Македонија
МВР денес спроведе акција со обвинители на ГОКК во Битола, Неготино, Кичево, Велес и Скопје
Денеска (10.12.2024) беше спроведена координирана полициска акција под директно раководство на двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција , при што се извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на Битола, Неготино, Кичево, Велес и Скопје. За време на акцијата обезбедени се голем број материјални докази (документација), а кај три лица пронајдени и одземени се околу 130.000 евра. Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-СКИ -Единица за корупција во соработка со Управата за финансиско разузнавање до ОЈО за ГОКК поднесена е кривична пријава против 23 физички лица и два правни субјекти и тоа: В.К. (55), В.С. (57), А.М. (44), П.М. (46), Н.С. (48), М.С. (45), Д.С. (43), М.Ј. (35), П.Ч. (46), Д.С. (59), З.Н. (58), С.М. (63), М.В. (58), В.М. (61), З.А. (38), Д.Ч. (47), Д.С. (48), С.К. (53), С.М. (54), Н.Н. (35), П.С. (69), М.С. (54), Р.С. (42), потоа правно лице од Неготино, како и правно лице од Скопје. Од нив, 21 лица се лишени од слобода, а за две се преземаат мерки за пронаоѓање.
Притоа пријавениот В.С. во својство на генерален директор на АД ЕСМ, Н.С.- поранешен директор во АД за производство на електрична енергија ТЕЦ Неготино, Д.С.- поранешен директор на комерцијални работи во АД ЕСМ и поранешен директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ и П.М.- поранешен вд директор и директор на Подружница РЕК Битола во АД ЕСМ во текот на 2023 и 2024 година во Неготино, Битола, и Скопје организирале група која имала за цел вршење на кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“ од чл.275-в од КЗ, „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл.353 од КЗ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ од чл.273 од КЗ . Во текот на 2023 и 2024 година на оваа група и се приклучиле осомничените М.Ј.- управител на правно лице од Скопје, П.С., управител на правно лице од Велес, М.С.- управител на правно лице од Неготино, М.С.- сопственик на правното лице од Неготино, Р.С.- сопственик на правното лице од Неготино, со намера да прибават за себе или за друг имотна корист од поголеми размери или да предизвикаат штета од поголеми размери.
Кривично пријавените свесно ги повредиле прописите на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, со договарање со други можни учесници заради изигрување на постапката за доделување на договори за јавна набавка, организирале пререгистрација на правни субјекти во нивна сопственост, се договарале како учесници во постапката за доделување на договори за јавна набавка во АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и подружница РЕК Осломеј да се јават правните лица од Скопје и Неготино и да ја изиграат постапката за доделување на договори за јавна набавка. Дел од организаторите и припадниците на злосторничкото здружение, со намера да прибават за себе или за друг значителна имотна корист не ја извршувале својата службена должност како службени лица вработени во АД ЕСМ Скопје, Подружница РЕК Битола со што овозможиле пријавеното правно лице од Скопје да го добие договорот за јавна набавка за набавка на адитиви против формирање на згура/троска при согорување на јаглен во котел, адитив RPT 601, 190.000кг. за потребите на РЕК Битола и 120.000кг. адитиви RPT 602 за потребите на РЕК Осломеј и да се стекне со имотна корист од големи размери во вкупен износ од 397.636.400 денари. Пријавените како организатори на злосторничкото здружение и пријавените припадници на злосторничкото здружение во Битола, Неготино и Скопје, во периодот од месец октомври 2022 година до месец јули 2024 година пуштиле во оптек, примиле пари и извршиле пренос на пари со намера да го прикријат нивното движење и подигнале пари во готово, а за кои знаеле дека се прибавени со кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“ од чл.275-в од КЗ, за јавноста и медиумите известуваат од Министерството за внатрешни работи.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Спорт1 денКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Магазин2 денаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (6 декември)
-
Lifestyle2 дена(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Временска прогноза2 денаВрнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
-
Временска прогноза15 часаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Хороскоп3 часаХороскоп за недела (7 декември)
-
Македонија1 ден„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
