Македонија
МВР демантира дека изгубеното девојче е пронајдено во соседна држава и апелира да ме се шират невистини!

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени на порталот „Курир“ дека 14-годишната В.Ѓ., за која на 27 овој месец беше пријавено дека исчезнала, наводно е пронајдена во соседна држава.
Станува збор за комплетно лажна вест во која непознатиот автор се повикува на наводни „извори од истрагата“, а притоа со Одделот за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи воопшто не ја направи задолжителната проверка на наводите, и покрај бројните апели и од страна на полицијата, и од страна на родителите на малолетничката да не се пласираат дезинформации со кои само може да се наштети на истрагата.
Како што МВР редовно информираше деновиве, за решавање на случајот и пронаоѓање на лицето е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Податоците за исчезнатото лице на 28.11.2023 во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол.
Истрагата продолжува интензивно и се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање нз лицето.
Министерството за внатрешни работи, согласно законот, бара веднаш да биде објавен овој демант, а невистинитиот текст секаде каде што е објавен да биде повлечен. Во спротивно ќе ги користи сите законски расположливи средства кои стојат на располагање.
Воедно, апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.
Македонија
Возел мотор со 2,02 промили алкохол во крвта и удрил деветгодишно дете

На 12.06.2025 во 17.30 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш. Во 14.45 часот на крстосница од ул.„Плачковица“ и ул.„Мирче Ацев“ во Радовиш, управувајќи мопед „томос“ со 2,02 промили алкохол во крвта, тој удрил во деветгодишно девојче од Радовиш, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Радовиш.
Лицето било задржано во полициска станица, а увид извршила увидна екипа на ОВР Радовиш.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
Македонија
МВР: Бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција, се преземаат мерки за нивно отстранување.
Ве информираме дека во функција е бројот 112 и граѓаните кои имаат потреба можат да го користат овој број, информираат од МВР.
Македонија
Бигорскиот Манастир преку соопштение упати срдечни честитки на новоизбраниот Митрополит и молитвени благопожелби за богоблагословено архипастирско служење

На денешната редовна седница на целосниот состав на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, за нов митрополит на овдовената Дебарско-кичевска епархија беше избран Високопреподобниот игумен о. Георгиј.
Почитувајќи ја одлуката на Светиот синод, нашето монашко братство, предводено од Старецот, Епископот Антаниски г. Партениј, му упатува срдечни честитки на новоизбраниот и молитвени благопожелби за богоблагословено архипастирско служење, исполнето со просветление, мудрост и пожртвувана љубов кон Христовото словесно стадо.
Наречението на новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски ќе се изврши на 12 јули 2025 година, на Петровден, во храмот „Св. Климент Охридски и Св. Пантелејмон“ на Плаошник, а епископската хиротонија и интронизацијата за Митрополит Дебарско-кичевски ќе се изврши на 13 јули 2025 година, на Павловден, во Соборниот храм на Охридските архиепископи „Св. Софија“ во Охрид.
Целото соопштение прочитајте го ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (13 јуни)
-
Македонија2 дена
Бигорскиот Манастир преку соопштение упати срдечни честитки на новоизбраниот Митрополит и молитвени благопожелби за богоблагословено архипастирско служење
-
Спорт4 часа
Македонија до 14 години ќе одигра два контролни натпревари против Албанија, кичевчаните Матески и Димоски ќе бидат на списокот на селекторот Станковски
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (14 јуни)
-
Македонија15 часа
Возел мотор со 2,02 промили алкохол во крвта и удрил деветгодишно дете
-
Скопје1 ден
Пожар на депонија е причината поради што нема електрична енергија во Општина Аеродром
-
Македонија1 ден
МВР: Бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција
-
Македонија2 дена
Започнува Ипа вело викендот „На точак, Охрид и Струга да видам“ и рекреативна вело тура Охрид-Струга-Радожда