Следете не

Македонија

МВР ги подбра возилата кои движат без атест на фолии

Објавено пред

на

Во периодот од 01.11.2023 до 30.11.2023  Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.

При контролата санкционирани се 159 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакна МВР.

Македонија

Важно известување од Мин.за здравство за претстојните денови

Објавено пред

на

Од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека на 11.06.2024 (вторник) и 12.06.2024 година (среда), територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза.

Владата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението за територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран, за деновите 11.06.2024 (вторник) и 12.06.2024 година (среда), согласно коишто е предвидено:

➡️ Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години;

➡️ Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

➡️ Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица;

➡️ Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Дополнително, информираме дека територијата на Скопскиот и Вардарскиот регион на 11.06.2024 и 12.06.2024 година ќе биде зафатена од високи температури од жолта фаза (алерт – подготвеност) и во продолжение потсетуваме на општите препораки за заштита на здравјето:

➖ Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

➖ Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце заштитни очила и капа. За сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.

➖ Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. Воедно, да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.

➖ При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови и пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. Се препорачува да се избегнуваат производи кои не се термички обработени.

➖ На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Министерството за здравство заедно со Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството, во континуитет и на дневна основа ја следат состојбата и доколку има пораст на температурите согласно најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе бидат предложени соодветни превентивни мерки.

Извор: Интегрален текст на Мин.за здравство (Фејсбук)

Прочитај повеќе...

Македонија

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Прилеп-Крушево-Сладуево поради градежни активности

Објавено пред

на

Од денес на сила стапува времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600.

Заради тие активности, од денес 07.06.2024 год, сообраќајот веќе се одвива според одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај, известуваат од АМСМ.

Прочитај повеќе...

Македонија

Бензинот од ноќеска со намалена цена, дизелот останува не променет

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,00 ден/лит,

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,00 ден/лит и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,209 ден/кг.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп49 минути

Хороскоп за недела (16 јуни)

ОВЕН Нови можности се на повидок и шанса за подобрување на вашата финансиска состојба. Иновациите кои ги изнесувате ќе бидат...

Временска прогноза4 часа

Во понеделник и вторник можно е краткотрајно невреме со пороен дожд

По стабилниот, сончев и сув викенд, во понеделник и во вторник во попладневните часови во Македонија ќе има изолиран развој...

Магазин13 часа

Adobe ги зголеми изгледите за оваа година, акциите скокнаа за 15%

Американската софтверска компанија Adobe ги зголеми очекувањата за деловните резултати за 2024 година, откако се поголем број корисници почнаа да...

Гејминг13 часа

Microsoft Flight Simulator 2024 излегува на 19 ноември

Microsoft Flight Simulator 2024 доаѓа на Xbox и PC на 12 ноември. Следниот дел од легендарната франшиза ќе вклучува возење...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (15 јуни)

ОВЕН Неочекувани препреки ќе излезат неочекувано на вашиот пат. Но немојте да паничите. Тоа не е лоша среќа, само потсетување...

Временска прогноза1 ден

Метео анализа за лето 2024, пред нас пеколни горештини но и временски непогоди, ова се информациите

Со оглед на тоа дека летото сеуште календарски не е започнато, а од друга страна веќе се соочивме со првиот...

Lifestyle2 дена

Се почесто се појавуваат комарци и крлежи. Еве како да се заштитите ова лето

Комарците и крлежите можат да пренесат векторски болести кои се пренесуваат и се почесто се појавуваат. Лајмската болест е заразна...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (14 јуни)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Магазин2 дена

Никогаш не би погодиле: Дали знаете што значи зборот „Google“?

Google е основан во 1998 година од компјутерските научници Лари Пејџ и Сергеј Брин – но дали знаете што всушност...

Магазин2 дена

Apple објави нова листа на застарени уреди

Apple објави нова листа на уреди за кои ја прекинува поддршката. Меѓу нив беа iPhone 5S, 21,5″ iMac и шестата...

НАЈЧИТАНИ