко Чурлинов.
МАКЕДОНИЈА до 21: 1. Давид Денковски, 3. Филип Антовски, 4. Марио Младеновски, 6. Александар Ѓурковски, 7. Агон Елези, 8. Енис Фазлагиќ, 10. Дарко Чурлинов, 14. Марио Илиевски, 17. Филип Алексовски, 20. Томче Гроздановски, 25. Арби Воша;
Меѓународниот контролен турнир во Анталија, нашата селекција го заврши со по една победа, пораз и нерешено. Во првото коло бевме поразени од Казахстан со 2:1, одигравме нерешено 2:2 против Словачка, а сигурна и убедлива победа од 5:1 издвојувавме над Бугарија.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево13 часаСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево1 денПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза12 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Култура2 денаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија1 денЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (18 декември)
-
Македонија14 часа„Од народ, за народ“: До сите градови, во тек е шестата најмасовна хуманитарна акција – „Пакетчиња за сите дечиња“, радувај се на новогодишната магија!
-
Кичево6 часа(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
