Македонија
МВР и РСБСП денес беа помеѓу граѓаните на автопатот „Пријателство“ и реализираа превентивна акција „Вози одморен“
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2022/08/dsc_5187-scaled.jpg)
Денеска на автопатот „Пријателство“, на првата наплатна рампа до граничниот премин Богородица, Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност продолжија со превентивната акција „Вози одморен“. Заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни несреќи во летниот период, а овие превентивни активности се главно насочени на делницата од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица, каде во летниот период особено се зголемува бројот на возила што поминуваат преку овој коридор. „РСБСП, МВР и Факултетот за безбедност – Скопје продолжуваат со активности од летната кампања „Вози одморен“.
Потсетуваме дека обврска на возачите е да бидат максимално подготвени, одморени и концентрирани кога управуваат возило, да се прилагодат на условите на патот и да ја провераат техничката исправност на возилото. Затоа упатуваме апел да се почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, возачите да ја почитуваат препорачаната брзина, да не возат под дејство на алкохол, да не го потценуваат заморот, да го планираат времето за патување, да прават почести паузи за одмор надвор од моторното возило, да патуваат одморени и наспани. Возете одморени, возете безбедно!“, рече претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска.
Портпаролот на МВР потенцира дека возачите не смеат да го потценуваат заморот, затоа што тоа може да има фатални последици. Токму поради тоа и се реализираат ваквите превентивни активности, за да се потсетат возачите на можните последици од непочитувањето на правилата. „Подобрувањето на безбедноста во сообраќајот е императив за нас. Министерството за внатрешни работи таа посветеност ја демонстрира во изминатите неколку години, кога како резултат на превентивните кампањи и засилените акциски контроли постојано имаме намалување на бројот на жртви на сообраќајниците. Минатата 2021 година има 116 жртви и тоа е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а податоците од првите седум месеци во 2022 година покажуваат дека и оваа година продолжува трендот на намалување на бројот на жртви во сообраќајните несреќи.
Во првите седум месеци од 2022 година има 61 жртва, што е за 19 помалку споредено со истиот период лани, кога имало 80“, рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
/МВР
Македонија
Среќен роденден за нашиот непреболен ангел, најголемата македонска ѕвезда, наш Тоше Проески, вечна слава!
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2022/01/tose-.png)
Денес 25.01.2025 изминуваат 44 години од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој со својот огромен талент, позитивна енергија која зрачеше од миг во миг и секогаш со љубов за сите.
Уметникот кој докажа дека музиката нема граници и човекот кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжителна особина.
Нашиот Тоше позади себе остави вечни подароци од ноти кои никогаш нема да се заборават, ни подари љубов и не научи на убавината во секој ден и секој човек.
И овој 25 јануари ќе биде во знакот на многупати повторуваната реченица: „Тоше има само ден на раѓање”.
Вечна слава ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!
Македонија
Мигрантите не запираат на ГП „Богородица“, овој пат приведено лице од Турција во својство на превозник, уапсени лица од Египет и Сирија
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/12/granicna-policija-mvr.jpg)
На 24.01.2025 во 02.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го лишиле од слобода Ј.Т.(36) од Република Турција, поради тоа што околу 01.30 часот бил забележан како со патничко возило „нисан кашкаи“ со скопски регистарски ознаки превезува мигранти, петмина од Египет и едно лице од Сирија. При даден знак од полициските службеници, Ј.Т. не застанал, но по преземени мерки возилото е сопрено во близина на клучката Прдејци кон селото Кованец, гевгелиско.
По целосно документирање на случајот против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар „Винојуг“ за понатамошна постапка, истакнаа од МВР.
Македонија
На гранична линија со Грција приведен 23-годишник од Бангладеш, фатен бил со група од осум мигранти од Непал
![](https://porta.mk/wp-content/uploads/2024/12/granicna-policija-mvr.jpg)
На 21.01.2025 во 00.20 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода А.Н.(23) од Бангладеш, кој водел група од осум лица мигранти од Непал.
Мигрантите се сместени во Прифатно транзитен центар Винојуг, а против А.Н. е поднесена кривична пријава, по што од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје му е изречена мерка притвор во траење од осум дена, информира МВР.
-
Кичево2 дена
Поради загадениот воздух во Кичево, издадени важни мерки и препораки од Министерството за животна средина и просторно планирање
-
Lifestyle2 дена
Кардиолозите предупредуваат: Ова е најштетниот вид кафе за вашето срце
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за сабота (25 јануари)
-
Спорт2 дена
(ФОТО) Доаѓаат големи работи, дијамантот Елмас на маса со Пандев и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, за плановите во иднина
-
Lifestyle2 дена
Внимателно со киселата зелка: Кои се ризиците за здравјето?
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (24 јануари)
-
Македонија19 часа
Мигрантите не запираат на ГП „Богородица“, овој пат приведено лице од Турција во својство на превозник, уапсени лица од Египет и Сирија
-
Социјални мрежи15 часа
Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари