Македонија
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.
Македонија
Уапсени сопственици на локали кои не почитувале денови на жалост и пуштале музика

На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик.
Во текот на вчерашниот ден во угостителски објекти каде тие се одговорни лица била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост.
Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и одговорните лица се лишени од слобода, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави во врска со чл. 387 од КЗ, информира МВР.
Македонија
(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот

Огромна огнена стихија настана во Струмица, потточно во реонот помеѓу месноста Софилар, Градски гробишта и Баница. На три страни се распламтува пожарот. Како што се наведува во изворот, ТППЕ Струмица се вече на терен, но ветерот прави дополнителен проблем, пишуваат колегите од Радио „СтрумицаНет“.
Видео во прилог:
Првиот човек на град Струмица, Костадин Костадинов предмалку излезе со свој натпис на социјалната мрежа и вели:
– Предмалку го локализиравме пожарот на струмичка страна и повеќе нема опасност за куќите во Баница. Благодарност до екипата на ТППЕ и секој струмички пожарникар и до сите кои се вклучија во гаснењето. Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат.
Македонија
Министерството за здравство: „Ги следиме потребите на локалното население во Кочани, зајакнати се медицинските тимови и се на терен“

Министерството за здравство е во постојана комуникација со кочанската болница и ги става на располагање сите расположливи ресурси според потребите на локалното население, особено денес, за време на погребот.
Во соработка со Клиниката за психијатрија, испратени се специјалисти психијатри за поддршка на граѓаните во овие тешки моменти. Во соработка со здравствените установи и Црвен крст е организирано и засилено присуство на медицински тимови, кои се достапни во текот на денешниот ден.
Министерството за здравство останува во комуникација со сите засегнати страни, постојано ги следи потребите на локалното население и реагира соодветно на барањата на граѓаните. Апелираме за внимателно и етичко информирање во овие моменти на жалост, со емпатија, хуманост и солидарност.
Апел и за проверка на информациите со надлежните институции, бидејќи неточното информирање може да предизвика дополнителна вознемиреност.
Министерството за здравство повторно изразува благодарност до сите поединци и субјекти, како и здравствените работници од државава и странство што го даваат својот максимум за соодветно справување со овој предизвик, преку интегрално соопштение истакна Министерството за здравство.
-
Македонија14 часа
Уапсени сопственици на локали кои не почитувале денови на жалост и пуштале музика
-
Кичево2 дена
Со едногласна одлука советот на Општина Кичево изгласа финансиска помош за настраданите во Кочани
-
Македонија1 ден
(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот
-
Временска прогноза1 ден
Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд
-
Култура17 часа
Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови
-
Спорт1 ден
Македонската фудбалска репрезентација утре стартува со првиот меч во квалификациите за СП 2026, Милевски се надева на победа со која ќе се продолжи серијата позитивни резултати
-
Lifestyle2 дена
Оревите за појадок – тајната за здравје и брзо слабеење
-
Магазин2 дена
Рецепт од нашите баби: Како да направите домашно кисело млеко?