Македонија
МВР: Фатен бегалец од затвор осуден на казна од 23 години
На 10.01.2025 околу 18.30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги, по претходно преземени оперативни мерки, на ул.„Бапчор“ во Скопје лишен од слобода е А.С. (44) од Анкара, Турција. кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Турција поради бегство од затвор во Турција. А.С. е осуден на казна затвор во траење од 23 години, еден месец и 15 дена за сторени кривични дела измама и навлегување во компјутерски систем, а за доиздржување има 18 години, девет месеци и 13 денови. А.С. е предаден на надлежниот суд, за понатамошна постапка околу екстрадицијата во Турција, известуваат од МВР.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Спорт2 денаКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Магазин2 денаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (6 декември)
-
Lifestyle2 дена(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Хороскоп7 часаХороскоп за недела (7 декември)
-
Временска прогноза2 денаВрнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
-
Временска прогноза18 часаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Македонија2 дена„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
