Македонија
МВР го лиши од слобода осомничениот за одземање на медицинското возило од Кочани
По преземени мерки и активности, на 03.12.2022 во 15.40 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Н.(18) од Кочани, поради основи на сомнение дека од кругот на болницата во Кочани одзел возило на Итната медицинска помош Кочани.
Како што веќе информиравме, по преземени мерки и активности, возилото било пронајдено во 08.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош.
Исто така, по преземени оперативно – тактички мерки расчистени се и кривични дела „тешка кражба“ на компјутер и „одземање моторно возило“ „опел корса“, извршени претходно. Во службен разговор во полициска станица Д.Н. ги признал дела, а одземените компјутер и возило „опел корса“ биле пронајдени и вратени на сопствениците.
По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави
Извор: МВР
Македонија
Апел од Бигорски Манастир до сите гости кои ќе бидат присутни на најсветите мигови на Христовото Воскресение
Во пресрет на најсветите мигови на Христовото Воскресение, и најголемата радост која му се случува на човечкиот род, свештената Бигорска обител испраќа апел до сите верни што вечерва ќе земат удел во Пасхалната богослужба, да се воздржат од користење на мобилни телефони за време на службата. Сликањето со мобилни телефони го уништува молитвениот амбиент и ја одзема духовната димензија на богослужбата, претворајќи ја во евтина атракција, подобна на световните настани и манифестации. Затоа во тој контекст, би ви биле благодарни доколку и самите ја согледате штетноста на оваа, во последно време доста актуелна навика и во иднина ја отфрлите. На тој начин и вие ќе имате поголема полза од богослужбата, а и на верните околу вас ќе им овозможите со поголем мир молитвено да учествуваат во неа.
Уште еднаш апелираме да се почитува светоста на богослужбата, да не се фотографира со мобилни телефони, затоа што манастирот си има свои официјални фотографи и сите ќе имате можност подоцна да видите фотографии од тие благодатни моменти, што не би ги ни доживеале доколку во рацете држите мобилни. Надевајќи се дека ќе го почитувате овој апел, на сите ви посакуваме Добра Пасха
Известуваат од Бигорскиот Манастир во пресрет на најсветиот празник
Македонија
СВР Охрид: Презема мерки за наоѓање на сторители, кои по телефон вознемирувале граѓани за случени сообраќајки на нивни блиски
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои деновиве, преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, лажно претставувајќи се, вршат измами за случени сообраќајни незгоди во кои, наводно, жртви или тешко повредени биле членови на нивните семејствата или други нивни роднини.
Со тоа создаваат огромна вознемиреност кај граѓаните, а целта на овие измами е да изнудат пари за наводна помош при понатамошната постапка.
– Апелираме до граѓаните, да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 112 или лично во најблиската полициска станица, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Денес е 1-ви мај, меѓународен ден на трудот, некои велат ден произлезен од традициите на работничкото движење
1-ви мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата.
Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права, всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.
Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Се до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа. Скоро секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто зелени прекрасни ливади покрај вода каде населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот.
Слично како и кај нас така и во други европски држави овој ден се прославува во природа покрај логорски оган на кој се спрема скара или некое друго јадење. Во некои земји во Северна и Централна Европа, во природа се излегува ноќта спроти Први мај (Валпургина ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта покрај запалените огнови.
За разлика од ваквото празнување, кое има корени во паганското чествување на природата, во некои држави работничките синдикати организираат масовни протести на кои се истакнуваат нови барања за подобрување на работничките права при што често пати има и судири со полицијата.
Кај нас тоа е само симболично, што е одраз на традициите и културата на славање на овој празник како и на нивото на зрелоста на синдикалната организација.
-
Хороскоп1 ден
Празничен Хороскоп за недела (5 мај)
-
Македонија1 ден
Апел од Бигорски Манастир до сите гости кои ќе бидат присутни на најсветите мигови на Христовото Воскресение
-
Кичево16 часа
(ГАЛЕРИЈА) Кичевчани и оваа година од сите страни на градот беа за Велигден во храмот Св.Петар и Павле – „Христос воскресна“, „Навистина воскресна“
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Кичевската полиција реализираше турнир во мал фудбал по повод „7-ми Мај, Ден на Македонската полиција“
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за понеделник (6 мај)
-
Култура1 ден
Радувајте се! Христос Воскресна – Навистина Воскресна !!!
-
Свет7 часа
Внимавајте! Новиот „android“ вирус наречен „Brokewell“ може да пристапи до вашите банкарски сметки?
-
Култура2 дена
„Велика Сабота“ – денот меѓу смртта и воскресението, денот што ги спојува распнувањето и радоста, последни подготовки пред најголемиот празник „Велигден“